Виножито - вие и да се прекрстите НИЕ КЕ ОСТАНЕМЕ МАКЕДОНЦИ

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634

Додека цела Грција, и позиција и опозиција, и младо и старо едногласно упорно и бесно... брани нешто што не е нивно, НИЕ сите....партиите институциите медиумите и поединците веке размислуваме за компромис и откажување од нашето име кое е коренот на нашиот идентитет....Од оние кој повикуваа на брза промена па до најрадикалните кој одеднаш смекнаа на разумен но сепак компромис...односно промена..

Ако вие се прекрстите во северно Македонци...тогаш што сме ние??? Јужно Македонци??? било како да биде...

НИЕ КЕ ОСТАНЕМЕ ЕТНИЧКИ МАКЕДОНЦИ И НАШИОТ ЈАЗИК КЕ БИДЕ МАКЕДОНСКИ. Ова е ставот на Македонското малцинство во денешна Грција.

Срам, и жалење за овој народ во Вардарот што тука на слободно, со свои школи универзитети, војска и држава, денес со своите коли, клими мобилки и кафиња е спремен да плукне на своето име и битие, да ги предаде и остави на цедило совите брака во Егеј Пирин Пустец и Гора кој далеку во полоши услови не се откажуваат од МАКЕДОНСКОТО.

полека полека не само што стануваме нација за потсмев кај другите, туку ако прифатиме промена ке станеме генерација за потсмев и презир кај нашите....

-----------------------------------------------------------------

интервјуто подоле

Целиот грчки апарат беше вклучен во спречување на промоцијата на „Виножито“ на минатите европски избори во Грција, вели во интервју за А1 Атанасиос Парисис, член на раководството на Партијата на Македонците во Грција.

Тој не очекува промени во политиката кон македонското прашање по победата на ПАСОК, бидејќи односот се базира на грчкиот национализам.

- Системот на грчката држава е ангажиран, тоа е зачудувачки, некој можеби и не може да верува, но навистина е така - ангажирани се сите, целиот систем ние да не можеме да надминеме некоја бројка, некоја сила.

Тоа е на ниво на државни институции, тоа е така сигурно 100%, и пред некој ден имавме доказ за тоа, кога пратеник од грчкиот Парламент во телевизиската дебата, пред мене призна зошто не зборува со мене на отворено, кон камера, и покрај јакиот притисок што го имаше од координаторот на емисијата, тој призна дека е обврзан од одлуката на сите партии од грчкиот Парламент, одлуката што ја донесоа да не ни даваат место нам, „Виножито“, да бидеме промовирани преку било какви медиуми.

Дали тоа важи и за победникот на овие избори, ПАСОК? Колку ќе промени евентуалната промена на власта на некои наредни избори, бидејќи Папандреу ќе бара вонредни избори по овој изборен успех, дали може да се очекува некако попуштање во правец на решавање на прашањето на македонското малцинство?

- ПАСОК нема да биде прв пат на власт, ПАСОК беше на власт долги години наназад, со ПАСОК имавме доста пати блиски контакти, кога на ПАСОК ние му бевме потребни за да победи на локалните избори во Лерин, тогаш дојдовме во коалиција и навистина тогаш ПАСОК во Лерин победи.

Но, повеќе од тоа не ми се верува дека може ПАСОК да прави, зашто и ПАСОК е дел од системот, ако не системот, кој?

ПАСОК долги години го градеше тој систем и не треба да заборавиме дека времето кога беа организирани демонстрациите во Солун против Република Македонија, против признавањето на Македонија, на власт беше Папандреу. Значи, денешниот ПАСОК не е многу далеку од тој ПАСОК.

Дали би помогнало, да речеме, решавањето на спорот за името? Дали тоа би било чекор во правец на подобрување на положбата на Македонија?

- Зависи на кој начин ќе се реши тој проблем, зависи како вашите власти ќе прифатат да го решат тој проблем. Што значи решение? Какво ќе биде тоа решение? Од тоа какво ќе биде решението - ќе се види дали тоа ќе биде во помош на нас тука или не.

Може да ни се одмогне, не знаеме, уште прашањето е многу отворено. Чисти, јасни ставови за тоа решение нема од ниедна страна.

Повеќе од интервјуто со Атанасиос Парисис погледнете на видеото.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
-Ништо,со “нашиот“ Џорџе многумина од нас ќе мора да се приклучат на Виножито како членови од задграничниот комитет,затоа што споделуваме исти мислења и идеологија за Македонија без некакви “разумни компромиси“.:toe:
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Македонцки, извор?
 
MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Тие се вистинските борци за МАКЕДОНИЈА!!! Тие се во ЕУ и се борат за МАКЕДОНИЈА, а ние за ЕУ ја продаваме МАКЕДОНИЈА!!!

Наместо ние нив да ги поттикнуваме и бодриме, тие го прават тоа за нас!!!

ПАРАДОКСАЛНО И ИРОНИЧНО!!!
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Тие се вистинските борци за МАКЕДОНИЈА!!! Тие се во ЕУ и се борат за МАКЕДОНИЈА, а ние за ЕУ ја продаваме МАКЕДОНИЈА!!!

Наместо ние нив да ги поттикнуваме и бодриме, тие го прават тоа за нас!!!

ПАРАДОКСАЛНО И ИРОНИЧНО!!!
Знаеш,понекогаш притисокот и немаштијата си го прават своето,само најмногу ме чуди што Македонија ја продаваат оние кој се најмалку притиснати и најмалку сиромашни.Можеби носени од фактот дека тие најмногу и ќе изгубат,зошто сиромашниот и просечен но чесен Македонец нема никогаш да го направи “разумниот компромис“.:toe:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

а зар мислиш...дека тие кои ГИ ЗБОГАТИЛЕ, тоа го правеле од алтруизам?????
 
MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Се сложувам со тебе брату...ТОА Е ВИСТИНАТА!!! Само како да го промениме тоа????
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
Знаеш,понекогаш притисокот и немаштијата си го прават своето,само најмногу ме чуди што Македонија ја продаваат оние кој се најмалку притиснати и најмалку сиромашни.Можеби носени од фактот дека тие најмногу и ќе изгубат,зошто сиромашниот и просечен но чесен Македонец нема никогаш да го направи “разумниот компромис“.:toe:
Се дури во собата за престој наместо Гоце Делчев, стои слика (копија) од некој сончев остров со песочни плажи се дотогаш нема да ме чуди зошто ја продаваат.

Инаку..за ова :
Македонија ја продаваат оние кој се најмалку притиснати и најмалку сиромашни.Можеби носени од фактот дека тие најмногу и ќе изгубат,зошто сиромашниот и просечен но чесен Македонец нема никогаш да го направи “разумниот компромис“
100% се согласувам.
а, тоа пак.. уште повеке ме тера да се држам до ставот дека секој што ке се осмели да го промени.. треба дебело да го крка
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
а зар мислиш...дека тие кои ГИ ЗБОГАТИЛЕ, тоа го правеле од алтруизам?????
Не,тоа го правеле од наивност,верувајќи дека “се ќе биде исто само него ќе го нема“,и се заебале.

Се сложувам со тебе брату...ТОА Е ВИСТИНАТА!!! Само како да го промениме тоа????
Лесно,најнапред во Опшинските Комитети нема ни да им оставате место на оние за кој знаете дека дебело се офајдиле во транзицијата,лично или преку нивните родители,а потоа и во Централниот Комитет каде ќе бидат одбрани вистински Македонци,а не дудлачи на “месијата“ кој без да заслужат им доделил функции на “офајдените“.Ете тогаш можеме да размислуваме во интерес на државата,а не за исполнување на сопствените алчни и паразитски принципи од наместената “врхушка“.:toe:
 
Член од
12 јуни 2009
Мислења
28
Поени од реакции
3
Јас се чудам до кога сите вие само ке се замарате и надмудрувате по форуми. Го следам кајгана форумот за политика и вести (претежно) можи една година и повеќе. И шо да ви кажам....ми беше интересно до некое време....си реков абе имало луѓе ( и то млади) со знаат шо навистина се случва(ло) и шо се разбудени македонци во кои ја гледам надежта за Македонија. И имаше неколку обиди демек ај ќе прајме протести ова она не ми текнува сега кој беше баш иницијаторо едно време не ми текнува а ме мрзи да барам сега и шо ништо не испадна ....Сега брзо пак имаше нешто во стилот ајде бе со чекаме ај да се буниме...и тапа пак. Не знам шо се силите ко на крајо ништо не испаѓа.
За менувањето на името не знам шо да речам.Се надевам искрено дека Груевски сака да ја тегни работата дури се можи. И да, мислам дека глумат преговори или разговори или у к... шо и да се(аман веќе) и се надевам дека смислуваат во меѓувреме стратегија некоја за преживување без ЕУ и НАТО. Ама како шо реков се надевам само. Ако не е така и ако планираат да го сменат името (не навлегвам во глупостите референцата, уставното, ти реков ми рече, сите знајме шо се менва) ништо не не спасва. И ќе остани на то и ќе се срамам утре другиден пред деца внуци, ама то е. Ете не се сложвам, ете еден куп овде на Кајгана велите не се сложваме со промена, ама луѓе со можам да напрам? И со можиме да напрајме? Ништо. Знајте зошто? Оти нема критична маса и нема да ја има како шо гледам уште долго.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не,тоа го правеле од наивност,верувајќи дека “се ќе биде исто само него ќе го нема“,и се заебале.

:
akcentot e na GI ZBOGATILE...im ovozmozile da se zbogatat...:) ne deka samite ..тоа го правеле од наивност,верувајќи дека “се ќе биде исто само него ќе го нема“,и се заебале. :)
prvo ne bas da se zaebale...za sebe licno , a vtoro..., ako nekoj ne gi poddrzal, poducil, instruiral......zarem iskreno veruvas deka edna socijalisticka tuturutka, rodena, odrasnata skoluvana vo SOCIJALIZAM tuku taka ke dobie idea, ke smogne hrabrost za da gi napravi site tie "operacii"......na tranzicijata...????
......se sekava li nekoj na izgledot na nasite segasni " drzavnici" so toa salcinjata i mantilite ala Causesku i zbunetite pionerski faci.........i segasniot MAFIJASKI imidz na Brane...ili Gvujo i drustvo...na primer...:)
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
од ден на ден на македонија и е попотребна илегална, полулегална организација која со куршум во чело ќе решава случаи на предавство кон Македонската Нација.
членовите на истата ќе бидат жртви, терористи или наши модерни гемиџии..ама од нивното делување ќе има ќар цела нација.

секоја генерација има своја борба, нашата е до го зачуваме името!
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75

Јас ја поддржувам ваквата идеа. Не сум насилник и најмалку би сакал на мојата Татковина да се покажува со прст (и така веќе се прави тоа) како на опасна , терористичка земја, без правда и демократија , ама нам ни се потребни такви луѓе , кои како и за сите кои имам кажано досега , ќе биде потребно да работат строго само за доброто на Македонија и Македонскиот народ. Искуствата со нашите досегашни лидери покажаа дека тие не се баш загрижени за иднината на нашата земја и народ, во ниту еден поглед, дури и за работите кои се квалификувани и способни да ги направат, заради некои причини остануваат не чепнати. На кој толку му одговара статус квото на Македонија или нејзиното прпоаѓање јас сеуште неможам да си појаснам, зошто ???
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Тоа е на ниво на државни институции, тоа е така сигурно 100%, и пред некој ден имавме доказ за тоа, кога пратеник од грчкиот Парламент во телевизиската дебата, пред мене призна зошто не зборува со мене на отворено, кон камера, и покрај јакиот притисок што го имаше од координаторот на емисијата, тој призна дека е обврзан од одлуката на сите партии од грчкиот Парламент, одлуката што ја донесоа да не ни даваат место нам, „Виножито“, да бидеме промовирани преку било какви медиуми.
Добра стратегија имаат Грците. Изолација на Виножито преку државните институции и медиуми.

Стратегија пак на нашите медиуми е промовирање, ставање на насловни страни и како топ вести, психопати од рангот на Васко Глигоријевиќ и Вранишкоски. :tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom