А ти мислиш дека народот се лаже со 5-6 реклами? По 19 години политички лажги веќе никој не верува ниту на влада, ниту на медиуми. Но, затоа бројот на тие кои почнуваат да размислуваат со свој ум расте (иако не доволно бргу како што треба).
И сега одеднаш го вадиш референдумот. Ако дојде до референдум ни се е.. матер, и тоа сум го кажал и предходно. Еве и да дојде, што мислиш Запад ќе дозволи некој да зборува против референдум, или ќе ги седнат и Грујо и Бране заедно (фатени за раче) да излезат пред јавноста и фино да ни соопштат дека сме отидени во бестрага. Поентата дека некој од нашите политичари ќе може да ќари политички поени од промена на име, е жива глупост. Џабе ми се мене политичари ако сум Северна или било каква Македонија.