Fiat бележи само позитивни резултати

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan_g
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 јануари 2009
Мислења
721
Поени од реакции
40
Падот на продажбата на автомобили во Западна Европа продолжува и во април, кој се затвора со 1 милион и 168 илјади новорегистрирани автомобили. Знакот минус, најистакнат во Велика Британија (-24 проценти) и во Шпанија (-45,6 проценти), ги карактеризира сите главни пазари со исклучок на Германија, каде продолжува трендот на пораст со двојна цифра (+19,4 проценти).

Во овој контекст кој севкупно гледано сè уште е негативен, Групацијата Фиат Автомобили се поместува од просекот и продолжува да се движи во спротивна насока. Со преку 116.300 новорегистрирани автомобили, бележи зголемување од 5 проценти и и учество на пазарот од 10 проценти, 1,6 процентуални бодови во однос на април 2008. Со овие резултати, Fiat е на четвртото место меѓу производителите во Европа, позиција која најверојатно ќе биде подобрена до крајот на оваа година.

На одличните резултати за надоврзува и Grande Punto, кој стана четврти најпродаван модел во Западна Европа. Од друга страна, во класата А на градски автомобили, најпродавани модели се токму автомобилите на Fiat, Panda и 500. Раст на продажбата бележат и луксузните брендови на групацијата, Lancia и Alfa Romeo, пред се поради новите модели Delta и Mi.To.
Прегледај го приврзокот 11718
 
конечно ги подобрија своите возила (од 2007 наваму фиатовите возила се одлични и порано беа ама оние 1300 и 1500 и дугите од тие постарите)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom