Смената на името не носи во граѓанска војна

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
Сите политичари и експертутки што пропагираат промена на името или некаков компромис во име на убрзување на ЕУ-НАТО интеграциите или во име на личен интерес, иако во своите слаткоречиви дневнополитички образложенија за животот во ЕУ и НАТО, сосема ги занемаруваат долгорочните интереси на еден народ и држава, тие ни одблиску неможат да ги предвидат ниту опасностите од дневно-политички караткер.

Се соочуваме со напади, етикетирања, па и навреди на сите оние кои сакаат да го сочуваат името, се врши страшен притисок и пропаганда, како од надвор, така и од внатрешни инсталирани елементи, и како шлаг на све тоа се замешаа Албанците со своите познати ултиматуми. Но како што кажав, смената на името нема да ни донесе економски просперитет ниту во блиска, ниту во подалечна иднина. Едноставно смената на името ќе донесе уште подлабоки поделби внатре во Македонија, кои ќе водат директно кон граѓанска војна.

Значи и да се остават само дневно-политичките причини за промена на името, тоа ни носи уште поголема изолација и на крај во Македонија има луѓе спремни да го бранат името со сопствена крв, кои нема да се откажат од своето име. Иако пропагаторите предвидуваа дека Македонскиот народ ќе легне на брашното(пропагандата), тоа не се случи, тоа никогаш нема да се случи. Со самата промена на името, било да биде инструирана со референдум или со едноставно гласање во парламент, уште одма ќе почнат нереди. Кој ќе нема кој да ги запре, дека голем дел од безбедносните структури се луѓе од народот, на кои им е доста од виткање кичма. Со самиот ултиматум на Албанците, конфликтот полека од одбрана на името, ќе прејде во етнички конфликт, сличен на оние во бившата Југославија, поточно Босна.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Луѓе, не зборуваме и не дискутираме повеќе на тема: промена на името!?!?!!?

Што е сега? Си пуштаме бубачки?

(најдобар начин за сериозен ремет во една врска: го видов дечко ти со една...)

(се збори за промена на името...)

Тоа е поента?
 
K

KomitaMKD

Гостин
Се е можно после такво сценарио па не е исклучена ни граѓанска војна.Народот ќе е многу револтиран и не се знае како ќе постапи.Затоа нека размислат два пати политичарите и народот за опцијата менување на име...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Ако толку размислувале,немало ни да дојдеме до ова дереџе.:smir:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
Луѓе, не зборуваме и не дискутираме повеќе на тема: промена на името!?!?!!?

Што е сега? Си пуштаме бубачки?

(најдобар начин за сериозен ремет во една врска: го видов дечко ти со една...)

(се збори за промена на името...)

Тоа е поента?
Јебига брат, ако ќутиме ќе си речат се сложуваме....Наметната тема у секој случај....
 
B

Borg_Drone

Гостин
Граѓанска војна нема ни да има за името, до граѓанска војна би можело да дојде само ако се дели територијата на Македонија, инаку за името тешко дека ќе има граѓанска војна.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
Граѓанска војна нема ни да има за името, до граѓанска војна би можело да дојде само ако се дели територијата на Македонија, инаку за името тешко дека ќе има граѓанска војна.
Да ако не се смени, ќе нема...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Јебига брат, ако ќутиме ќе си речат се сложуваме....Наметната тема у секој случај....
Не помага и да врескаме,кога политичките глаучи ќутат.:toe:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
Не помага и да врескаме,кога политичките глаучи ќутат.:toe:
Ќе им удри од глава све, нека повелат нека пробаат да го сменат името.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Да ако не се смени, ќе нема...

А бидејќи се одлучивме за НАТО и за ЕУ, верувај дека ќе се смени.Ако се откажеме од НАТО и ЕУ нема да се смени, но се додека тежнееме да влеземе во ЕУ и НАТО, верувај дека ќе се смени.Ама џабе веземе, и да сакаме да се откажеме сега, не можеме
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
А бидејќи се одлучивме за НАТО и за ЕУ, верувај дека ќе се смени.Можеби ако се откажеме од НАТО и ЕУ нема да се смени, но се додека тежнееме да влеземе во ЕУ и НАТО, верувај дека ќе се смени.
Ако се одлучивме за НАТО и ЕУ, нема да се смени, пошто никој не сака држава у НАТО и ЕУ со граѓанска војна ....
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ако се одлучивме за НАТО и ЕУ, нема да се смени, пошто никој не сака држава у НАТО и ЕУ со граѓанска војна ....
Не се секирај математички е искалкулирана таа работа, они знаат дека ако го смениме името дека нема да има граѓанска војна.Затоа и ни го поставија тој специјален бенчмарк, критериум (како сакаш наречи го) за нас.
 
Не можат да искалкулираат некои работи.И територијалната поделба беше искалкулирана ама Ушкото одвај спаси жива глава во Струга.Некогаш работите излегуваат надвор од планираното па не дај Боже да се смени името ќе биде страшно, јас сум скоро уверен во тоа.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
Не се секирај математички е искалкулирана таа работа, они знаат дека ако го смениме името дека нема да има граѓанска војна.Затоа и ни го поставија тој специјален бенчмарк, критериум (како сакаш наречи го) за нас.
Кој тоа ни поставил, некој што не го разбира проблемот и го посматра од облаци ?

Еве јас ти кажувам дека е потребно само 100 000 луѓе да се спремни на крв (а има многу повеќе), за да се случи граѓанска војна. Со кој калкулации излегуваш ти ??? Мислиш Грција и е проблем името ??? Грција има проблем со 11 000 км2 или поточно 11 000 000 000 (миљарди) квадратни метри земја за кои имаат тапии. Просекот е далеку над 100 евра од метар квадратен. Би ги купиле одма да имаат пари, ама немаат и затоа мораат да го враќаат земјиштето. Грција сака да не оцрни, сака граѓанска војна. Сака све само да не го даде тоа што го зела. Сака да бидеме во изолација, за да не се шират идеи.

Е за разлика од тие како тебе што пропагандата шема им е протната со помодарство и лажен космополитизам, има луѓе кои размислуваат поинаку, и се спремни во име на сите жртви во минатото кои се бореле за ова парче земја и под тоа име, да се жртвуваат за да го зачуваат.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не можат да искалкулираат некои работи.И територијалната поделба беше искалкулирана ама Ушкото одвај спаси жива глава во Струга.Некогаш работите излегуваат надвор од планираното па не дај Боже да се смени името ќе биде страшно, јас сум скоро уверен во тоа.
Па јас тоа го викам, можеби за територијална поделба ќе има граѓанска војна, ма да мислам дека во Струга протестите беа поради нешто друго.За името нема ни да има, од минатото некои грешки сеуште ги немаме научено, а тие што се од ЕУ и НАТО веќе не научија што народ сме, кога ќе се промени името сите ќе спијат дома.
Реков, за да се разбудиме ние од сонот, треба ептен јако да не удрат, нешто да ни одземат, а името не е доволно, треба да ни одземат нешто што ќе не удри во срце..тогаш да.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom