Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    619

Викиче

Sarcasm is my best friend
Член од
27 ноември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Значи темата има две гледни точки според мене
Прво од една страна има многу кучиња коишто скитаат по улиците и можи да бидат опасни за човекот..тоа е факт
Но, кои сме пак ние да ги убиваме тие невини животни ???
Навистина нема смисла..човек треба да е бесчуствителен за да го направи тоа

Најдобар начин е да во секој град се отворат вакви места каде што сите кучиња бездомници би можеле да се вдомат. Но, пак тука како проблем се јавуваат финансиите коишто нормално владата не можи да ги обезбеди....и решение нема во оваа наша држава...

Некој пак ке речи УСПИВАЊЕ ама јас пак ке речам дека тоа не е решението...
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
28
Поени од реакции
5
Значи темата има две гледни точки според мене
Прво од една страна има многу кучиња коишто скитаат по улиците и можи да бидат опасни за човекот..тоа е факт
Но, кои сме пак ние да ги убиваме тие невини животни ???
Навистина нема смисла..човек треба да е бесчуствителен за да го направи тоа

Најдобар начин е да во секој град се отворат вакви места каде што сите кучиња бездомници би можеле да се вдомат. Но, пак тука како проблем се јавуваат финансиите коишто нормално владата не можи да ги обезбеди....и решение нема во оваа наша држава...

Некој пак ке речи УСПИВАЊЕ ама јас пак ке речам дека тоа не е решението...
ima resenie da se vdomat
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Прееска викате не споредувајте животно и луѓе,темата е за животни,а сега има право?
Зашто бе да не се споредува куче бездомник и човек бездомник?
Ние виша раса да не сме случајно?
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Еве тема за животните кои се подаруваат

www.srcezazivotnite.org.mk е една од организациите кои организираат акции за бездомните кучиња и се грижат за нивно вдомување.

СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ - Здружение за заштита на животните и животната средина

Во понеделник, 29.6 од 11:00 часот „Срце за животните“, „Срна“ и „Има надеж“ организираат заедничка прес-конференција за медиумите во НВО Инфоцентарот по повод масовниот геноцид врз бездомните животни во стационарот Вардариште


Повеќе нема место во Вардариште па наместо ние тука да се караме дали да се успијат или не, градоначалникот троши пари за безвредни склуптури наместо да инвестира за нов стационар.
Нов стационар, кастрирање и вакцинирање на кучињата e потребно и тоа премногу!
а успивање НЕ!


Овие кученца имаат помалце од 50% шанси да преживеат. За нив нема доволно храна и никаква грижа. Ако не умрат сега од негрижа ке ги успијат за некој месец:(
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
28
Поени од реакции
5
Еве тема за животните кои се подаруваат

www.srcezazivotnite.org.mk е една од организациите кои организираат акции за бездомните кучиња и се грижат за нивно вдомување.

СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ - Здружение за заштита на животните и животната средина

Во понеделник, 29.6 од 11:00 часот „Срце за животните“, „Срна“ и „Има надеж“ организираат заедничка прес-конференција за медиумите во НВО Инфоцентарот по повод масовниот геноцид врз бездомните животни во стационарот Вардариште


Повеќе нема место во Вардариште па наместо ние тука да се караме дали да се успијат или не, градоначалникот троши пари за безвредни склуптури наместо да инвестира за нов стационар.
Нов стационар, кастрирање и вакцинирање на кучињата e потребно и тоа премногу!
а успивање НЕ!


Овие кученца имаат помалце од 50% шанси да преживеат. За нив нема доволно храна и никаква грижа. Ако не умрат сега од негрижа ке ги успијат за некој месец:(
coek nzm ama ko so gledam ti najubavo ja svakas rabotava stv treba da se otvori use eden stacionar.ama vo toj stacionar lugeto treba da bidat humani i da doniraat pari(bar 100 den mesecno niso poveke) i hrana. ako ste luge se taka humani nema da ima problemi so uspivanjeto.ednistveni problemi vo stacionarite se toa so nemaat dovolno pari za hrana i za kastracija/stalirizacija, vakcinacija i za procistuvanje od vnatresni paraziti.navistina i lugeto treba malce da pomognat, drzavata dosta ima pridoneseno za niv. site luge po edno kilo kueska hrana(od 150den) da dadat nema da ima problem vo ishranata i stacionarot ke zastedi pari za vakciniti i drugoto. ili pa najdobroto da gi vdomat maleckite! site koi se ljubiteli na ziotni a nemaat uslovi za cuvanje na kuce mozat da pomognat vo stacionarite so donacii(hrana,pari)ili dobrovolno da se prijavat kako rabotnici itn.(za tie sto ne rabotat) btw kolku se slatki kucencava na slikata!
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
28
Поени од реакции
5
2. писмо до Претседателот на Владата на Р.Македонија ПРЕДМЕТ: Итно обраќање за справување со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во град Скопје (посочување и на преголеми неправилности во спроведувањето на концептот на стационарот Вардариште како хумана и ефикасна алтернатива за справување со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во град Скопје, каде стапката на усмртување е дури 55,8%). Предлози и укажувања за ефикасно решавање и справување со овој долгогодишен проблем.

Почитуван Премиерe Груевски,

длабоко сме загрижени за состојбата на бездомните животни во град Скопје и воопшто во Македонија. Заради тоа, Ви се обраќаме со конкретни предлози за стратегијата за хумано, цивилизирано и успешно соочување и решавање на проблемот со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во град Скопје, согласно со Законот за благосостојба на животните и другите закони на Република Македонија и Ваши овластувања како градоначалник, а во склад со директивите, одлуките и одредбите на Европската Унија.
Сметаме дека единствено Владата и Вие, како Премиер, можете да помогнете ситуацијата да се промени, со оглед на тоа што најчесто промените се условени соработката меѓу институциите и повеќе ресорни Министерства во државата. Длабоко сме убедени дека со тие мерки, ефикасно и со заеднички напори, во догледно време би успеале да се воспостави контрола и решавање на овој проблем, применувајќи најсовремени европски и светски модуси.
Иако во град Скопје од 2007 година постои еден транзитен центар (стационарот Вардариште), тој со своите капацитети НЕМА никаква моќ да се справи со бројката на бездомни кучиња во целиот град! Смешно е да се очекуваат сериозни резултати кога таму има само 1 служба за заловување и 1 ангажиран ветеринар (потенцираме дека апсолутно сме убедени во компетентноста и моралноста на истото лице, и дека зборуваме поточно за фактичката неизводливост

еден човек и покрај сопственото максимално вложување и расположивост САМ да се справи со толкава бројка!). Од официјалните податоци за “третирани” кучиња испаѓа дека (Официјална статистика од 9.2007 до 1.2009 год.) 1976 кучиња се заловени, од кои 1105 се еутаназирани, 711 се третирани , 130 се посвоени - од вкупната бројка, значи, се усмртиле 55,8 %. Испаѓа дека таму се третирале дневно (работни денови) едвај 4,9 кучиња - од кои 2,76 кучиња се усмртени – знач,и во најдобар случај, им било инјектирано средство за усмртување - ПОРАДИ ОВА ТВРДИМЕ ДЕКА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ СПРАВИ СО БРОЈКАТА ОД РЕЧИСИ 10.000 БЕЗДОМНИ КУЧИЊА НЕ СМЕЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ ТАКВО ТЕМПО, НЕЕФИКАСНОСТ И ОСКУДНИ КАПАЦИТЕТИ и САМО ЕДНО КОМПЕТЕНТНО ВЕТЕРИНАРНО ЛИЦЕ! Доколку се погледне само законот за ветеринарно здравство (член 43) за да постои една амбуланта, клиника и слично, НЕОПХОДНО е работење во смени што би вклучило најмалку уште еден ветеринар, а знаеме дека во една амбуланта се потребни капацитети далеку помали од капацитет во установа која има за цел третирање на огромна бројка на бездомни кучиња и да реши градски проблем! Очекување на позитивни резултати со вакво темпо е сосема илу-зорно, а во меѓувреме се губат и неповратно трошат огромни суми на пари!

Сметаме дека никако не треба да се занемари и фактот што освен ветеринарното лице ангажирано во стационарот, ниту едно друго лице не е компетентно за пропагирање и посочување на вдомувањето бездомен миленик како солуција (ова за жал ни го имаат потврдено огромен број на граѓани, а и ние повеќе пати имаме увидено дека ангажираните лица од ЈП “Комунална хигиена“ и самите не веруваат дека бездомните кучиња треба да се вдомуваат!) а доколку сакаме да ги следиме методите во модерниот свет вистинскиот пристапот и инволвирањето на лица од НВО и волонтери - љубители на животни биле значаен фактор практика на вдомување да оди во евидентна нагорна линија!
Заради тоа ние ИНСИСТИРАМЕ дека само со реорганизација и итно зголемување на капацитетите (просторно), и пред се, со ангажирање на најмалку уште 5 стручни ветеринарни лица, во услови кога би се практикувало третирање на најмалку 20 кучиња дневно, во рок од една година би се истретирале, т.е. стерилизирале и кастрирале 7500 улични кучиња (при тоа потенцираме: зборуваме за хипотетички услови, кога би немало ниту една потреба од еутаназирање! На тој начин би можеле да гарантираме максимално ефективно, хумано и исплатливо инвестирање во оваа проблематика, со која потоа ке се воспостави ТРАЈНА контрола на кучињата и сигурно намалување на нивната популација! Потенцираме, ние стоиме во секој момент на располагање да побараме дополнителна финансиска помош од фондации кои се грижат за правата на животните, да поканиме стручни лица од странство и стоиме како организација на располагање за секаква поинаква помош за која би биле компетентни!

Во прилог на ова, неопходно и итно е:
1. Итен прекин на масовната еуатаназија/убивање на кучињата. Според официјалните податоци за работата на стационарот, 55,8% од сите заловени кучиња се еутаназирани.Тоа во никој случај не може да се оправда, ниту од етичка гледна точка, ниту во однос на Законот за благосостојба на животните. Почитуван Премиеру ние како здружение и јавноста длабоко сме убедени дека е невозможно повеќе од секое второ куче во нашиот град да е болно или прекумерно агресивно и со тоа дека е оправдана таквата стапка на усмртување! Со таквата геноцидна пракса мора веднаш да се престане, и тоа не само од етички причини, туку и заради тоа што тоа е спротивно со законот и веќе се покажала како неефикасна во минатото. За таквата состојба да се промени, потребна е помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Ветеринарната управа;
2. Вклучување на повеќе ветеринарни и стручни лица за извршување на интервенциите и заловување на кучињата, а воедно и лица кои би се залагале за поефикасна стапка на вдомување – во спротивно е илузорно и сосема необјективно да се сметаат и очекуваат некои видливи резултати со она што тој како алтернатива го нуди (една служба со едно возило и еден ветеринар). Конкретно, предлагаме секоја општина да ангажира ветеринар и заловувачка служба со возило. На тој начин, програмата за стерилизација многукратно ќе ја зголеми својата ефикасност, и за многу пократко време ќе се намали нивната популација. На долгорочен план заштедите би биле значителни и евидентни, бидејќи системски би се надминал проблемот! Владата би можела финансиски да ги помогне општините и Зелс за оваа програма да може да се реализира.
3. Помош во организирање на кампањите за подигнување на јавната свест на граѓаните (видео спотови, билборди, постери, флаери и др.) Исклучително би ја акцентирале важноста за учество на Владата во овие кампањи, заради искоренување на лошите навики кои се спротивни на Законите на Р.Македонија (масовни труења животни ...). Акцентираме дека е неспроводливо тие обврски да се препуштат само на волонтерски здруженија и на граѓаните. Наш предлог: ТВ КАМПАЊИ ЗА ПОХУМАН ОДНОС КОН ЖИВОТНИТЕ која ќе оди по ТВ медиумите со цел да се влијае на свеста на луѓето да ги сакаат и почитуваат животните и да им помагаат, а оние од другата страна (нехуманите) да сфатат дека постојат казни за нехуманото однесување кон животните (МАЛТРЕТИРАЊЕ, УБИВАЊЕ). Исклучително важно е Вие, како претседател на Владата на Р.Македонија јавно да се заложите за откривање и санкционирање на сторителите на такви дела, кои ги ставаат во опасност луѓето, посебно децата (вообичаена е праксата на користење отрови кои и кај луѓето за многу кратко време би довеле до фатален, смртен исход – потсетуваме, ДОСЕГА НЕМА НИТУ ОТКРИЕН, НИТУ САНКЦИОНИРАН СТОРИТЕЛ НА ТАКВО КРИВИЧНО ДЕЛО. Се наметнува прашањето: ЗОШТО?). h

4. Градот Скопје е единствена метропола во Европа без ниедно прифатилиште за животни. Отворање прифатилишта за бездомни животни водени од граѓанските здруженија од оваа област е потреба на сите градови во Р.Македонија, а посебно во Скопје и Битола. За ваков проект, неопходна е помош од Владата со буџетски средства на годишно ниво, за основните трошоци (за дополнителни средства, може здруженијата да аплицираат за грант средства од светски фондации и здруженија);


5. Мораме да напоменеме дека државата и дел од Јавните претпријатија претрпуваат големи финансиски загуби поради нерешавањето на овој проблем. Ќе наведеме само еден пример: ЈП „Македонијапат“ по завршните судски постапки во 2007 и 2008 год. по основ на штети кон граѓани, за сообраќајни незгоди со кучиња, мачки и сл. има исплатено 36.000.000,00 денари = 600.000,00 евра, а во тек се постапки за спорови во вредност од 52.000.000,00 денари = 850.000,00 евра. Тоа се огромни загуби на буџетот. Б
6. Дополна на „Законот за благосостојба на животните“(донесен 2007 год., а стапен во сила 1.1.2008 год) и изработка на правилниците за спроведување на законот (во овој дел ја нудиме и нашата помош). Поради неприменување на Законот (или немање правилник за негово спроведување) многу сегменти од него не се применуваат, посебно делот за казнување на луѓе кои повредуваат, малтретираат животно или во најлош случај го отруле,односно убиле. Во многу земји тоа се смета за убиство е и строго казниво, а во Р.Македонија не е откриен ниту еден сторител, а да не говориме за негово санкционирање. За овој дел мора да нагласиме дека има премногу заинтересирани граѓани кои се обраќаат со поплаки. Ве молиме: Ова е од исклучителна важност, бидејќи во моментот ситуацијата е очајна;

Ви нагласуваме дека сме на располагање за контакт и соработка како здружение “Срце за животните“ во справувањето со овие и ред други проблеми, кои се однесуваат на заштитата на животните и заштитата на животната средина, преку кои заедно, со сите наши капацитети би придонеле секоја општина да ја направиме поубаво, побезбедно, похумано, организирано и чисто место за живеење!
Сите наши ресурси Ви ги ставаме на располагање: стручни соработници, контакти со видни и реномирани светски здруженија и организации од оваа област, за да придонесеме за решавање овие проблеми. Убедени сме за Вашата свесност дека ова се проблеми кои секојдневно и директно ги засегаат сите граѓани, а, со тоа, дека ќе Ви претставува приоритет решавањето на истите!
ВО ИМЕ НА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ЖИВОТНИТЕ И ЗАГРИЖЕНИ ГРАЃАНИ, се надеваме дека нашите предлози ќе бидат прифатени ЗА ПОДОБАР И ПОХУМАН ОДНОС КОН ЖИВОТНИТЕ.

ne sme edinstvenite za ova!
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
28
Поени од реакции
5
жална вест [FONT=georgia,palatino]Овој телоп беше емитуван на телевизија:[/FONT][FONT=courier new,courier] [/FONT]


tolku od mene!
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Доколку кучињата се здрави и не се агресивни сметам дека не треба да се успиваат.
Ги гледам сликиве и да ви кажам право се вљубив во кученцава ,за жал немам услови да ги чувам затоа што живеам во стан.
Инаку ,мајка ми ми има кажувано дека во времето на Југославија доколку некој полицаец видел куче скитник на улица (иако не бил агресивен) го употребувал службениот пиштол за убивање на кучето пред сите минувачи како ништо да не било! :tapp:
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
28
Поени од реакции
5
Доколку кучињата се здрави и не се агресивни сметам дека не треба да се успиваат.
Ги гледам сликиве и да ви кажам право се вљубив во кученцава ,за жал немам услови да ги чувам затоа што живеам во стан.
Инаку ,мајка ми ми има кажувано дека во времето на Југославија доколку некој полицаец видел куче скитник на улица (иако не бил агресивен) го употребувал службениот пиштол за убивање на кучето пред сите минувачи како ништо да не било! :tapp:
epa iskra zar mislis deka tie mali slatki kucenca se agresivni? a toa so jugoslavija bilo pred 20godini i ne me interesira minatoto me interesira ovaa idina na segasnive kucinja.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Никој никогаш не ги вдомува не си правете бајрам со паметот, една е Мелита лудата што ги прибира, друг таков не постои.
Ако не можат да ги чуваат во шинтерница (не гледам зашто би ги чувале) нека ги убиваат и чао пријатно.
Како што и сам виде, има неколку личности само тука, кои вдомиле улично куче. И јас сум една од нив, а тоа значи дека сум луда? Живеам во стан под кирија, немам баш услови со двор и тешко оди таквото чување, ама имам две и не би ги вратила на улица никогаш пак. Бидејќи не е возможно да земам уште некое, само со храна, вода и ампули против болви скоро и да чувам уште три други на улица. Пред дуќан ми седат и мислам дека малку од малку им е поубаво, барем со редовната храна полна со витамини. Секој ден кога гледам други изнемоштени, валкани и болни кученца, се каам и се насолзувам од мака што не можам на сите да им помогнам.
Значи, во никој случај не сум за успивање на таквите прекрасни суштества. Тој што не чувал, никогаш нема да дознае што значи да имаш и сакаш куче. И не е чудно да се сака повеќе од човек... ич не е чудно. Да не општам причини за тоа, само ќе кажам дека ако мене некој ми каже да ги оставам кучињата или повеќе нема да видам ниту еден пријател од мојот живот, јас би ги избрала кучињата.
Се надевам најискрено дека ќе успеете да издејствувате оваа глупава акција да биде прекината, како што се надевам и дека ќе се најдат повеќе доброволци кои би земале некое куче по дома.

п.с. Не ви ги бришам наредните навредливи коментари, туку ќе банирам. Без оглед на револтот од двете страни, меѓусебни навреди на форумов се строго забранети.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Како што и сам виде, има неколку личности само тука, кои вдомиле улично куче. И јас сум една од нив, а тоа значи дека сум луда?
Дивајн, проблемот е што има одредени луѓе кои сакаат но од одредени причини не се во состојба (што ради обврски-сепак му треба нега, а лицето целодневно има други обврски, што ради денар помалку, што ради условите на живеење-не се сите деца или млади овде, има и возрасни кои не живеат само за оценка и распуст, јбг, живот). Две од причините се и кај мене, инаку со кучиња сум израснат. Но, тоа не беше разлог да не се посвои нешто друго-мачка. Имам доста мачки (не посвојувано) земано од улица (у ствари мачиња). Сепак е темата за кучиња, но ги напоменувам условите, желбата, можноста и определбата да се помогне и на друго животно. Но и кај мачките проблемот е сличен-дури полош, не се чуваат во двор, ниту на ланец. Иако имам 5-6 досега израснато и чувано...повеќето мачки ми ги снемува, некој ги...Еве сега последното подизрасна, заживеа (му наденавме едноставно име-мачето :) ), ама...има луѓе во маало (не можам да откријам кои се, а што и ако откријам, џабе) кои едноставно живеат со отрови за мачки и кучиња. Значи не секој (и покрај желба) има можности за одгледување-пошто треба да се одгледа, не само да се вдоми.

Толку за ова, да не ја истерам темата кон мачките, ова се однесуваше само на божествениот админ и желбата за зачувување на нечиј живот (иако е мачкин) :smir:
 

Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Никој никогаш не ги вдомува не си правете бајрам со паметот, една е Мелита лудата што ги прибира, друг таков не постои.
Ако не можат да ги чуваат во шинтерница (не гледам зашто би ги чувале) нека ги убиваат и чао пријатно.
A dog has no use for fancy cars, big homes, or designer clothes. A water log stick will do just fine. A dog doesn't care if your rich or poor, clever or dull, smart or dumb. Give him your heart and he'll give you his. How many people can you say that about? How many people can make you feel rare and pure and special? How many people can make you feel extraordinary?
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Дивајн, проблемот е што има одредени луѓе кои сакаат но од одредени причини не се во состојба (што ради обврски-сепак му треба нега, а лицето целодневно има други обврски, што ради денар помалку, што ради условите на живеење-не се сите деца или млади овде, има и возрасни кои не живеат само за оценка и распуст, јбг, живот). Две од причините се и кај мене, инаку со кучиња сум израснат. Но, тоа не беше разлог да не се посвои нешто друго-мачка. Имам доста мачки (не посвојувано) земано од улица (у ствари мачиња). Сепак е темата за кучиња, но ги напоменувам условите, желбата, можноста и определбата да се помогне и на друго животно. Но и кај мачките проблемот е сличен-дури полош, не се чуваат во двор, ниту на ланец. Иако имам 5-6 досега израснато и чувано...повеќето мачки ми ги снемува, некој ги...Еве сега последното подизрасна, заживеа (му наденавме едноставно име-мачето :) ), ама...има луѓе во маало (не можам да откријам кои се, а што и ако откријам, џабе) кои едноставно живеат со отрови за мачки и кучиња. Значи не секој (и покрај желба) има можности за одгледување-пошто треба да се одгледа, не само да се вдоми.

Толку за ова, да не ја истерам темата кон мачките, ова се однесуваше само на божествениот админ и желбата за зачувување на нечиј живот (иако е мачкин) :smir:
Кикамика е банирана од темава.
Иначе Lurtz, те разбирам и затоа не те цитирав и не ти се обратив тебе. А такви примери кои сакаат, а не се во можност има многу. Тие не се проблем, затоа што ги сакаат животните и не се однесуваат лошо со нив. Тоа е повеќе од доволно. Од тие причини и мама и тато немаат куче, иако сакаат после мои долги убедувања и докажувања колку мили животни се. Живеат во стан на 6-ти спрат, па апсолутно неизводливо е да го чуваат таму и покрај сите други обврски, сто пати да се симнуваат со него по сите тие скали.
Те разбирам и кога зборуваш за лошите кучиња и дека не треба да се на улица тие. Токму затоа и сакам да има специјални места каде би се собирале сите бездомни кучиња и ако не се чуваат барем да се исчистат и вакцинираат од секакви болести. Здраво и немалтретирано куче од насилници како неколкуте овде, не е штетно ни за мали деца. И кај мене пред зграда има огромна глутница од големи кучишта од кои ми е страв да се прибирам касно, ама па кога морам да поминам покрај нив, ниту едно не ми направило проблем. Добро, меѓу нив имам пријателчиња кои ги галам и им давам јадење насамо, па им лаат за да не ми се ни приближат. Сепак, страшно е, но и за нив не би се сложила да се успијат. Жал ми е и кога се бесни и лаат, затоа што или се гладни или се болни или се искасапени и гневни на се` околу нив.
Сакам да има закон кој тешко ќе ги казнува луѓето кои им штетат и ги пвредуваат животните. Само така (а може и така нема тука кај нас) би се средил овој хаос.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Треба да постои некој државен орган кој ќе одлучи дека таквите кучиња или треба да бидат успиени или треба да бидат исчистени вакцинирани и пуштени на улица. Тоа треба да биди званична одлука. Тој што ќе го потпиши тоа, дали ќе превземи материјална кривична и морална одговорност доколку некое такво куче некаде некогаш нападни и касни некого. На пример јас ако имам куче и тоа нападне или повреди некого ќе одговарам кривично и ќе платам оштета и ќе се влечкам по судови.
 
D

dzale1

Гостин
Браво за вас, ама тоа не ти дава право мене да ме праеш бездушен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom