Кој е Исус Христос?

O

Omer el Faruk

Гостин
" И не говорете: "Тројца се!" Престанете, тоа вие подобро ! Аллах е само еден Бог..." ( Ен-Ниса: 171)
 
KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
@ Let 3 & RAYTHEON23
Дечки бе ... Колку и да звучи смешен муабетот ваљда сте свесни дека е навреда на религиозна основа , нели ???
@ Let 3
Се слагам со твоето предходно изразено мислење . Мислам секој од нас на прво место е човек . и ништо повеке ... па макар и Јешуе ( точниот изговор на името BTW али транскрипциата е Џошуа)
@Бат-Елохим
ובכן נפגשו
Многу ми е мило да видам некој да ги знае стиховите кои ти се во попис , преводот беше ако не се лажам :
„радувај се , радувај се керко на Зион
Извикај гласно Израел
Пеј и радувај се
О Јерусалем “

@Omer el Faruk & allahov_rob & Musab
Не мислам дека е во прашање дали е син божји или не . Важно е мислам повеке како секој од нас гледа на личноста Исус , Иса , Јешуе или како и да го наречат .
Факт е дека дури и во нај Христианско пријателските евангелиа тој самиот не се нарекува дирекно син божји . Како тоа е преведувано и едитирано мислам дека не е од значење .

И сега моето мислење . Па мислам дека бил човек , ама поголем човек од сите луге . Секој кој е способен да проповеда мир , разбирање , љубов , прошка и притоа да си се придржува на сопствените правила ( Иако немам докази дека го правел ) е поголем човек од сите други . Независно од то дали сум атеист или не . Филозофиата е супер . Малку тешка за примена али сепак добра .
 
Б

Бат Елохим

Roni Roni Bat Zion
Heriu Yisrael
Simchi V'altsi B'chol Lev
Bat Yerushalayim

Rejoice rejoice daughter of Zion
Shout aloud
Sing rejoice with all your heart
O Jerusalem

For the Lord has taken your punishment
Destroyed your enemies
King of
Lord of all is He
In the midst of us
He is mighty

Heshir hashem mishpotaich
Pina oyvech
Melech Israel
Adonai
Bekirbech
Al tirai

For the Lord your God in the midst of you
Mighty is His name
Rejoicing over you
With songs of gladness
Sing joyfully
He will save us

една од поомилените ;)
 
A

ateist

Гостин
Кој е Исус Христос?
по убедување бил идеалист
1)антинационалист
2)антифашист (против светото тројство = една држава еден народ една религија)
3)антикапиталист ЗНАЧИ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ
4) против постоење на државата и владетели освен по исклучок таму каде има примитивно население со крајно низок степен на општествена свест и култура

карактерно знаел и да избувне како сцената кога им раскршил тезги на продавачи но знаел и да сочуствува со луѓето ..итн итн

е како ИЗГЛЕДАЛ ИСУС ?

ЕВЕ ВАКА :

ЛИЧНОСТА ИСУС ХРИСТОС .....КОЈА НЕЕ БИОЛОШКО ТЕЛО...ТУКУ ЛИЧНОСТ

..............................ВИДЛИВИОТ БОГ ..............................

Дали стварно треба да се имаат специјални “духовни наочари” како што препорачуваат религиозните па за да сме можеле да го видиме невидливиот Бог .Не би рекол дека е така оти веке дел од негов изглед опишале и самите апостоли ..нели самите ќе речат -“како што има биолошко тело така има и внатрешен човек – ЛИЧНОСТ (духовно тело)” која преку мозокот управува со боиолошкото тело …(Елимелах- Бог е Човек...ама нее телесен )....односно Човек-Бог-Личноста-Јас...Па како отприлика изгледа...
- има образи...чесност , кредибилитет
- има уши----слух за потреби и проблеми на друг, разборитост
- има нос---моќ да насети нечји намери ...Павле- “ние сме благопријатниот Божји мирис”..подосливост ..кога ќе речеш “со тој /таа/тие не се мирисаме многу”
- има чело –гордост , самопочит
- има и очи --- моќ на согледување , предвидување....Павле- “тие се или слепи или кусогледи”…..еее сигурно не мислел да им препишува диоптер за наочари
- а и гладен сум----се хранам со мотивации.....Павле –“вашата трпеза на љубовта”.....Христ- “јадете од моето тело”
- и жеден сум ----пијам информации ...(нели проток на информации)..е со ваква “вода” крштавал Јован.........зборови од ангелски речник...вода-информираност, воздух- инспирираност , земја –дефинираност....од овие елементи бил создаден Адам
- имам и бубрези...исфрлам отфрлам вишок непотребни информации
- имам и срце –чуствено мисловно емоционална насоченост ,посветеност
- е да имам и крв ---искуствено емоционално прихранувачки мотивации...нели а Мојсеј –“душата на човекот-личноста е во крвта”(3Мојсеева17-ред11...”бидејќи душата на сeкое тело е во неговата крв.....”) ама не во биолошката туку во оваа на личноста....а веќе ја дефиниравме... ДЕФИНИЦИЈА
Душа е способност можност на умно разумните битија да креираат/ создадат сопствени Вредносно емоционални критериуми / системи и тоа
а ) во однос на себе - " физичко тело треба да се негува колку да функционира " – Павле- а треба да се надградува личноста
б) во однос на други луѓе , општство во кое (не) живее , своја или други заедници на луѓе итн
И овој збор доаѓа од ангелски речник и лесно се решава " зла душа (злонамерна) , добра душа( добронамерна ) , ситна душа , бездушник ,о ,а " итн....
- е да имам и бели дробови дишам----капацитетен сум можам да разберам и бидам инспириран од дух-идеал..и ова го дефиниравме... ДЕФИНИЦИЈА
Способноста / можноста умно разумните битија да ( тежнеат да ) вршат свесно планирани активности се нарекува дух

- имам и желудник---смисливост , незамисливост, не/прифатливост
- коски---оформен непроменлив карактер...(стара коска) Павле- “вашето да дабиде да и не да биде не”....имам и рбет- кичма...знам да стојм исправено со елементарно достоинство
- ма имам и плеќи----го издржувам товарот на времето,(бремато) , борбата..
- даа имам и мускули----сила на аргументи , аргументираност , поткрепеност со докази..
- и жили---издржливост, отпорност на надворешни тешкоти во животот
- ма имам и раце---можам да допрам до чувства , емоции на други луѓе...можам да ги засегнам
- ехе имам и нозе---се движам по патот на мирот, прогресот, развојот .. или накаде сакам
- колку сум висок (голем)?--- епа толку колку ми пораснала општествената свест (Светиот дух)
- солен сум – пристрасен.....Хр –“бидете солени”….
- И благ сум----доброчуден , добронамерен , пристоен , пријатен и културен ......ама кога сакам
- е да имам и црн дроб – сите отровни нформации, труење со туѓи злонамерни пропаганди тука ги разложувам до непостоење и безопасност
- понекогаш сум топол –приемчив ,контактибилен , сакам да сослушам и разберам други
- ее некогаш сум студен ---одбоен , неконтактибилен , немам разбирање за други...... и Хр вели во Откровение3-ред 16....”и бидејќи си млак (опортунист) и не си ниту жежок ниту студен, ќе те изблујам (исповраќам)од Мојата уста”
- а се родив пред неколку години ....бев задоен со идеологија (слово-докрина )..оти ...апостоли –“во Бог нема машко или женско “…ама Бог го создаде машкото и женското.........”машкиот и женскиот капацитетен идеалист ги создаде”........машкиот кој расте до критично ниво зрелост кога може да даде пример и да го импрсионира со дела или моќ на убедување (со тоа станува Господ – создавач)женскиот дораснат возрасен идеалист да го инспирира вдахнови оплоди така што ....апостоли – “Стариот човек личност ќе мора доброволно да си оди (“умре”) а да се роди (по дух – идеал) Новото Создание -Личност”..е вака бестелесно се родил и Исус………..Павле на возрасни луѓе им се обраќа-“ ве хранам со течна бебешка храна”…..хааха....сигурно не биле без заби.....и Павле – “да ве омажам за Христос”..а им се обраќа на мажи и жени.....идеолошка пенетрација.
- е сега пораснав “затанав на свој нозе”-моќ за самостојно одлучување и преземње одговорност
- тежок сум----за убедување
- имам прсти-вештост, умешност
- имам и стапала и зглобови –ми даваат стабилност и можност за одредено маневрирање
- итн итн .....друго кој сака може сам да си најде.
.
.
.

Галатјани: 4:19 деца мои, кои пак сум во породилни маки, додека Христос се вообличи-ОТЕЛОТВОРИ ОФОРМИ во вас. (Павле ги " раѓа " )

ЈАСНО СЕ КАЖУВА ДЕКА СИТЕ ШТО ТОГАШ САКАЛЕ ВЕЧЕН ЖИВОТ МОРАЛЕ ДА ЈА ОТЕЛОТВОРАТ ИСТАТА ЛИЧНОСТ НА ИСУС ХРИСТОС
 
allahov_rob

لا اله الا الله محمد رسول
Член од
7 мај 2009
Мислења
728
Поени од реакции
12
Samo kazi iskreno po koj pat ova go pastiras...? Otoci:toe::toe:
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Поздрав и на тебе Спирос
Искрено ме изненади посебно болдираното. Брате ,како што знаеме двајцата Аллах џ.ш или Бог е Семокен .А очигледно Исус како што го знаеме од Библијата не е ни Семокен,знаењето му е ограничено ...
Шалом алеијхем, побратиме Musab!

Само БОГ (Елоах, Алах) , чијашто *Вечна ВОЛЈА, *Вечна МУДРОСТ, *Вечна МИЛОСТ наместо земја, човечко семе или билокаква друга творевина се отелотвори во ИСУС, е семоќен!

Тој Величенсвен БОГ кој што не живее во обожавани камења, склуптури, слики, дрва, ..., нити пак во храмови првени од човечка рака, беше и е во совршеното чисто срце ИСУСОВО!

Само пред Него се поклонуваме и само на Него се молиме, само од Него Милост очекуваме и - Елахмдулилах - ја добиваме!

Ниеден друг пророк, ангел, книга или билошто друго може да се спореди со Волјата БОЖЈА, Мудроста БОЖЈА, Милоста БОЖЈА која за спасение на сите се отелотвори во ИСУС!

Преку неа е сё создадено и таа е поважна од сё!
Кога се вели поважна од сё тогаш се мисли поважна од ангели, пророци, книги, да дури поважна од ограничени книги и пророци како што се некои од обожаваните и за жал злоупотребуваните Свети книги и пророци на овој свет!

Човекот може да биде спасен без обожаваните ограничени Свети книги и пророци, но неможе никако да биде спасен без тоа што наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба се отелотвори во ИСУС?

Знаеш ли - драг побратиме - што наместо земја, машко семе или било каква поинаква творба се отелотвори во ИСУС?

Знаеш ли дека Мудроста БОЖЈА е многу поголема дури и од Библијата која прекрасно сведочи за неа, но не и поголема од БОГА?

Јас признавам и не се страмам од тоа дека Мудроста БОЖЈА, Милоста БОЖЈА, Волјата БОЖЈА која наместо земја, машко семе или билокава поинаква творба се отелотвори во ИСУС, мие поважна и од Библијата, од секоја друга Света книга, секој друг ангел, пророк, ... !

А тебе, побратиме? Што тие поважно од најважното?

Селам!

" И не говорете: "Тројца се!" ...
БОГ е ЕДЕН!

1 БОГ
1 ДУХ
1 СЛОВО

Фален и Славен да е засекогаш, во срцето и името Христово!

Елхамдулилах + Алилуја + ХалелуЈАХ!
 
Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Поздрав побратиме спирос
Добар пример имаш дадено за развој на дискусијата ,но толку и нелогично а и недоволен.Иако сум ти дал многу примери и од самата Библија само на моите две-три реченици си одговорил,што претпоставувам или не можеш да ми одговориш ,или немаш воља затоа или не го признаваш и самата Библија или делумно што вагам заклучок од твојот пост, ако не е така само демантирај ме дека не е така и по можност одговори ми на прашањата ,што значи треба против аргументи да ми даваш.

Шалом алеијхем, побратиме Musab!

Само БОГ (Елоах, Алах) , чијашто *Вечна ВОЛЈА, *Вечна МУДРОСТ, *Вечна МИЛОСТ наместо земја, човечко семе или билокаква друга творевина се отелотвори во ИСУС, е семоќен!
побратиме, Исус не бил семокен ,човек не може да биде семокен тоа го гледаме и во самата Библија .Бог треба отсекогаш да постои,спрема тоа нешто што завзема место,простор,тело,материја не може да биде Бог.Така да Исус беше тело (како одговор на твоето ‘‘отелотвори‘‘)беше човек.исус не постоеше после се создаде и према вас беше убиен.Прво беше дете ,после порасна,јадеше ,пиеше,како нас зборуваше,за да живее,беше зависен од многу работи како секој човек,тој што е зависен може ли да биде Бог? Исус бегаше велите и самите, се криел па после евреите го фатија и го обесија .Па натаму многу се разочарал Исус поради ова ,па барал чаре за неговата ситуација ,да беше отелотворен немаше да се спаси од овие и да ги уништи?Зошто се разочара ? зошто се криеше? не ми е јасно

Тој Величенсвен БОГ кој што не живее во обожавани камења, склуптури, слики, дрва, ..., нити пак во храмови првени од човечка рака, беше и е во совршеното чисто срце ИСУСОВО!
Братче ,си бил некогаш во црква? слики,скулптури,дрва ,направени од човечка рака колку сакаш

Само пред Него се поклонуваме и само на Него се молиме, само од Него Милост очекуваме и - Елахмдулилах - ја добиваме!
Братче нај интересно ми дојде ова ,како ми е познато од некаде ,затоа што 40 пати дневно Сура Фатиха
U ime Allaha, Milostivog, Samilosnog 1. Tebe, Allaha, Gospodara svjetova, hvalimo,
2. Milostivog, Samilosnog,
3. Vladara Dana sudnjeg,
4. Tebi se klanjamo i od Tebe pomo} tra`imo!
5. Uputi nas na pravi put,
6. na put onih kojma si milost Svoju darovao,
7. a ne onih koji su protiv sebe srd`bu izazvali, niti onih koji su zalutali!

Ниеден друг пророк, ангел, книга или билошто друго може да се спореди со Волјата БОЖЈА, Мудроста БОЖЈА, Милоста БОЖЈА која за спасение на сите се отелотвори во ИСУС!

Преку неа е сё создадено и таа е поважна од сё!
Кога се вели поважна од сё тогаш се мисли поважна од ангели, пророци, книги, да дури поважна од ограничени книги и пророци како што се некои од обожаваните и за жал злоупотребуваните Свети книги и пророци на овој свет!

Човекот може да биде спасен без обожаваните ограничени Свети книги и пророци, но неможе никако да биде спасен без тоа што наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба се отелотвори во ИСУС?

Знаеш ли - драг побратиме - што наместо земја, машко семе или било каква поинаква творба се отелотвори во ИСУС?

Знаеш ли дека Мудроста БОЖЈА е многу поголема дури и од Библијата која прекрасно сведочи за неа, но не и поголема од БОГА?

Јас признавам и не се страмам од тоа дека Мудроста БОЖЈА, Милоста БОЖЈА, Волјата БОЖЈА која наместо земја, машко семе или билокава поинаква творба се отелотвори во ИСУС, мие поважна и од Библијата, од секоја друга Света книга, секој друг ангел, пророк, ... !
Побратиме ,кога реков нелогичности на ова си мислев, ако ја немаш Библијата како ке ја спознаеш Исус? братче и го имате Бибилијата па има збрки во толкувањето а камоли да го нема, за разлика од тоа што авторот на Бибилијата не се знае ,кај нас тоа е Чесниот Куран во кој се зборовите на Аллах џ.ш

А тебе, побратиме? Што тие поважно од најважното?

Селам!
За мене братче ,поважно од најважното е Аллах џ.ш да биде задоволен од мене

Поздрав и се најдобро со надеж дека ке ми одговорите на претходните постови
 
allahov_rob

لا اله الا الله محمد رسول
Член од
7 мај 2009
Мислења
728
Поени од реакции
12
mashalah musa....
 
B

Blacks

Гостин
Високо интелегентен човек кој што своевремено успеал да убеди илјадници луѓе дека постои Бог а згора на сето тоа дека токму тој е неговиот син. После неговата смрт добива статус на маченик а со тоа бројот на следбеници на неговото учење нагло се зголемува за да 2 милениуми подоцна 70% од населението на светот верува во неговата идеологија. Навистина му се восхитувам на неговата итрина и снаодливост но како и на неговите ораторски способности. Учењата му се на место и ги почитувам но не како на нешто кажано од надприродно суштество туку како на обичен човек пошто тоа и бил.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Поздрав побратиме спирос
...
Здравје и среќа да имаш, побратиме Musab!

Совршената Волја БОЖЈА која наместо земја, машко семе или билокаква понаква творба се отелотвори во ИСУС е поголема, посветла и помоќна од сё во безкрајниот универзум, но не поголема и од БОГА (Елоах, Алах)!

Ти побратиме - како и многу други - ја ограничуваш Совршената Волја БОЖЈА на книга пишана со мастило или слично и затоа никогаш не ќе можеш по тој пат потполно да ја осознаеш природата на ИСУС!

Во ИСУС се крие тајната која е сокриена од сите оние книжници и мудреци на кои им треба нешто опипливо за да можат да веруваат во Чудесниот БОГ и Неговата СОВРШЕНА ВОЛЈА!

Мене и на моите браќа и сестри и книгите и мудростите ни се важни но никогаш колку Вечниот ВЕЛИЧЕНСТВЕН БОГ, Неговото Вечно СЛОВО и Вечен ДУХ, Кој за спасение на сите се отелотвори во ИСУС и ни ја покажа СОВРШЕНАТА ВЕРА, СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ!

И покрај тоа што отелотворението на Мудроста БОЖЈА во секое време можеше да ги уништи и убие Неговите непријатели, Тој тоа не го стори бидејќе тоа ќе беше доказ дека Неговата вера во БОГА не е потполна и Совршена, туку дека повеќе верува на овој живот одколку на Рајот БОЖЈИ!

Совршениот верник (евреин, христијанин, муслиман) ИСУС, немаше потреба да ги убива убијците бидејќи тие самите се казнуваат и дури ги казнуваат своите сопствени деца! Неговата единствена потреба беше да ни ја покаже безкрајната Љубов БОЖЈА , СОВРШЕНИОТ ПАТ и нашето Спасение!

ИСУС никогаш не се клањал кон камен, склуптури, слика, ... или нешто слично, бидејќи Тој ја наведнуваше главата само пред Оној Кој е Вистински во Неговото свето Срце!

Но, дури и отелотворението на Вечната Мудрост БОЖЈА Која е повисока и помоќна од сета творба не е моќна без БОГА и затоа во моментот кога БОГ (на кратко, за да се исполнат пророчанствата на пророците) се одвои од Него, вели: ЕЛИ! ЕЛИ! Лама свахтани?

Затоа, само БОГУ Фала и Слава, во Името и Срцето на Господ ИСУС!

АМИН

Братче нај интересно ми дојде ова ,како ми е познато од некаде ,затоа што 40 пати дневно Сура Фатиха

U ime Allaha, Milostivog, Samilosnog 1. Tebe, Allaha, Gospodara svjetova, hvalimo,
2. Milostivog, Samilosnog,
3. Vladara Dana sudnjeg,
4. Tebi se klanjamo i od Tebe pomo} tra`imo!
5. Uputi nas na pravi put,
6. na put onih kojma si milost Svoju darovao,
7. a ne onih koji su protiv sebe srd`bu izazvali, niti onih koji su zalutali!

Побратиме Musab, тебе тие интересно но мене познато дека СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ е далеку пред пророкот мухамед (с.а.в.с) а ќе биде и после него. Иншалах!

Еден ИСЛАМ како што ни го покажа ИСУС, отелотворението на СОВРШЕНАТА ВОЛЈА, МИЛОСТ, МУДРОСТ БОЖЈА!

Еден ИСЛАМ во кого апсолутно нема крвопролевање, никаква похлепа, солзи, болки, ...!
Еден ИСЛАМ кадешто и мажите и жените и старите и децата и црните и белите и богатите и сиромашните ... се потполно рамноправни и среќни во БОГА!

Еден ИСЛАМ кадешто никој дури и пророците нема да земаат повеќе од верниците, туку ќе земаат дури и помалку (како што ни покажа ИСУС) за да им бидат ВИСТИНСКИ ПРИМЕР на ВИСТИНСКИОТ ИСЛАМ!

Овој (Исусов БОЖЈИ ) ИСЛАМ, ова Царство БОЖЈЕ доаѓа и никој не ќе може да Го спречи!:helou:

Алилуја! Елахмадулилах! ХалелуЈАХ!
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Spiros ти Мухамедин си или Христианин?
 
R

RAYTHEON23

Гостин
KeleS;2641446[FONT=Arial Black напиша:
]@ Let 3 & RAYTHEON23
Дечки бе ... Колку и да звучи смешен муабетот ваљда сте свесни дека е навреда на религиозна основа , нели ??? [/FONT]
@ Let 3
Се слагам со твоето предходно изразено мислење . Мислам секој од нас на прво место е човек . и ништо повеке ... па макар и Јешуе ( точниот изговор на името BTW али транскрипциата е Џошуа)
@Бат-Елохим
ובכן נפגשו
Многу ми е мило да видам некој да ги знае стиховите кои ти се во попис , преводот беше ако не се лажам :
„радувај се , радувај се керко на Зион
Извикај гласно Израел
Пеј и радувај се
О Јерусалем “

@Omer el Faruk & allahov_rob & Musab
Не мислам дека е во прашање дали е син божји или не . Важно е мислам повеке како секој од нас гледа на личноста Исус , Иса , Јешуе или како и да го наречат .
Факт е дека дури и во нај Христианско пријателските евангелиа тој самиот не се нарекува дирекно син божји . Како тоа е преведувано и едитирано мислам дека не е од значење .

И сега моето мислење . Па мислам дека бил човек , ама поголем човек од сите луге . Секој кој е способен да проповеда мир , разбирање , љубов , прошка и притоа да си се придржува на сопствените правила ( Иако немам докази дека го правел ) е поголем човек од сите други . Независно од то дали сум атеист или не . Филозофиата е супер . Малку тешка за примена али сепак добра .
епа ние сме сериозни...лет спомна алху еклер јас прашав кој е тој....што тука не е јасно?????

а чим мислиш дека е човек тогаш не е навреда.
 
Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Здравје и среќа да имаш, побратиме Musab!

Совршената Волја БОЖЈА која наместо земја, машко семе или билокаква понаква творба се отелотвори во ИСУС е поголема, посветла и помоќна од сё во безкрајниот универзум, но не поголема и од БОГА (Елоах, Алах)!

Ти побратиме - како и многу други - ја ограничуваш Совршената Волја БОЖЈА на книга пишана со мастило или слично и затоа никогаш не ќе можеш по тој пат потполно да ја осознаеш природата на ИСУС!
Поздрав спирос ,
побратиме јас ништо не ограничувам,јас ти велам дека Аллах е Еден а Мухаммед с.а.в е негов пратеник,мегу другото и имало и други пратеници кои тука може да го спознаеме и Иса а.с (Исус) ,а Чесниот Куран е Аллаховит збор и патоказ за нас.Гледаш колку едноставно и задоволувачко ,не треба многу објаснување и дообјаснување како отелотворен и сл.

се крие тајната која е сокриена од сите оние книжници и мудреци на кои им треба нешто опипливо за да можат да веруваат во Чудесниот БОГ и Неговата СОВРШЕНА ВОЛЈА!

Мене и на моите браќа и сестри и книгите и мудростите ни се важни но никогаш колку Вечниот ВЕЛИЧЕНСТВЕН БОГ, Неговото Вечно СЛОВО и Вечен ДУХ, Кој за спасение на сите се отелотвори во ИСУС и ни ја покажа СОВРШЕНАТА ВЕРА, СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ!
Брате,една нелогичност како тројство вага уште милион нелогичности многу комплицирани никако јасни и разбирливи .дека Исус умрел за да се спасиш ти е многу нејасна и необјасниво (ке треба друга тема за ова) А без Аллаховиот збор сме никој и ништо ,ништо нема да разбереме ако го немаме Мухаммед с.а.в (но и ова е за друга тема)

И покрај тоа што отелотворението на Мудроста БОЖЈА во секое време можеше да ги уништи и убие Неговите непријатели, Тој тоа не го стори бидејќе тоа ќе беше доказ дека Неговата вера во БОГА не е потполна и Совршена, туку дека повеќе верува на овој живот одколку на Рајот БОЖЈИ!

Совршениот верник (евреин, христијанин, муслиман) ИСУС, немаше потреба да ги убива убијците бидејќи тие самите се казнуваат и дури ги казнуваат своите сопствени деца! Неговата единствена потреба беше да ни ја покаже безкрајната Љубов БОЖЈА , СОВРШЕНИОТ ПАТ и нашето Спасение!
Братче овој пат да не оставиме за друга тема одма ке те демантирам,така да верувам дека или не знаеш или немаш приметено вака:

Што вели Исус во Матеј? 5-17
17 ”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.

Значи велит дека не дошол да го укине претходниот закон на Мојсеј (а.с) каде му било дозволено да води војна .

Братче пошто на Исус тевхидот му бил многу краток помалце од три години тој не можел да ја примени ова .Исус, имал само 10тина приврзаници ,па немал можност да ратува со мокните римјани.Но знаеме спрема Бибилијата дека кога Исус слушал за плановите на евреите спрема него ,самиот многу се вознемирил и барал чаре .пред да го фатат таа вечер ,дење тој ова го велит:
Лука 22
36 И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека го земе; исто така и торба; а кој нема нека ја продаде својата наметка и нека си купи меч;

Значи братче Исус наредува да купат меч за да ратуваат за да се спаси,очигледно дека да имал доволно луге и оружје сигурно би се борел,и би покушал да се спаси.Да ли треба уште објаснување?

никогаш не се клањал кон камен, склуптури, слика, ... или нешто слично, бидејќи Тој ја наведнуваше главата само пред Оној Кој е Вистински во Неговото свето Срце!
Да братче ,потполно се слагам со тебе Иса а.с (Исус) се кланјал само пред Него ,и се молел само на Единствениот Аллах џ.ш и тоа пагајки ничице,како денешните муслимани.

Но, дури и отелотворението на Вечната Мудрост БОЖЈА Која е повисока и помоќна од сета творба не е моќна без БОГА и затоа во моментот кога БОГ (на кратко, за да се исполнат пророчанствата на пророците) се одвои од Него, вели: ЕЛИ! ЕЛИ! Лама свахтани?

Затоа, само БОГУ Фала и Слава, во Името и Срцето на Господ ИСУС!

АМИН
Побратиме многу добро што ме потсети
Матеј 46
Исус рекол ЕЛИ ЕЛИ ЛАМА СВАХТАНИ?
во превод: БОЖЕ БОЖЕ ЗОШТО МЕ ОСТАВИ?

Зар не ти се доволни овие последни зборови на Исус каде наводно оставил да умре за да ги спаси лугето и да ги чисти нивните гревови,зар не ти е доволен доказ дека уствари исус не е Бог?

поздрав и се најдобро побратиме
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Шалом алеијхем!

Ах побратиме мусаб, Писмата може да ги чита секој но да ги разбере може само оној на кого БОГ ќе му се смилува и ги отвори!

Кога ИСУС им вели на своите ученици да купат нож, тоа Го вели за да се исполнат пророчанствата кои БОГ им ги даде на вистинските пророци, дека совршениот праведник ќе биде меѓу разбојници вбројан.

Но тука кај тебе и кај многу други - свестно или несвестно - се јавува противење на СОВРШЕНАТА ВИСТИНА која е БОЖЈАТА Совршена ВОЛЈА, Совршена МУДРОСТ, Совршена МИЛОСТ (ХРИСТОС) и Која за спасение на сите (а посебно на тие што веруваат) се отелотвори во ИСУС!

На таа прекрасна БОЖЈА ВОЛЈА се противеше, со неа се израмнуваше и дури повисок од неа се издигаше и египетскиот фараон, па затоа и го изгуби најмилото првородено машко чедо, нанесувајќи на себе и на своите следбеници голема душевна и телесна штета.
Така и пророкот мухамед (с.а.в.с.) застрани и се израмнуваше со БОЖЈАТА СОВРШЕНА ВОЛЈА (ХРИСТОС) и Неговиот ИСЛАМ, - наместо само да ги повика тие што застранија од СОВРШЕНИОТ ПАТ - и затоа мораше и тој да остане без машко наследство! Но не само тој туку секој ќе го добие заслуженото ако не престане да ја омаловажува БОЖЈАТА СОВРШЕНА ВОЛЈА, СОВРШЕНА МИЛОСТ, СОВРШЕНА МУДРОСТ (ХРИСТОС), отелотворена во ИСУС!
Поради таквите противења и незслужни споредувања со ХРИСТОС и доаѓаат големите и мали војни, земјотреси, зарази, катастрофи ... а посебно и огнот што се спрема за неверниот свет кој несака СОВРШЕНАТА ВОЛЈА БОЖЈА да ја признае за свој ГОСПОД!

Те молам побратиме немој да шириш невистина дека СОВРШЕНАТА ВИСТИНА И ПАТ е комплицирана !
Таа СОВРШЕНА ВИСТИНА не е комплицирана освен за оние кои што се загубени!
Тој СОВРШЕН ПАТ не е тежок иако е тесен, тој е животопријатен и лесен!

Темата тука побратиме е: Кој е Исус Христос?

Јас секому - преку Милоста БОЖЈА што мие дарена - сведочам дека ИСУС е отелотворената СОВРШЕНА ВОЛЈА БОЖЈА, МУДРОСТ БОЖЈА, МИЛОСТ БОЖЈА без која нема спасение за никого!
Дека таа е СОВРШЕНАТА ВИСТИНА и ПАТ поголема од секоја обожавана книга, обожаван ангел, обожаван пророк, ...!

Тој е ИСУС ХРИСТОС СПАСИТЕЛОТ!

...
Зар не ти се доволни овие последни зборови на Исус каде наводно оставил да умре за да ги спаси лугето и да ги чисти нивните гревови,зар не ти е доволен доказ дека уствари исус не е Бог?

поздрав и се најдобро побратиме
Со тој чин за милиони спасени души престанува носење оружје и убивање луѓе, кражби, прељубодејствија, похлепи кон полнолетни и неполнолетни жени, деца, ... со тој чин почнува каењето на сите спасени!
Не би било лошо да се покаеш за себе и за твоите предци, да признаеш дека во ИСУС не се отелотвори земја како во случајот на првиот човек адам или машко семе како во случајот на од многумина по грешка како последен пратеник величаниот пророк мухамед, туку во ИСУС се отелотвори СОВРШЕНАТА ВОЛЈА, МУДРОСТ, МИЛОСТ АЛАХОВА која е единствен Вистински СПАСИТЕЛ !

Ќе повторам уште еднаш!

ВОЛЈАТА, МУДРОСТА, МИЛОСТА БОЖЈА - отелотворена во ИСУС - е единствениот Вистински СПАСИТЕЛ и ГОСПОДАР на спасените!

Можеби си збунет, не разбираш и ти изгледа комплицирано? Немај гајле, ќе објаснам а ако треба и ќе нацртам!

БОГ е поголем од Господа, но од Него пак не е никој друг поголем, нити Ангел, нити Пророк, нити Книга, нити ништо друго, туку сё мора да Му се покори и поклони ако сака да биде спасено!

Се надевам дека ќе се омекнат и отворат срца за СОВРШЕНАТА ВИСТИНА!

Иншалах

Spiros ти Мухамедин си или Христианин?
БОГ е ЕДЕН!

Читај го потписот и ќе ти каже сё!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom