Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    606
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Па најнормално, шо е финтата мене онде да ме јадат гладни песој, си одам по улица ми излегуваат 100 гладни песој, и толку на еден ако е глуп да ми залај 100 песој ми се фрлат мене. Нека си се испиват , или нека ги носат негде нека ги сместат , пример битола во золошката како што ги чуваат така нешто.

Не, не и не!!!!:nenene:
Зошто сакаш да те јадат по улица. ??
 

FlOwEr gIrL

ҳҲҳlove my sunshineҳҲҳ
Член од
8 август 2008
Мислења
344
Поени од реакции
13
Не ме јадат по улица си го имам на ти го дај ми го со кучињата, можеби зошто ги обожавам и не се плашам:smir:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Не ме јадат по улица си го имам на ти го дај ми го со кучињата, можеби зошто ги обожавам и не се плашам:smir:

Ок пример одам по улица со храна нешто месо носам и песојте толку им треба да ми се фрлат лом да ме напрат. Како и да е не е добро да има песој скитници по улици.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.800
Поени од реакции
1.520
Јас веќе пишав до Владата и до град Скопје дека според мене успивањето на кучињата е најдоброто што може да се направи. Не знам дали сте свесни колкави хипокрити ве прави ваквото залагање против „масакрот на кучињата“, во држава каде пола од населението ќе прогладува поради невработеност или ниски примања. Можеш да се палкаш по тоа што ќе рече Фуере или амбасадорката на Холандија или кој и да е друг, ама останува дека сите тие после завршување на мандатот ќе се вратат во своите нормални држави каде имаат време да се занимаваат со кучиња. Од друга страна, кај нас ќе правиме фешти со кучиња, мачки и полски глувци наместо да гледаме да се ослободиме од тој проблем и да си го подобриме нашиот живот.
Земи убиј се околу тебе да ти биде мирна главата...
Убиј ги и комшиите...

Шо ти се кучињата криви што прегладувала државата, знаеш ли што зборуваш или само сакаш да звучиш интелигентно (а не звучиш)?

Инаку и мене ме имаат нападнато кучиња скитници (и питоми исто), но никогаш не би го убил, повеке ги сметам за злобни луѓето што сакаат да ги убијат нив.

Постојат и други решенија, не трчи одма да убиваш...

колку само за инфо,да не бидам ептен куче-мразач...имам у куќата куче...и не би го фрлил/убил/продал за ништо...:helou:
...само ке му ги испотепаш сите другари, мајка му, татко му, и братучедите.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Филозофка најди вакви слики од Македонија мори:uvo:
Најди кај што куче изгризало дете по улиците низ Скопје.
Низ светот се постои, како што постојат агресивни кучиња со беснико така и ке има нападнати но кај нас НЕМАЛО.
Сакаш јас да ти најдам напади, грабежи, убиства од бездомните луѓе во светот?па ке видиме кој ке има повеќе линкови:tapp:

Сега прочитав за Дивне и кученцата. Кучка што НИКОГАШ нема некој да нападне сакале да ја убијат. Тоа е идиотизмот кај луѓето.
Исти случај е и со кучето што го ранев и што беше препремирно но го убија.
Вчера баш се доближував до секое бездомно куче и ниту едно не ми залаја а камоли нападне, го галев секое куче што беше и ниту едно не ме касна. Кога ги гледав како се играат, како сакат да се галат очите ми се полнеа со солзи знаејки дека наскоро и нив ке ги убијат:cry:
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Филозофке ова ти се напади на домашни кучиња,пит бул не е улично куче!

Не биди Хитлер,нека се успијат агресивните кучиња,ама другите зашто да се успијат кога се плашат од луѓе?А Филозофке?
 
А

Ајсшутер

Гостин
Филозофка најди вакви слики од Македонија мори:uvo:
Најди кај што куче изгризало дете по улиците низ Скопје.
Низ светот се постои, како што постојат агресивни кучиња со беснико така и ке има нападнати но кај нас НЕМАЛО.
Сакаш јас да ти најдам напади, грабежи, убиства од бездомните луѓе во светот?па ке видиме кој ке има повеќе линкови:tapp:

http://217.16.70.245/?pBroj=1825&stID=39542&pR=15
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=212&ArticleID=10028
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=85548&idg=5&idb=1293&rubrika=Skopje
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1330&stID=2147477393
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4ED5A356FD74E040962CEFA3D89B9DBE
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=4BA54E26E67A45488AE958AFB4D8B7B7&arc=1
http://217.16.70.245/?pBroj=2017&stID=63158&pR=12
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1430&stID=2147479545

Уште треба случаи во Македонија не во светот ?
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Никој не знае каде се пријавуваат напади од кучиња

ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ ПРОГЛАСИЈА ЗА НЕНАДЛЕЖНИ
http://www.milenici.com.mk/forum/index.php?topic=997.0

Во Македонија не се пријавуваат нападите од кучиња иако ги има во голем број но еве колку напади има во Романија

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во престолнината на Романија каде што живеат 2,2 милиони жители, има околу 300.000 кучиња скитници. Тие се излежуваат пред знаменитостите на градот, дури и пред влезот на парламентот. Се врткаат пред влезовите од станбените згради. А кога ќе се соберат во глутници и ќе почнат да лаат, и д-р Дулитл би го извадиле од памет. Секоја година 23.000 жители на гардот се жртви на напади на кучиња, велат од ветеринарните служби во Букурешт.На 1 март, цела легија на шинтери ќе излезат на улиците и ќе ги отстрануваат скитниците од улиците. Акцијата ќе трае со месеци поради големиот број на кучиња. Кучињата ќе ги чуваат 10 дена и ако никој не ги побара, ќе бидат усмртени. Оние кои ќе ги побараат, ќе бидат стерилизирани, исчистени од вошки и ќе бидат предадени на сопствениците, под услов тие да прифатат целосна одговорност. "Не постои други решение", вели Басеску, кој за оваа акција од буџетот издвои 17,5 милиони долари. "Кучето треба да се чува како дете. Некој мора да преземе одговорност да го храни, да го чува, да го вакцинира, но исто така да му даде дом".
"Се плашам од беснило, и ако се појави еден случај меѓу кучињата, тоа ќе биде голема закана за здравјето на луѓето", вели Ливиу Харбуз, ветеринарен советник на градоначалникот и премиерот на Романија. Меѓутоа, досега не било забележано беснило кај кучињата во Букурешт. Харбуз вели дека во ниеден европски град , па дури и во Франција на Бардо, не се толерираат кучињата скитници. Секоја година речиси 100.000 Романци се жртви на напади од кучиња, а не мал дел од нив имаат потреба и од хируршка интервенција. Но досега немало смртни случаи како последица од напад на кучиња.
Романската политичка елита која мора да прескокнува кучиња за да влезе во зградата на парламенот црсто го поддржуваат градоначалникот. Премиерот Адријан Настасе вели дека расчистувањето на кучињата е многу значаен фактор за цивилизирање на градот. "Французите не можат за Букурешт да велат дека е валкан град, а потоа дозволуваат Брижит Бардо да доаѓа овде и да ги брани кучињата", вели Настасе.
Кучињата обично се хранат чепкајќи по ѓубрињата, но и граѓаните често ги хранат. Но, сега според анкетата спроведена од еден весник, 70 отсто до граѓаните го поддржуваат проектот на градоначалникот. Во една од населбите во источен Букурешт е јасен ваквиот став. Таму околу станбените згради може да се видат кучиња како мирно се излежуваат на зимското сонце. Но кога ќе се појави некое друго куче или ако нешто ги вознемири, сите кучиња срипуваат и почнуваат да лаат. Сега во зима, жителите велат дека звучат како гладни волци..
"На човек му е страв да излезе од дома". Пред две недели кога Станиов (76) излегла до продавница, ја опколиле три кучиња, а едно дури и ја каснало. Нејзиниот син и внук исто така биле нападнати од кучињата. Додека зборува за проблемот, тука минуваат соседите кои ги креваат ногавиците од панталоните за да ги покажат белезите од заби. "Сите сме испокасани", вели Вирџинија Бранзов (46), "Ова веќе не се издржува".
[/FONT]
:nenene::nenene::nenene:
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Филозофка, како не ти е срам.
Каква ти е идејата со поставувањево на овие слики?
Каде е тука другата страна на приказната?
Под кои услови се случило ова? Какви биле кучињата што нападнале? Кој ги направил такви?
Колку слики ти се потребни да ти извадам од интернет од грозоотиии што ги направиле луѓето?
Да, мислам дека луѓето се најголеми ѕверови во природата според она до сега што го имаат направено а и што секојдневно го прават.
Да, мислам дека на планетава ќе биде поубав животот без луѓе, но никогаш не би се осмелил да повикам да се испоубијат сите.
На истово мое напишанао, на истава тема на еден друг форум, ми реплицираа да почнам од себеси (со истребувањето на човечкиот род) и после што?
Еве да ги истепаме сите кучиња скитници (и здрави и болни) да ги истепаме и тие што ги сакаат кучињата и што си вдомиле по некое, да ги истепаме и мачките скитници па и по некое друго животно што залутало во градот, сум видел и ежиња и верверички не е проблем има животни кои се ОПАСНОСТ невидена.:uvo:
Кажи ми Филозофке, а и сите останати што толку ладнокрвно повикувате на убиство дали тогаш ќе бидете СРЕЌНИ и весели.

ПС. Ги заборавив птиците. Па немате појма колку ме нервира кога ќе ми ја искакаат колата. Нив прво треба да ги убиеме. Од утре сите по една воздушна и да се исчисти градот од тие гнаси. :uvo::uvo::uvo::uvo:
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Кучињата напаѓаат за разлика од птиците мачките, и останатите животни кои ги наброја со цел да ми ги испревртиш зборовите,јас не ги осудувам и не сакам да се истребат сите кучиња, јас не сакам ни едно куче да биде убиено, само сакам да ги тргнат од улица зошто на улица не им е местото, нигде во ЕУ нема толку многу глутници на кучиња како што има тука во МКД.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Ја имав баба во Скопје живееше,и 5-6 години пред да почине куче скитник и ја апнало раката,и жената цел останат живот го помина со раката како парализирана...Раката и се исуши,не и беше функционална...страшна работа...затоа не ми кажујте ќе одиш на доктор и ќе те средат...докторите во МК се толку немарливи,што повеќе луѓе умираат и страдаат од НИВНА ГРЕШКА отколку од болеста...
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Ја имав баба во Скопје живееше,и 5-6 години пред да почине куче скитник и ја апнало раката,и жената цел останат живот го помина со раката како парализирана...Раката и се исуши,не и беше функционална...страшна работа...затоа не ми кажујте ќе одиш на доктор и ќе те средат...докторите во МК се толку немарливи,што повеќе луѓе умираат и страдаат од НИВНА ГРЕШКА отколку од болеста...

Сфаќам зошто ги мразиш кучињата и зошто толку многу си запанал да се успијат. ОК, тоа е твое мислење, поради едно бесно куче кое ја нападнало баба ти, ти уствари го замразуваш целиот кучешки род. Дали мислиш дека сите кучиња се такви? И дали можеш поради едно куче кое било бесно и нападнало и треба да се успие, да ги осудиш сите останати кучиња на смрт. Мислам дека нема смисла, зошто ако е така, за кај сме ние луѓето? Дали поради еден или неколку убици можеме сите луѓе да ги класифицираме како убици?
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Сфаќам зошто ги мразиш кучињата и зошто толку многу си запанал да се успијат. ОК, тоа е твое мислење, поради едно бесно куче кое ја нападнало баба ти, ти уствари го замразуваш целиот кучешки род. Дали мислиш дека сите кучиња се такви? И дали можеш поради едно куче кое било бесно и нападнало и треба да се успие, да ги осудиш сите останати кучиња на смрт. Мислам дека нема смисла, зошто ако е така, за кај сме ние луѓето? Дали поради еден или неколку убици можеме сите луѓе да ги класифицираме како убици?
Како не разбирате дека со тоа што сакате кучињата да бидат на улица и да се собираат во глутници како волци и да напаѓаат невини деца и старци и случајни минувачи, со тоа им штетите и на разбеснетите кучиња и на луѓето.
Нигде во ЕУ нема кучиња на улица сфатете веќе еднаш!
на кучињата не им е местото на улица.
Никој не сака да бидат кучињата убиени и никој не е убиец, само нека ги згрижат и тргнат од улица, за нивно и наше добро.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Сфаќам зошто ги мразиш кучињата и зошто толку многу си запанал да се успијат. ОК, тоа е твое мислење, поради едно бесно куче кое ја нападнало баба ти, ти уствари го замразуваш целиот кучешки род. Дали мислиш дека сите кучиња се такви? И дали можеш поради едно куче кое било бесно и нападнало и треба да се успие, да ги осудиш сите останати кучиња на смрт. Мислам дека нема смисла, зошто ако е така, за кај сме ние луѓето? Дали поради еден или неколку убици можеме сите луѓе да ги класифицираме како убици?
Епа тоа е поентата, членот погоре осетил како е куче скитник да нападне во случај член на неговата фамилија, доколку осетат и членовите кои се против успивањето на уличните кучиња ќе видиме дали на темава ќе ги бранат нивните ставови како и до сега, инаку сум да не се успиваат ако имаат доволна финансиска моќ да ги чуваат ама во никој случај да ги вратат повторно на улиците.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom