Укинување на визите = иселување

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
И сето тоа само за 20-тина дена,колку што домашната Македонска носталгичност обично најмногу трае,во 99.9% од случајевите,на вака манифестирани “симптоми“.:smir:
Веројатно прилепчанецу, веројатно! Ако ништо друго се знаеме, и знаеме кој и каков сум карактерно, ама сега ми се сака домааа!

Uh, kolku trogatelno :)

A moze da prasam kade si momentalno sto ne mozes da se vratis vo MK i sto e toa sto te sprecuva? :)
Зини да ти кажам!

Јас кога ќе се фатам на оро, го доигрувам, е па, да го одрбатоам договореното, па ќе си дојдам, што би рекол АБЦ да се надишам македонцки рабоќе, па кога ќе ми засмрди од валканиците кои се наше секојдневие, шо знам.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Абе кажи му во Скопје,без да зинува,оти за нас Прилепчаните и Скопје стана “странство“ ебаго.:toe:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ej, sea ne kenkaj, bezvisno vi bese za nakaj Skopje, jedino vo zimo ladni bea grankite!

Nego, sho prajme so tvojot bugarski pasosh?
 
Член од
3 декември 2009
Мислења
25
Поени од реакции
1
хаха кога ке видам ова ми се смее самата душа...јас имам работено во странство...морам да ви кажам тој што сакал да работи и што имал такви амбиции, за него немало ниту ќе има визен режим...ако ако нека отиде пола малдина надвор ама за месец дена сите ке се вратат...неможеме ние без ноќните искачања и враќање у 6 сабајле коа сите идат на работа...неможеме ние без бурек со јогур или некоја пирошка со маслинки и зденка од кај МАЈЧЕ...неможат машките без НА МАМА ГРАФЧЕТО...на БАБА ТИГАНИЦИТЕ....месец дена ке јадат паштети леб и маргарин и после??? кој сака така да живее???? ИПАК ДОМА СИ Е ДОМА !!!
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140

исто како и ти што си работела и шетала во странство така и ние хехе де па ти што не направи да не гледаше на грав или ориз како предвиде дека за еден месец дека ке се врати пола младина ..:tv:
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
он - Полесно е да се работи на црно од тоа што го прикажувате на темава. Сепак, јазикот е често проблем, и за на црно треба да знаеш да се разбереш...
Иначе, да биде јасно, многу е мачен тука животот за тие на печалба што се, иако не е како некој што кажа, 2000 евра за живот дека ти се потребни... Како што гледам дека живеат Кинезите и Колумбијците, по 6-мина во стан, со штедење и се - можеш да го пројдеш месецот со 400 евра... Тоа е генерално мизерување, ама така се тргаат пари на страна... Кој очекува дека ќе дојде и ќе живее во 80 квадрати и ќе јаде пие и шета како по дома... Брзо ќе си се врати:)

Nego, sho prajme so tvojot bugarski pasosh?
Не знам за неговиот, ама јас дури сега ќе се заангажирам да извадам! Имам потребно потекло, треба да се маткам по амбасади и најверојатно министерства во Софија... Лол
Ме одбиваат ПАК за стипендија зашто не сум ЕУ, иако имам просек бајаги повисок од потребното! Мамето!
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не знам за неговиот, ама јас дури сега ќе се заангажирам да извадам! Имам потребно потекло, треба да се маткам по амбасади и најверојатно министерства во Софија... Лол
Ме одбиваат ПАК за стипендија зашто не сум ЕУ, иако имам просек бајаги повисок од потребното! Мамето!
Не вади, сеа че те грабам и че ти праам да имаш ко мојот пашапорт. Не му давај појќе муниција на МаЌедонцкион најпатриотски астраЉанец!

Кој мисли дека е лесно ЛЕГАЛНО да работи во западниот свет, гадно се заебал, други правила на игра има. Нема тука лежи лебу, ќе се откозиш од работа, ќе ргаш ко зелен мајмун, за ситен ќар. Нема журки, пландувања, дремења и дремуцкања на работно место.

А кој мисли дека нелегално е такуѓере лесно и едноставно, тој уште погадно се заебал.
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
И сето тоа само за 20-тина дена,колку што домашната Македонска носталгичност обично најмногу трае,во 99.9% од случајевите,на вака манифестирани “симптоми“.:smir:
Уф,колку е само точно ова,дури и мразам што е точно.
Ке се напиеме Газоза и Струмка,ке се најадеме домашен леб,пиперки и домати зреени под убавото македонско сонце,ке се видиме со сите кои ни недостигаа и еуфоријата ја нема.

Пак назад.
Мораш да се вратиш,зошто парите и комфорот се таму.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
На 20ти Декември во утринските часови ќе одам на аеродром да ја испратам пола Македонија:)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ej, sea ne kenkaj, bezvisno vi bese za nakaj Skopje, jedino vo zimo ladni bea grankite!

Nego, sho prajme so tvojot bugarski pasosh?
Абе стана премногу “опасен“ за употреба,иако рака на срце ми се исплати секое вложено евро во него.:smir:

хаха кога ке видам ова ми се смее самата душа...јас имам работено во странство...морам да ви кажам тој што сакал да работи и што имал такви амбиции, за него немало ниту ќе има визен режим...ако ако нека отиде пола малдина надвор ама за месец дена сите ке се вратат...неможеме ние без ноќните искачања и враќање у 6 сабајле коа сите идат на работа...неможеме ние без бурек со јогур или некоја пирошка со маслинки и зденка од кај МАЈЧЕ...неможат машките без НА МАМА ГРАФЧЕТО...на БАБА ТИГАНИЦИТЕ....месец дена ке јадат паштети леб и маргарин и после??? кој сака така да живее???? ИПАК ДОМА СИ Е ДОМА !!!
Ги имаш пирошки со маслинки и зденки колку ти душа сака и во странство,а за ноќните “искачања“ исто е се,само што во странство за тоа ќе ти платат,за разлика од Скопје каде плаќаш ти.Младината можеби ќе се врати за некој месец,ама за година-две нема ни да ја има на овие простори,па газдите пак ќе си отворат шнајдерски дуќани во кој ќе шијат сами,Минчо сам ќе витка лим,Штерјо ќе си го побара 101 од `85,зошто нема кој да го вози со Мерцедесот или БМВ-то,а Трифун ќе мора сам да си ги чисти зградурините кој ги купи или му ги изградија,Велија ќе вози комбиња за дистрибуција од Хедис и напоредно ќе студира за детектив кај сватму Фијат,оти никој нема да му се запишува на забеганиот “факултет“,ако така може да се нарече зградуринана каде единствена придобивка на студентите е еден лаптоп како “гратис“ од 20 000 евра кој мора да ги издвои секој студент,и уште мал милион работи.........
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

хе,хе....ABC црно им се пишува , ама читајќи ги овде "младунциве" и нивните преплашени коментари за опасностите кои демнеат "вонка", не сум баш сигурен дека уште долго газдиве нема да не штројат....!!!! :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.792
Поени од реакции
12.274
морам да ви кажам тој што сакал да работи и што имал такви амбиции, за него немало ниту ќе има визен режим...ако ако нека отиде пола малдина надвор ама за месец дена сите ке се вратат...неможеме ние без ноќните искачања и враќање у 6 сабајле коа сите идат на работа...неможеме ние без бурек со јогур или некоја пирошка со маслинки и зденка од кај МАЈЧЕ...неможат машките без НА МАМА ГРАФЧЕТО...на БАБА ТИГАНИЦИТЕ....месец дена ке јадат паштети леб и маргарин и после??? кој сака така да живее???? ИПАК ДОМА СИ Е ДОМА !!!
Јако, само кај нас добро се живее :) и не, во другите земји не искачаат у град, дома плетат, везат, јадат само ...што јадат таму? леб од пред 2 дена, млеко со сомнителна содржина, шверцани продукти во кои не знаеш што има и кога ќе те...Македонија, ветена земја за забава, провод и храна.
Инаку и овде некој јаде леб и маргарин...многу повеќе се ваквија отепани фамилии неголи европјанските. Инаку и тука кај приватник маста ќе ти вади, а за кои пари и осигурување во постапка. Не е ништо страшно оние кои се без работа или кои мизеруваат за 4-6 или 10 илјади (или без илјади) да си ја пробаат среќата надвор. А такви има доста.

Да, у Београду не умираат.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.986
Поени од реакции
1.213
Не,фино ке си кажеш дека одиш на шетање.
За пари сигурно ке треба да си имаш едно 500евра со тебе,а и банкарска сметка( за секој случај).
И сево ова постоеше како правила уште одамна,само ретко некој да те испраша или да те врти,освен ако не им оставиш сомнителен впечаток,значи облеката и однесувањето се мошне пресудни.

Едно исто е.Гарантно писмо=покана.
Така се вика писмо за покана.За да го извадиш,ти треба извештај од последните три плати,како доказ дека можеш материјално да го издржуваш тој што ке го поканиш,што значи нема потреба со гарантно писмо да носиш и кеш.
Само патничко осигурување и повратен билет.
Веб сајтот на Германската Амбасада во Скопје
http://www.skopje.diplo.de/Vertretung/skopje/mk/01/Visabestimmungen/Visumsbefreiungshinweise,property=Daten.pdf
Овие докази треба да се покажат при влегување во територијата на
Шенген-државите ако тоа го барат граничните служби.
Упатуваме на тоа дека лице кое не располага со потребните
финансиски средства за својот престој и своето патување, може да
биде вратено односно да му се забранува влез.
Тоа важи и за лица кои не се во можност да ја докажат намерата на
своето патување односно својот престој.

По завршување на престојот од
90 дена во Шенгенските држави

мора да поминат 90 дена пред повторно безвизно влегување во

територијата на Шенгенските држави!

И што е ова сега ве прашувам,значи и да имам пари доволно пак можно е да имам проблеми,например ако сакам да патувам без резервација во некој од хотелите,можеби сакам сам да најдам хотел?

Значи или Гарантно писмо треба да имаш или резервација од Хотелот,,, а напрмиер така сам да патуваш нема шанси,, и да имаш пари пак е џабе, затоа што обврзанси да носиш или гарантно писмо или резервација од хотел..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom