Isto kolku standarden povik kosta
Sea za sea isto kako obicen povik a za ponataka ce objavat
Со 3G уживај во видео разговорите и сурфај на интернет со невидена брзина!
Со 3G уживај во видео разговорите и сурфај на интернет со невидена брзина!
3G технологијата ти отвара нов свет на интернет доживување со нечуени брзини и можност да да бидеш поблиску до твоите пријатели додека разговарте преку видео повик.
За да можеш да користиш 3G, потребно е:
- Да имаш телефон што поддржува 3G
- Да се наоѓаш во 3G мрежно покривањe (доколку се наоѓаш во 3G мрежно покривање на екранот на телефонот има ознака 3G, H или UMTS)
- Да се најавиш на 3G мрежата (во менито мрежи dual network (3G или UMTS и GSM) кога телефонот е нагоден на мануелно бирање мрежа. Доколку телефон е нагоден на автоматско бирање мрежа, секогаш кога си во 3G мрежно покривање ќе се најавуваш на 3G мрежата.
* Нагодување на телефонот на двојна мрежа (dual mode/network) овоможува секогаш да се најавуваш на 3G кога си во 3G мрежно покривање, односно на 2G кога ќе излезеш од 3G мрежно покривање.
Доколку во текот на сурфањето излезеш од 3G мрежно покривање, продолжуваш да пребаруваш со 2G брзина.
За да можеш да оствариш видео повик, потребно е:
- Да имаш телефон/уред што поддржува 3G и видео повици
- Да се наоѓаш во 3G мрежно покривање (доколку се наоѓаш во 3G мрежно покривање на екранот на телефонот има ознака 3G, H или UMTS)
- Да се најавиш на 3G мрежата (во менито мрежи dual network (3G или UMTS и GSM) кога телефонот е нагоден на мануелно бирање мрежа. Доколку телефонот е нагоден на автоматско бирање мрежа, секогаш кога си во 3G мрежно покривање ќе бидете најавувани на 3G мрежата
- Пријателот што го повикуваш да е T-Mobile корисник и да ги исполнува истите услови (да поседува 3G телефон што поддржува видео повици, да се наоѓа во 3G мрежно покривање и да е најавен на 3G мрежата)
Како да оствариш видео повик?
- Од именикот одбери го контактот што сакате да го повикаш
- Притисни го копчето за остварување видео повик или одбери опции и во менито “повеќе” одбери ја опцијата за видео повик.
- Притисни на крај или на црвеното копче за да го завршиш повикот.
Цени за видео повик
Уживај во 500 бесплатни минути за видео повици кон Т-Мobile до крајот на летото! Сè што треба да направиш е да се регистрираш на бесплатниот број 1467 и започни ја најголемата видео авантура за ова лето.
Доколку ги искористиш сите бесплатни минути, можеш да продолжиш да остваруваш видео повици по фантастични цени. Цените за видео повици се комплетно исти како цените за говорни повици, па затоа без двоумење сподели го секој миг онаков каков што е, само со видео повик.
- Понудите со бесплатни минути и промотивна цена за видео повик важат до 31.08.2009
- Интервалот на тарифирање бесплатнитe минути видео повици е 30 секунди по првата минута разговор за припејд, а за постпејд е ист како и за говорни повици согласно тарифниот модел
- Интервалот на тарифирање за промотвина цена на видео повици е ист како и кај тарифниот модел на корисникот
Сурфај на интернет со до десет пати поголеми брзини по иста цена како и за обичен GPRS интернет согласно тарифниот модел што го користиш. Со 3G интернет дојди многу побрзо до информации и забава:
- Брз приказ на веб страници што содржат многу информации (слики и видео записи);
- Видео клипови на youtube и други музички портали;
- Поставување (upload) големи фајлови и датотеки (фотографии, видеа, презентации) ;
- Преземање (download) големи фајлови од е-пошта или веб страници и др.
Перформансите на 3G дополни ги со web’n’walk понудата (
web’n’walk тарифни модели или
web’n’walk пакети) за поволно користење на мобилен интернет.