- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 777
ГРУЕВСКИ ПОВИКА НА ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ДРЖАВНИТЕ И НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Претседателот на Владата Никола Груевски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ денеска апелираше на внимателност и посветеност на државните и националните интереси во контекст на прашањето за името и претстојното продолжување на разговорите со Грција со посредство на медијаторот Метју Нмиц.
Тој ги повика лидерите на политичките партии на обединување за државните и националните интереси.
- Веќе започна и ќе следи период на многу шпекулации, на разни дезинформации и сценарија пласирани само заради дневно-политички цели, а некогаш и мотивирани од приватни потреби. Апелирам за внимателност и посветеност за државните и националните интереси, истакна Груевски на денешната свеченост во МОБ по повод одбележувањето на 19. годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова, потенцира Груевски, не е прашање на индивидуи и личности, туку на државата Република Македонија и на нејзините граѓани.
- Прашањето за името не смее да биде прашање на раздор, туку прашање на обединување. Не смееме да дозволиме ова прашање да се наметне како прашање дали ќе ја биде нашата држава или не, како што не смееме да дозволиме да се наметне дебата за тоа дали сакаме интеграција во ЕУ и НАТО, или не. Тоа се дневно политички тези, истакна лидерот на владејачката партија.
Тој ги повика сите лидери на политичките партии во Македонија, да се обединат зад државните и националните интереси на Македонија и повика во периодот што следи да се демонатрира сплотеност, а не раздор.
Груевски истакна дека тој и неговите сопартијци се свесни за историската улога што ја имата во овој процес, огромниот товар и одговорноста. - Ние сме посветени на тоа и знаеме што значи решението на овој проблем, отворени сме и ќе разговараме. Истите тие кои 15 години не успеаја да најдат репчени денеска ни делат совети и вршат јавен притисок во една или во друга насока, рече Груевски.
Членството во ЕУ и НАТО, како што нагласи, се врвни приоритети и Владата продолжува да работиме на нивно остварување.
...........................................................
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=93EFA9F46D190E45BFEC5CDAB927545F