Лига на Шампиони 2009-2010

  • Креатор на темата Креатор на темата GavolRulz
  • Време на започнување Време на започнување
....и мене не ми се виде намерно :toe: залетан беше многу и нагази така селски, црвен да, суспензија од повеќе од една утакмица никако.

Иначе во животов ретко да сум бил толку сигурен во нешто, како за црвениот на оној Тулалан. Толку неинтелигентен фаул немам видено од времето кога Бонера частеше пенали : ). Знаеш дека ќе сака да искомпензира, знаеш дека си на пик и .... бреи глуперда еии.

Како и да е, Тулалан е заменлив, Рибери не баш, ако направат офанзива јака ко што знаат да направат Лион дома све е можно. Вадењето од игра на Рибери-глупост ноторна, таман поулаве и сигурно ќе им дадеше уште еден, овој го извади.

Нема врска......Ситуацијата е обратна.Тулалан кај нив е незаменлив.Кај нас е поинаку.

Знам дека сите го знаете како светска класа играч,и таков и е Рибери.Меѓутоа сезонава е даааалеку од тоа што е препознатливо за него.Речиси да има многу мал придонес.Знае да направи потег и да реши натпревар,знае да асистира,меѓутоа сезонава е многу поинаки.

Тука се Олиќ,Робен пред се,Милер Швајни Ван Бомел,да не ја набројувам целата екипа.Оваа сезона Баерн не зависи од никој,и тоа е нашиот адут.Дефинитивно нема да биде проблем без Рибери.
 
Како тоа бе до вчера се колневте во Рибери и кењавте у гаќи од секоја шпекулација дека ќе си иде од Баерн, а сега така за него,не само ти него сите ваши фанови... па и треба да си иде од Баерн, најголема грешка у кариера му е што дојде у Швабија
 
Доколку Баерн отиде во финале , а на Рибери му забранат да игра , Баерн ќе биде многу оштетен , а и играта нема да биде толку интересна. Нека паузира Рибери на следниов натпревар , ама не и евентуално во финалето.
 
Како тоа бе до вчера се колневте во Рибери и кењавте у гаќи од секоја шпекулација дека ќе си иде од Баерн, а сега така за него,не само ти него сите ваши фанови... па и треба да си иде од Баерн, најголема грешка у кариера му е што дојде у Швабија

Слободно нека си иде.Уште утре....Ако не е спремен да дава 100% за клубот,не ни треба.

Да кењавме кога беше сезоната со Клинсман лани,кога беше единствен што знаеше да изигра асално.

Сега,воопшто не му се секирам.Да светска класа играч е,меѓутоа Рибери оваа сезона е далеку од формата во која сме навикнати да го гледаме.Посебно што не зависиме од еден играч.Оваа сезона се работи за колектив,и тоа особено ме радува.

Секако дека би биле среќни да остане,меѓутоа се тоа зависи од него.Баерн создаде екипата достојна за европскиот врв и ќе продолжи и без него.Работата е колку тој вистински сака да даде придонес за клубот.Ако игра со срце и понатаму,тогаш нема никаков проблем.
 
вистинскиот двигател на Баерн е Робен,Рибери е далеку од форма на светска класа играч,меѓуоа прилично е застапен во медиумите и некој очигледно му ја пумпа цената да крени на некое милионче плус на стара слава...
 
@Stefan
Проблемот е што директен црвен = 2 меча неиграње.
Једино случајот со Пујол беше поинаков, но кажав и зашто, овде стартот беше преостар, нема везе што немало намера, можеше лигаменти да му скине на Лисандро со такво идење на нога.
Намера дефакто немаше, али дал декоцентрација или нешто трето сеедно, и у Англија сезонава минимум 2 меча глеав каде директен црвен играчи добија за ваков потег, мислам Маскерано во една ситуација беше против Фулам.

Ако тераме на оние судиски регулативи, ко што беше оправдан вториот жолт на Рафаел, така и сега директниот црвен е заслужен, интересно е што и во двете судиите беа италијанци. :)
 
Да,Робен оваа сезона е играчот кој ја има умешноста да го направи оној потег повеќе.Да круниса акција,да направи простор,да исфрли противнчки играч со дриблинг.

Рибери го правеше истото лани,меѓутоа целата таа медиумска фама,околу нов договор,па дали ќе оди во Реал или не,па сега ова со проституката,си го направија своето.

Сепак до него е.Сакаше успех во ЛШ,еве го Баерн пред финале.Ако мисли да игра од срце нека седи,ако не пријатно.Можеме и тоа како без него.
 
Ај да пишам и овде. Баерн Минхен вечерва во секој поглед го надигра Олимпик Лион, и тоа е факт, каков што бараа некои вчера.:smir:
Значи дека завршиле работа, далеку од тоа. Има уште еден натпревар, кој мора да се одигра професионално и повторно да се докаже дека Баерн го заслужува тоа финале. Но за тоа, здравје, по една недела ќе пишуваме.
Рибери си го заслужи црвениот, нема збор тоа. Но сепак мислам дека не му беше намерата да оди на тој старт, сепак беше понесен од инерцијата и се случи тоа што се случи. Ќе биде штета да го казнат на неколку натпревари неиграње.
За наредната се враќа капитенот, иако не се почуствува денес неговото неиграње, ќе ни биде потребен и тоа како за реваншот. Неговото искуство и карактер многу ќе сменат таму.
 
гледам повеќето се согласуваат дека стартот бил ненамерен и дека не заслужил црвен картон,всушност и немаше потреба од таков потег-Баерн газеше до тој момент,направи 4-5 стопостотни прилики...инерцијата доведе до судир на двата играчи,меѓутоа едниот беше нагазен,ќе повторам по мое мислење ненамерно....сепак ситуацијата со Тулалан беше далеку поразлична,истиот глупав потег пред некој ден го направи Сисоко пред неколку дена Интер-Јувентус
 
Заебите тоа, туку дајте ако имате некоја слика од почетокот на мечот, со кореографијата на навивачите на Баерн Минхен, беше ептен јако направено, со навивачите на Интер се јадат во кореографија
 
@Stefan
Проблемот е што директен црвен = 2 меча неиграње.
Једино случајот со Пујол беше поинаков, но кажав и зашто, овде стартот беше преостар, нема везе што немало намера, можеше лигаменти да му скине на Лисандро со такво идење на нога.
Намера дефакто немаше, али дал декоцентрација или нешто трето сеедно, и у Англија сезонава минимум 2 меча глеав каде директен црвен играчи добија за ваков потег, мислам Маскерано во една ситуација беше против Фулам.

Ако тераме на оние судиски регулативи, ко што беше оправдан вториот жолт на Рафаел, така и сега директниот црвен е заслужен, интересно е што и во двете судиите беа италијанци. :)

Реков оштетен. Мислев оштетен , бидејќи ќе им фали еден од клучните играчи , а не дека неправедно е да не игра во финалето.:smir:
 
465108248-bayern.9.jpg

200727117-bayern-gegen-lyon.9.jpg

сега за сега толку,се надевам ќе има уште со подобра резолуција!
 
^ Кореографија за респект,,,али на Интер беше некако пооригинална но сепак на Баерн по масивно,,,на цело село. :)
 
Дај ставете слики од кореографијата на Интер до слики од онаа на Баерн па да правиме споредба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom