Славјански
Антички Словен
- Член од
- 2 мај 2008
- Мислења
- 5.644
- Поени од реакции
- 1.346
Читајќи го фељтонот во Вечер со сведоштва на протераните Македонци од Егејска Макаедонија а и припаѓајќи на фамилија која е протерана од Беломорска Македонија добивам потврда за она што значи судбина или поточно кажано, добро осмислен план за разбивање на еден народ.
И ВО ВОЈВОДИНА УЧЕВМЕ ГРЧКИ
Кога стигнавме тука, прво не сместија во манастирот во Слепче, после во Прибилци, па Демирхисарско. Во Прибилци просевме, ни даваа луѓето гравче и лепче. После бевме во Жван, Мургашево... Неколку дена не зеде во Гевгелија кумот Алеко кој работеше на пругата. Одевме по дрва кај реката кога не видоа и свикаа: "Овие да не избегаат за Грција".
Не вратија повторно во Слепче. Дојде наредба да одиме во Војводина. Не однесоа со товарен воз, ни дадоа куќи од швабите во Гаково и Крушевље. Во куќата имавме четири одделенија, во собите калиеви печки, а во бунарите ја најдовме целата покуќнина што ја оставиле Германците што живееја во Војводина пред да заминат. Можеби верувале дека ќе се вратат. За да учиме ни донесоа учители од Грција, од Булкес. И весници донесоа "Фонитис Булкес" (Глас на Булкес). Таму научив грчки. И сега ја знам таблицата на грчки, ако сакаш да ти ја речам, на македонски можеби нема да ја погодам од одма. Во Војводина ни српски не учевме, ни македонски. Само грчки. Таму имаше и улици со грчки имиња, а и нашите ги претопуваа. А имаше и случај еден брат да е Македонец, другиот да се кажува Грк.
"Пак ли и тука грчки ќе учиме", се бунеа нашите во Војводина.
Два пати стан ни дадоа, два пати ни го зедоа. Го молевме, главниот да не го зема внукот во војска за да помага како машка глава во Мичурин, каде живеевме во една стара зграда. Ја викавме Чеганската зграда. Во кујната спиевме 14 души и тоа ни го зедоја. Не дозволуваа, ние, Егејците да бидеме на едно место. Поради тоа многу од нашите заминаа во Австралија и во Канада. Да не беа тие притисоци, тука ќе бевме сите, поблиску до границата со родниот крај.
Изворот:http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F1D264FAB6DEA74CA6E52FAC6BE8F9A0
Читајќи доста за проблемот на Македонците во Беломорска Македонија, нешто што остави трага во мојата мисла беше повторното регрутирање на Македонците кои пребегнаа во источно европските земји на возраст дури и од 14 години, момчиња и девојчиња и повторно нивно враќање на полигонот на британската и француската авијација и артилерија во Беломорска Македонија.
Зошто само Македонци на стрелба ?
Зошто фамилиите во Народна Република Македонија не ги составуваа, не им помогнаа да опстанат?
Зошто ги препраќаа во источно европските земји, во Војводина, кога си имаа матична земја?
Зошто Македонија како матична земја не ги згрижи сите, не им помогна кога им е најтешко, не им ги состави фамилиите.
Имаше нешто труло и надвор и внатре во нашата држава.
Трулото надвор беше што Грција беше под капата на Британија и Франција и кога се работи за загрозување на нивните интереси тогаш човековите права се пониски од кучешките.
На домашен план, пред 1948 да ти имало државен удар, државата Македонија да ти била очистена од било каков македонски национален елемент.
Се инсталирала влада на НРМ која од националните идеали не останало ништо, туку послушност и служба на туѓите интереси.
Зошто ова го кажувам?
Да не ни се повтори.