Трубачи со шлемови и панцири! Трубачите од оркестарот на Видоје Филиповиќ од Милиќе

  • Креатор на темата Креатор на темата n/a
  • Време на започнување Време на започнување
N

n/a

Гостин
Трубачи со шлемови и панцири!
73C9A91D4792724F9992F338473F7BD9.jpg
Трубачите од оркестарот на Видоје Филиповиќ од Милиќево Село кај Пожега најсериозно размислуваат, во иднина, на свирки да доаѓаа со шлемови и панцир кошули. На оваа чудна идеја ги натерала минатонеделната свирка во ужичката населба Горља Пора кога петмина членови од бендот биле повредени од бомба што ја активирал Зоран Ѓ. кој го прославувал раѓањето на неговата ќерка.
Само луда среќа спречила славјето да се претвори во вистински масакр. Во еден момент на еуфорија, среќниот татко Зоран во присуство на триесетина гости што ги забавувале трубачите, извадил рачна бомба М75 и сакал да ја фрли далеку преку еден преграден ѕид. За негова несреќа, бомбата удира во гранка на едно дрво и го менува курсот, паѓајќи само пет до шест метри од музичарите. Греди почнале да летаат на сите страни, при што се повредени петмина од трубачите, две труби се уништени, а тапанот изрешетан на дваесет места. "Триесет години водам оркестар и се сум доживеал во кариерата, но за вакво нешто не сум слушнал ниту од најстарите колеги" - раскажува шефот Филиповиќ.

:vozbud::vozbud::vozbud:
:pos2:
Хахахаха :)
 
ал се наивни.
 
Веќе не е во мода да се пука на веселби со пиштоли или калаши.
 
Модерни времиња, до година веројатно ќе почнат со зољи да слават место огномет
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom