Кој е Исус Христос?

Член од
12 мај 2009
Мислења
46
Поени од реакции
3
Кој е Исус Христос?

Прашање: Кој е Исус Христос?

Одговор:
Кој е Исус Христос? За разлика од прашањето дали Бог постои, многу малку луѓе се сомневаат во постоењето на Исус Христос. Обично се прифаќа дека Исус Христос бил едноставно човек, Кој живеел на земјата на денешен Израел пред 2000 годидни. Дебатата започнува кога се поставува прашањето околу целокупната личност на Исус Христос. Скоро секоја од поголемите религии прифаќа, дека Исус бил пророк, добар учител, благочестив човек. Проблемот доаѓа од тоа, дека Библијата со сигурност ни кажува дека Исус Христос, без сомневање, е повеќе од пророк, добар учител или благочестив човек.

Во својата книга „Обично христијанство“ К.С. Луис вели: „ Се обидувам да ги пазам луѓето да не ја кажуваат таа глупост, која често пати сум ја слушал да ја кажуваат за Него (Исус Христос): `Готов сум да Го прифатам Исус Христос како велик морален учител, но не сум готов да го прифатам Неговото претендирање, дека е Бог.` Тоа е нешто што не треба да го кажуваме. Човек, кој е само човек и ги кажува овие работи што Исус ги кажал, не би бил велик морален учител. Тој би бил или луд (на нивото на човек, кој тврди дека е сварено јајце) или би бил самиот ѓавол излезен од пеколот. Ти треба да избереш. Исус Христиос бил и сеуште е Божјиот Син, или бил луд или нешто уште полошо... Можеш или да го затвориш во лудница зашто е малоумен, или да го исплукаш или убиеш како зол дух, или да паднеш пред Неговите нозе и да Го наречеш Господ и Бог. Но нека да престанеме со тие понижувачки глупости дека Тој бил еден велик учител на луѓето. Исус не ни остави таква можност за избор, ниту имал таква намера.“

И така, што кажува Исус за Себе – Кој е Тој според Неговите зборови? Што кажува Библијата за Него. Прво нека да ги разгледаме зборовите на Исус во Јован 10:30 „Јас и Татко ми едно сме.“ На прв поглед не изгледа дека Исус кажува дека е Бог. Но нека да видиме како возвраќаат јудејците на таа Негова изјава: „Не Те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство – зашто Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.“ (Јован 10:33) Јудејците ја прифаќаат таа изјава како тврдение дека е Бог. Во следните стихови Исус не ги поправува јудејците и не им кажува: „Не сум кажал дека сум Бог.“ Тоа покажува дека Исус навистина го имал точно тоа во предвид – дека е Бог со зборовите: „Јас и Татко ми едно сме.“ (Јован 10:30) Јован 8:58 е друг пример. Исус кажува: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум пред да се родил Авраам.“ И повторно како одговор на Неговите зборови јудејците земаат камења и сакаат да Го убијат (Јован 8:59). Исус, Кој кажува за Себе „Јас Сум“, всушност директно си го додава староизаветното име на Бога. (Излез 3:14) Зошто јудејците сакале да го убијат Исус со камења ако Тој не кажал ништо, што тие го сметале за богохулство, а именно тврдењето дека е Бог.

Јован 1:1 кажува: „Словото беше Бог“. Јован 1:14 кажува: „Словото стана тело.“ Тоа многу јасно покажува дека Исус е Бог во тело. Тома кажува на Исус: „Мој Господ и мој Бог.“ (Јован 20:28) Исус не го поправа во тоа. Апостол Павле Го опишува како: „...нашиот Семоќен Бог и Спасител, Исус Христос.“ (Тит 2:13) Апостол Петар исто така кажува: „...нашиот Бог и Спасител, Исус Христос.“ (2 Петар 1:1) Бог Таткото исто така сведочи за личноста на Исус Христос: „„А за Синот вели: „Твојот престол, Боже, стои во сите векови и жезол на правдата е жезолот на Твоето Царство.““ (Евреи 1:8) Старозаветните пророштва за Христос исто така ја потврдуваат Неговата божественост: „Зашто ни се роди Дете, Син ни се даде, власта Му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.“ (Исаија 9:6)

И така, како што К.С. Луис кажува, да се верува дека Исус бил добар учител не е една од можностите за избор, што ни се даваат. Исус јасно и беспорно зајавува дека е Бог. Ако не е Бог тогаш е лажго и не би можел да е пророк, добар учител или благочестив човек. Во своите напори да ги објаснат зборовите на Исус, современите „учени“ тврдат дека „вистинскиот историски Исус“ не кажал многу од зборовите, што се запишани во Библијата како Негови. Кои сме ние да спориме со Божјото Слово за тоа што кажал Исус, дали е или не е Бог. Како може еден научник, што живее две илјади години покасно, да има поправилно разбирање за тоа што кажал Исус, од оние што живееле со Него, слугувале со Него и биле поучубвани директноод Него –Исус? (Јован 14:26)

Зошто е толку важно прашањето околу вистинското лице на Исус? Зошто е толку важно тоа, дали Исус е Бог или не? Најважната причина да се знае дали Исус е Бог или не е затоа што ако не е Бог, тогаш Неговата смрт не би била доволна за да ја плати казната за гревовите на целиот свет (I Јован 2:2). Само Бог може да ја плати таа голема казна (Римјани 5:8; II Коринтјани 5:21). Исус сигурно е Бог за да може да плати за нашиот долг. Исус сигурно е и човек за да може да умре. Спасението е возможно само преку вера во Исус Христоис! И токму поради Својата Божественост Исус е единствениот пат за спасение! И поради тоа дека е Бог Тој кажува: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене“ (Јован 14:6).
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Кој е Исус Христос?

Прашање: Кој е Исус Христос?
Одговор:

*Волја БОЖЈА, *Милост БОЖЈА, *Мудрост БОЖЈА во човек отелотворена
За секој што одсрце верува, се надева и љуби - врата небесна, ширум отворена!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
секој од нас е Исус .. секој од нас е Бог ... доколку ги отфрли ограничувањата во мозокот наметнати од околината во која живееме ..:toe:
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
25
Поени од реакции
0
severno makedonec za se
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Исус или во оригинал изговор Џошуа,
Eвреин, наследник на кралската лоза на Давид преку својот татко - Јосиф, мајка Марија, имал браќа Шимун Јуда Јаков и Јосиф, имал и сестри, животот го завршил распнат од страна на Римјаните како неприател на Рим и бунтовник.
Користејќи ја неговата животна прикаска, подоцна Савле го создава Христијанството.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
секој од нас е Исус .. секој од нас е Бог ... доколку ги отфрли ограничувањата во мозокот наметнати од околината во која живееме ..:toe:
Доколку некој од нас - вистински - го одфрлил животонепријатниот индивидуален и колективен егоизам, тој постанал нераздвојна клетка, нераздвојлив член на Живото СЛОВО БОЖЈЕ - Христос!

Дали - како Исус - потполно сме ги одфлиле ограничувањата на идивидуалниот и колективниот егоизам, за да се ставаме со Него во ист ред- драг exlexmk ?

Јас за жал, неможам тоа да го изјавам за мене!

...единствениот преку кој има спасение!
Се сложувам со тебе Бат-Елохим и сведочам секому дека нема друго спасение освен преку *Совршената ВОЛЈА БОЖЈА, *Совршената МИЛОСТ БОЖЈА, Совршената МУДРОСТ БОЖЈА, која наместо земја, човечко семе или било која друга творба, се отелотвори во Исус!

Секој кој што учи нешто друго е или прелажан од лукавиот, или лукав лажливец!
 
Crki

Agnostic 6.9
Член од
1 март 2009
Мислења
143
Поени од реакции
2

Станал КОМУНИСТА во правата смисла на зборот....хехехе
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Доколку некој од нас - вистински - го одфрлил животонепријатниот индивидуален и колективен егоизам, тој постанал нераздвојна клетка, нераздвојлив член на Живото СЛОВО БОЖЈЕ - Христос!

Дали - како Исус - потполно сме ги одфлиле ограничувањата на идивидуалниот и колективниот егоизам, за да се ставаме со Него во ист ред- драг exlexmk ?

Јас за жал, неможам тоа да го изјавам за мене!
треба да започнеш да веруваш во себе а не во некои идоли :toe:
можебо никој од нас го нема одфрлено вистински егоизмот .. но тоа треба да ти биде цел и да се стремиш кон тоа .. а тоа е тешко .. можеби во времето на Исус било полесно но денеска е многууу потешко ...
сепак тоа е тоа .
 
Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Исус а.с е Божји пратеник и никако не е самиот Бог .Малку реалност ке ве замолам ,не барам којзнае што ,на Бог му се молува ,а не се молува на човек ,дајте ми јасни цитати од Библијата каде исус вели самиот дека е Бог и дека вели помолете се на мене
 
:tapp:
и јас ќе те замолам за малце реалност
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
треба да започнеш да веруваш во себе а не во некои идоли :toe:
можебо никој од нас го нема одфрлено вистински егоизмот .. но тоа треба да ти биде цел и да се стремиш кон тоа .. а тоа е тешко .. можеби во времето на Исус било полесно но денеска е многууу потешко ...
сепак тоа е тоа .
Тоа што наместо земја, човечко семе или било каква поинаква творба се отелотвори во ИСУС, е многу повеќе од билокој идол, ангел, пророк, ...!

Единственото во мене што ме прави достоинствен да верувам во себе, е баш тоа нешто што е многу поголемо од мене!

Затоа изјавите со кои некои се споредуваат или нешто се споредува со Исус или со БОГ, - да се изразам понежно - се неумни!

Исус а.с е Божји пратеник и никако не е самиот Бог .Малку реалност ке ве замолам ,не барам којзнае што ,на Бог му се молува ,а не се молува на човек ,дајте ми јасни цитати од Библијата каде исус вели самиот дека е Бог и дека вели помолете се на мене
Селам Musab!

Исус е и БОЖЈИ пратеник и тоа Тој пратеник што беше а и ќе се појави како вистински последен !

Исус е најголемата случка што се случила и што ќе се случи од постанувањето до крајот на светот !

Јас се поклонувам само пред Тој АЛАХ што е во Живата Каба ( ИСУС) и не се страмам од тоа!

А што е со тебе Musab? Што тие тебе поважно: БОЖЈАТА Милост отелотворена во Исус или меканскиот камен?

Слеам!
 
А

Александра Д.

Гостин
секој од нас е Исус .. секој од нас е Бог ... доколку ги отфрли ограничувањата во мозокот наметнати од околината во која живееме ..:toe:
Би се сложила со тебе дека секој од нас е Исус т.е. Бог. Тоа не може секој да го свати, почувствува.

Според мене Исус е олицетворие на сета љубов, нешто кое се крие во секој од нас...
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Би се сложила со тебе дека секој од нас е Исус т.е. Бог. Тоа не може секој да го свати, почувствува.

Според мене Исус е олицетворие на сета љубов, нешто кое се крие во секој од нас...
Внатре, длабоко во секој од нас се крие завиена во парталите на индивидуалниот и колективниот егоизам Мудроста БОЖЈА (Христос) , чиешто остварување во нашиот живот - преку позитивниот развој - е и крајната цел на човечкиот живот!

БОГ да чува и да брани од оние што велат јас сум Исус или дури јас сум БОГ, а живеат како ...!

Дури и кога би живееле како Исус и би достигнале истото што Го достигнал Тој, кога би рекле дека се БОГ би потврдиле дека се далеку од СОВРШЕНАТА ВИСТИНА!

Поздрав
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Би се сложила со тебе дека секој од нас е Исус т.е. Бог. Тоа не може секој да го свати, почувствува.

Според мене Исус е олицетворие на сета љубов, нешто кое се крие во секој од нас...
точно ... :toe:
и повеќе од тоа ..
но за тоа на други теми ..:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom