Имотот на Црвенковски без промени, на Иванов не се соопштува

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.575
Поени од реакции
295
Имотот на Црвенковски без промени, на Иванов не се соопштува

543F8FBC284CDB4EB03CE32571B8B88B.jpg

И по истекот на петте години, Црвенковски го пријавил станот од 61 квадратен метар
И актуелниот и поранешниот претседател на државава, Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски, навреме ги доставиле своите анкетни листови за имотната состојба до Антикорупциската комисија и го запазиле законски утврдениот рок. Имотната состојба на експретседателот Црвенковски и опозиционен лидер е без промени, од онаа што е наведена пред 5 години кога тој беше избран за шеф на државата. Имотот што го поседува актуелниот претседател на државата, Иванов, не се соопштува.

„Имотниот лист на претседателот Иванов е доставен навреме до Антикорупциската комисија, но детали од листот ќе се знаат кога ќе се објават на Интернет-страниците на Комисијата и на претседателот, а тоа најверојатно ќе биде од понеделник“, информираат од Кабинетот на претседателот Иванов.

Без некакви промени е анкетниот лист, кој поранешниот претседател Црвенковски, по завршувањето на неговиот мандат, го доставил до Антикорупциската комисија.

По стапувањето на должноста во 2004 година навел дека во лична сопственост има стан од 61 метар квадратен во Скопје, автомобил „фолксваген широко“ на име на неговата сопруга, која, исто така, поседува и акции, како и денарска заштеда во Комерцијална банка.

Претседателката на Антикорупциската комисија, Мирјана Димовска, вчера не беше достапна да ги потврди информациите околу тоа дали имотните листи се доставени на време и што содржи имотниот лист на претседателот Иванов. Службите од комисијата не сакаа да изнесуваат детали, затоа што, како што рекоа, информациите можат да се добијат единствено од претседателката Димовска.

Обврска за поднесување анкетни листови имаат и новоизбраните градоначалници, чиј рок заврши вчера, но извештај за тоа дали има промена на имотната состојба треба да достават и поранешните градоначалници. За сите оние кои нема да ги достават листите во законски утврдениот рок Антикорупциската комисија ќе им поднесе пријава. (Св.У.)

Shto ukraj Gjole shto go krijaat bash me interesira ili so kolku pari go kolkaat od dpmne taka da temava zasluzhuva posebno da se debatira.
 
ха ха ха што украл бе во 1 месец бе иванов?
 
Незнам за Иванов, но Бане може да им послужи како пример на идните генерации политичари.
 
По стапувањето на должноста во 2004 година навел дека во лична сопственост има стан од 61 метар квадратен во Скопје, автомобил „фолксваген широко“ на име на неговата сопруга,
За време на криминалната приватизација и собирачите на старо железо заработија повеќе.
Јас викам дека треба да се направи добротворна акција за да му се помогне на овој кутар маченик.
 
Бранко во 61м2 живее ?
Аууу душичка, социјала
Ајде акција за купување на поголем стан за Бранко Црвенковски.
Не смееме да дозволиме таква историска личност на Македонија да живее во стан од 61м2.

Ми се плаче од луѓе со испрани мозоци.
 
Ќе видиме ние за едно 20-30 години кога баневци ќе имаат вили и палати по Еу, УСА, Грција и ќе шетаат пред нас како рокфелеровци....
 
Бранко во 61м2 живее ?
Аууу душичка, социјала
Ајде акција за купување на поголем стан за Бранко Црвенковски.
Не смееме да дозволиме таква историска личност на Македонија да живее во стан од 61м2.

Ми се плаче од луѓе со испрани мозоци.

Сите знаеме дека Бране има многу повеќе од станот ама што, каде, колку? Доказ некој ??? Зошто антикорупциска не ги разоткрие тие работи?
 
Хаха... Иванов се има украдено изгледа. :)
Македонија пропадна од него.

БДСЧ
 
Ivanov se hrani vo narodna kujna?

Инокс-кујната за Иванов изеде 160.000 евра

Станува збор за набавка на стотина најсовремени апарати од нерѓосувачки челик, односно инокс. Тие се наменети за главната и за помошната кујна во резиденцијата, во која се подготвува храната за претседателот, неговото семејство и за „високите“ гости.
 
Бране чувај си го станчето да не ти го украде Ѓоле!!! Клуч на врата, дур самоутепаниов те предупредува. Знае тој.
 
Инокс-кујната за Иванов изеде 160.000 евра

Станува збор за набавка на стотина најсовремени апарати од нерѓосувачки челик, односно инокс. Тие се наменети за главната и за помошната кујна во резиденцијата, во која се подготвува храната за претседателот, неговото семејство и за „високите“ гости.

Кога фабриката за перење мозок ќе проработи, ќе треба Виндоус 3.1 бар да го надоградите до Виндоус 98.
Инокс кујната е на Претседателот на државата на РМ, не е на Иванов и е 6% од парите потрошени за резервните делови за тенковите на Бучковски.
 
e so go pobara sega buckoski?
ovde e muabetot za ivanov i za crvenkoski
branko prijavil tolku ako ima poveke neka mu najdat
a zosto ne go objavuvaat na ivanov?
za da moze da potkradne neso i posle da go objavat sose toa?a?:pos2:
 
Re: Имотот на Црвенковски без промени, на Иванов не се соопштува

:pov:
 
Незнам за Иванов, но Бане може да им послужи како пример на идните генерации политичари.

Aко го следат сите примерот на сранко државава бетер ќе биде:wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom