SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.564
- Поени од реакции
- 286
Нашата влада слободно може да ја наречеме „конквистадорска“, бидејќи се однесува исто како шпанските конквистадори, кои своевремено ги замајувале домородците во новоосвоените земји со тоа што им делеле шарени стакленца и огледалца. Додека домородците воодушевено се чуделе што го гледаат својот лик во огледалцата, конквистадорите им го собирале златото. Огледалцата што денес ги дели нашава Влада се нарекуваат спотови и кампањи низ кои се рефлектира виртуелна благосостојба, невидена преродба, субвенции за крави и живоротки, лавина од инвестиции, мед и млеко... Додека граѓаните се замајуваат со вакви шарени лаги, нашите конквистадори носат инвеститори што го собираат кајмакот од млекарници и бегаат со пленот, одземаат лиценци и уништуваат бизниси, а во име на наводна битка со транзициски олигарси си создаваат своја партиско-бизнис олигархија.
Катерина Блажевска
Klik
Катерина Блажевска
Klik