Noviot imidz a po terk na imidzot ke bide i ekonomskata programa:
Бакнежи според куќен ред
Почна со бакнеж во шаката на Бранко, како знак на идолопоклонство, а заврши со стотина бакнежи во чело, како симбол на „благодарност“ и предвремена политичка пензија за голем број блиски соработници на лидерот на СДСМ....
..... На сликовит начин видовме трансформација на лидер на политичка партија во Дон, Папа или обожаван бренд (брендикона). Најавуваното ресетирање ти било чистка и тоа генерална...
....
Тука се младите и „новите“ кадри. Прва лекција за нив беше лекцијата идолопоклонство кон водачот изразено во бакнување на раката и покажување на приврзаност и лојалност кон него, се издигнато до ниво на култ. Тоа ти е нов модерен вид на религија - политичка религија. До тој „историски“ момент СДСМ и сите негови членови се залагаа за одвојување на политиката/државата од верата/религијата. Арно ама, кога е во прашање Бранко, се е можно. Нема лимити, нема забрани. Но затоа, пак, верноста и лојалноста мора да се на највисоко ниво, „од колевка до гроб“....
.... Да ве потсетам, тоа е симболот за „љубов“ пред елиминирање кај италијанските мафијаши создаден во почетокот на минатиот век во карпестата Сицилија. На тој начин, со бакнеж во чело, донот се збогувал со тие што ги сакал, но ги изневериле, па морал да ги отстрани. Кога е елиминација, нека е барем со вкус на „врел“ бакнеж. На Корлеоновски начин...
....Заев е се уште млад и нема да биде употребен еднократно како што се плашеше Гошев. Во неговиот случај аболицијата и в.д. се првиот пат, а бидејќи се покажа доходовен ќе има уште некое „рабљење“ би рекле Словенците. За малку ќе ги заборавев манирите на „папство“. Тие дефинитивно постојат и го одразуваат култот на идолопоклонство во СДСМ.
На влез во зградата каде што ќе се одржува конгрес, највисоко тело на управување во една политичка партија, пред очите на целата јавност, бацува рака на првиот човек на партијата. Јас колку знам ние верниците му бацуваме рака на дедо Стефан, кој е владика на македонската црва. Тоа го правиме според правилата на православната вера. Слично е и кај католиците. Тие бакнуваат рака на папата. ?леновите, пак, на СДСМ си го имаат Бранко и нему му бакнуваат рака. Тој за нив е папа.
..... Тоа на еден начин го потврди и самиот Б.Ц., кој на телевизија изјави дека тоа не било најприкладно, ама се случувало. Небаре е посебен политички однос или специјално чувство. Сето ова можеби не е така политички невкусно како што јас го доживувам. Некој ќе речи се работи за вкус, а сите знаеме дека за нив не се дискутира. Многу се и сите се различни. Но, луѓе ми се чини дека станува збор за нешто друго. СДСМ потроши два конгреса, а не видовме нови програмски насоки на дејствување, нова платформа и што е најважно нова идеологија на социјалдемократија. Лично мислам дека социјалдемократската идеологија во Македонија ја има само во книгите на Нано Ружин и на Љубомир Данаилов Фрчкоски. Арно ама, Нано сега се занимава со либералдемократски идеи, а Фрчко мислам се уште телефонира и воспоставува врски со Господ Бог.
Авторот е дипломиран правник
celiot tekst:
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1731&ArticleID=115732