Надградба :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.158
Возраст
40
Американскиот уметник и љубител на коњи, Ким Грем го претстави своето ново, а најверојатно и единствено уметничко дело. Дали сте посакале да се чувствувате и изгледате како кентаур кога одите во шопинг или по децата во градинка? Грем има решение за вас.

Убавината и витоста на коњите отсекогаш ги воодушевувала луѓето. Грациозното движење и нескротливата енергија која зрачи од коњите, досега се сметаа за недостижни нешта на кои може да им се воодушевуваме.

Но, Ким Грем ги претстави „коњските продолжетоци за нозе“ Digitigrade Leg Extensions, кои на луѓето им ја пренесуваат „мистичноста и убавината која само коњите ја имаат“.

- Не изгледаат баш најудобно, но после 15 минути на нив, се чувствувате како дома. Коњските продолжетоци функционираат на сите површини, сепак нагорнините и скалите се повеќе ризични, вели креаторката на необичното одело, додавајќи дека „нозете“ се направени за одење, а не за искачување.

Ножните продолжетоци се направени од рачно изработен челик, сунѓер и особено тврда пластика. Овие „продолжетоци“ на носителот му додаваат дополнителни 35 сантиметри, слично како штулите, но со многу повеќе стил.

Цената се движи меѓу 750 и 1.000 американски долари по нога и „додатна опрема“, односно посилни пружини и копита.

На листата на дополнителна опрема се наоѓа и костимот од крзно, кој се навлекува преку „нозете“ за да изгледаат пореално.

- Иако само што се појавија на пазарот, побарувачката е голема. На листата на чекање која е до два месеца, се наоѓаат неколку актери и храбри забавувачи, вели Грем.

 
Ќе не прават кентаури гледам. Уствари не сатири ќе стануваме.
 
што the f*ck?! :vozbud: интересно е...ќе изглеаш ко фрик:pos2:
 
Убаво е кога луѓето имаат време да се занимаваат со вакви глупави иновации.:toe:
 
Хаха лол ќе идеме да не потковуваат :pos:
 
абе ова upgrade некој
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom