Изгледа ја погоди.Ај да пробам со уште еднаТишина.
Порција (во драмата Венецијанскиот трговец од Шекспир) имала 3 ковчежиња: златно, сребрено и железно и во едното од нив се наоѓал нејзиниот портрет. Кандидатот за нејзината рака требало да избере едно од трите ковчежиња (она со портретот) на чии капаци пишувало:
ЗЛАТНО - ПОРТРЕТОТ НЕ Е ВО ОВА КОВЧЕЖЕ
СРЕБРЕНО - ПОРТРЕТОТ НЕ Е ВО ОВА КОВЧЕЖЕ
ЖЕЛЕЗНО - ПОРТРЕТОТ НЕ Е ВО ЗЛАТНОТО КОВЧЕЖЕ
Порција му објаснила на својот кандидат дека само едно од трите тврдења е точно. Кое ковчеже треба да го избере тој?