Голем трик за манипулација

Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Tekst za pochit i nauk.
Dodeka ne se sprovede vistinska lustracija, nitu eden problem nema da bide reshen vo polza na Makedonija i Makedoncite.

Голем трик за манипулација

Во една моја поранешна колумна во „Време“ ја најавив непријатната вистина дека илузиите оти Македонија достигнала демократски капацитет за да го спроведе болниот, но делотворен лустрациски третман ќе се распрснат како меур од сапуница во допирот со стварноста и дека македонската лустрација на крајот ќе излезе едно големо ништо и голем трик за манипулација со граѓаните. Откако за ова се постави сцената остана само да се изнајде тактичкиот приод како да се спречи реална лустрација и, најверојатно, оваа задача му припадна на Уставниот суд. Имено, овој суд реши да одржи подготвителна седница заради разјаснување на правната и на фактичката состојба со Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција или попознат како Закон за лустрација. За неупатените, во таков случај искуството во работата на Уставниот суд кажува дека постапките редовно завршуваат со укинувачка или поништувачка одлука. Настрана фактот што и самиот закон е обична фарса и така скроен што допушта речиси сите категории граѓани опфатени со него, како на пример, факултетски професори, академици, новинари, попови, невладиниот сектор, адвокати, медијатори, претседатели на политички партии, олигарси... да можат да бидат лустрирани ако самите тоа го посакаат, односно само доколку се кандидираат за носители на јавни функции додека важи законот (за овие лица нема проблем да прескокнат еден изборен циклус) со што нивното кодошко минато останува архивирано бидејќи илузорно е да се очекува дека некој самиот ќе посака да биде лустриран. А токму кај споменатите професии врие од соработници и нивната соработка со тајната полиција била клучна за градење кариера, а кај некои и за енормно богатење во криминалната приватизација. Пратеникот Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ за да го одржи во кондиција пресметаниот манипулативен карактер на лустрацијата по задача истурка еден романтичарски амандман во парламентот во однос на важењето на законот, бидејќи во неговата партија оцениле дека на народот и натаму му е потребна забава во врска со лустрацијата. Парадоксален е впечатокот дека од лустрацијата поисплашени се во ВМРО-ДПМНЕ отколку во СДСМ, особено ако лустрацијата се спроведе и за периодот по 1990 година иако оваа можност веќе е во сфера на теоријата бидејќи Уставниот суд, најверојатно, ќе го поништи делот од законот што се однесува на лустрацијата по 1990 година. Загриженоста кај одделни структури во владејачката партија произлегува од фактот што има лица кај нив што соработувале со тајната полиција во комунизмот и подоцна во независна Македонија и тоа, на пример, најмалку тројца во Владата од македонско-албанска провениенција, најмалку двајца од претседателовите советници, а ги има и во Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и најмалку десетина директори во вторите ешалони на власта кои севкупно како лица од високата политика всушност се и најинтересни за јавноста. Тоа се, главно, пребеганите од СДСМ на кои во 1990 година им се гадеше од „клетите вмровци“, а еден од нив по задача во 1990 година одеше дури во Словенија да помага во омасовувањето на тогашната Странка на Југословените, а сега е функционер и неформален влијателен советник против „комуњарите што само крадат а не градат“. Колку за споредба, еве што пишува за овие сегашни „вмровски“ функционери во нивните соработничките картони водени во комунизмот и во периодот на демократијата по 1990 година. За еден од нив тајната полиција пишува: „ангажиран кон студентски средини и следење на студентска младина и лица експонирани од позиции на граѓанско десница, посебно кон лицето (...)“, за друг „се ангажира за следење на анархолибералистичките средини, експонирани од бирократски догматизам и антисамоуправни елементи со посебен ангажман за попречување и документирање на непријателската активност на лицата (...)“, за трет „се користи за изведување на акции за примена на ОТС-средства кај лицата (...)“ и други безбедносно интересни лица по граѓанска десница и слично, додека за оние поинтересните соработници од 1990 наваму речиси идентични се формулациите во нивните соработници картони во смисла „лицето се ангажира за следење на активности од позиции на македонски екстремизам и врховизам“ што беше, всушност, перфидна форма за следење на тогашното ВМРО-ДПМНЕ. Се отворија илјадници досиеја за т. н. македонски екстремисти, односно вистинските вмровци кои во тие опасни времиња го понесоа товарот на самостојноста и невидените малтретирања од тајната полиција, но, иронијата е голема ако денеска се знае дека во демократска Македонија биле кодошени токму од лица што во моментот се „вмровски“ функционери. Поразителен е фактот што тајната полиција после 1990 година била инволвирана во формирање на дури седум политички партии сега членки на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И сега (замислете!) Уставниот суд се движи во насока да ја забрани лустрацијата по 1990 година. Со таквата определба Уставниот суд за жал ја лишува македонската јавност од еден интересен феномен, односно можноста да види како во демократска Македонија кодоши и кодошени од позиции на актуелни функционери како и лидери-соработници на УДБА на седум партии од владејачката коалиција слават изборни победи и заедно пеат комитски песни. Да гледаш, да не веруваш. Да не е трагично би било смешно, но по се изгледа дека по многубројни укинати и поништени владини прописи најпосле и овој суд изразува подготвеност да и удоволи на власта со забрана на непријатната лустрација за неа по 1990 година. Не е на лошо најсумарно да му предочам на Уставниот суд некои факти, бидејќи од незнаење судот сосема ги испомешал работите. Имено, за Уставниот суд е спорен периодот по 1990 година бидејќи оттогаш Македонија воспоставила правен поредок со демократски вредности со што за судот повеќе немало кодошење од идеолошки и политички причини. Судот треба да знае дека за лустрацијата многу побитен е периодот токму после 1990 година, отколку периодот опфатен со законот од 1944 до 1990 година. Имено, од петнаесетината илјади досиеја на тајната полиција, речиси една третина се водени токму во периодот по 1990 година, што значи за време на воспоставениот демократски правен поредок. Токму во демократска Македонија опстојуваше невиден полициски прогон кога илјадници лица беа под полициска присмотра од политички и идеолошки причини. Од друга страна, за Уставниот суд е неспорен периодот во законот од 1945 до 1990 година иако овој период е понебитен и практично неприменлив, бидејќи голем дел од соработниците на тајната полиција од тој период се изумрени, други се во длабока старост и сигурно е дека нема да бидат кандидати за носители на јавни функции-услов што го поставува законот за да некој биде лустриран. Значи, може само да им се наштети на нивните потомци што е крајно нечовечки е неморално, а од друга страна Уставниот суд ќе го поништи периодот од 1990 година наваму со што ќе ги заштити активните кодоши во демократска Македонија, кои се здрави и живи и во моментот се на функционерски позиции иако кодошеле од идеолошки и политички причини со што придонеле за семејни трагедии и уништување кариери. Најискрено сакам да го посоветувам македонскиот премиер дека е опасна тенденцијата слично на системот на политичкиот противник од 1992 до 1998 година кога владеењето беше поставено на три столба: јавна администрација, државна телевизија и тајната полиција кое дава одредени резултати но завршува со целосен распад. Впрочем, во 1998 година народот ги урна спомнатите три столба со масовно определување за промени. На крај, апелирам до Уставниот суд да не ја забрани лустрацијата по 1990 година и притоа останува определбата на Народно движење за Македонија да ги обзнани најзвучните соработници на тајната полиција што кодошеле од идеолошки и политички причини во демократска Македонија, но, во духот на нашата легалистичка определба прво ќе го сочекаме завршувањето на оваа збрка со лустрацијата.

Авторот е претседател на Народно движење за Македонија

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1724&ArticleID=115244
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Tocno...za zal site togasni vmro-a bea udbaski spinovi...
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Лустрацијата на тапет пред уставните судии

Миле А. Ристески
27.05.2009 17:25
По денешната прва расправа одлучено со експерти на подготвителна седница да бидат разрешени дилемите кои сега се наметнале кај судиите за законот, по што Уставниот суд ќе донесе конечна одлука, дали законот за лустрација ги ускратува човековите права и слободи.
Во дилемите: Зошто законот го опфаќа периодот од 44. до јануари 2008. ако се знае дека од 17 ноември 91. Македонија е со нов уставно правен демократски поредок? Зошто комисијата за лустрација мора да ги проверува и кандидатите за функција во невладините организации или верските заедници? Клучната дилема за судиите е дали комисијата за лустрација е вистинскиот орган кој треба да одлучува дали некој смее или не да биде избран за функционер.
..... Иницијативата за лустрација е оспорена од три лица и од фондацијата отворено општество.
Дамјан Варошлија - web новинар

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=109172
Crveniov bold jasno kazuva koj e Vlade Milchin i koja mu e celta da se ukine zakonot za lustracija.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Crveniov bold jasno kazuva koj e Vlade Milchin i koja mu e celta da se ukine zakonot za lustracija.


Владо Милчин е еден од следените и прислушкуваните, после студентските протести во Белград во 1968, на кои беше еден од организаторите. Има тој дебело досие во ДБК од тоа време.


Не заобиколи духот на ‘68-та ќе не заобиколи и нејзината 40-годишнина


Непосреден учесник на овие настани е Владимир Милчин, тогашен студент на белградскиот универзитет.
- Во Скопје ‘68-та не се случи, но нејзиниот дух продолжи да живее во неколку подоцнежни проекти - се согласува Милчин.
Како член на акцискиот одбор на Академијата за театар, филм и ТВ во Белград, тој се обидел да ги „инфицира“ и македонските студенти со бунтовниот дух на белградските колеги, преземен од париските улици.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Владо Милчин е еден од следените и прислушкуваните, после студентските протести во Белград во 1968, на кои беше еден од организаторите. Има тој дебело досие во ДБК од тоа време.


Не заобиколи духот на ‘68-та ќе не заобиколи и нејзината 40-годишнина

Makedonskata nesrekja e shto DUHOT NA 68 edinstveno ZIVEE vo Makedonija.

Комунизмот кон своите вистински противници секогаш бил немилосрден: ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување, бришење на секаква трага за постоење на такви луѓе. И затоа тие луѓе вие не сте ни можеле да ги сретнете во Македонија. Тие луѓе денеска се или душевно или буквално умртвени.

„Демократите“ кои сте ги сретнале и се ваше весело друштво се едни други „дисиденти“ што протестираа против Тито и „црвените буржуи“, не за демократија и човекови слободи, туку заради Титовото „скршнување“ од комунистичкиот пат. Значи тие беа комунистички радикали. А превејаниот манипулант Тито им даде звучно име, „Либерали“, а со името и титули: професори, режисери, писатели, глумци. Тие денеска се чувари на комунистичкиот Свет Грал.

Така во 1990 година на Македонија и се случија предвесници на демократијата, „борци“ против комунизмот да бидат професори по марксизам и „либералите“ на кои Тито им го остави аманетот да го сочуваат комунизмот.
Со почит,
Јордан Петровски, Канада

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=64931133646&id=13&prilog=0&setIzdanie=21704
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Владо Милчин е еден од следените и прислушкуваните, после студентските протести во Белград во 1968, на кои беше еден од организаторите. Има тој дебело досие во ДБК од тоа време.


Не заобиколи духот на ‘68-та ќе не заобиколи и нејзината 40-годишнина
Znaci spored tebe ovoj majmun e vistinski covek za Makedonija, ne znam za sto se borese 68 ama znam deka sega suratot ne mozam da mu go gledam.
 
Член од
28 март 2008
Мислења
133
Поени од реакции
3
Владо Милчин е еден од следените и прислушкуваните, после студентските протести во Белград во 1968, на кои беше еден од организаторите. Има тој дебело досие во ДБК од тоа време.


Не заобиколи духот на ‘68-та ќе не заобиколи и нејзината 40-годишнина
Сто посто би во функција да ги шпионира студентите, значи уште од тогаш бил кодош, демек невладиниот.:salut:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.574
Поени од реакции
294
Тоа се, главно, пребеганите од СДСМ на кои во 1990 година им се гадеше од „клетите вмровци“, а еден од нив по задача во 1990 година одеше дури во Словенија да помага во омасовувањето на тогашната Странка на Југословените, а сега е функционер и неформален влијателен советник против „комуњарите што само крадат а не градат“.
Takvi gi imate mnogu vo dpmne,zatoa so pravo kje ve narekuvaat ushte malku ako ne i pochnale da ve narekuvaat komunjari,kako shto go parafrazira tuka nekoj Branko toa deka so sitni dushi ne se pravi partija :tv:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Сто посто би во функција да ги шпионира студентите, значи уште од тогаш бил кодош, демек невладиниот.:salut:
Koga ke se prochita shte e navedeno vo inicijativata pred Ustavniot sud se gleda deka na Milchin glavniot problemot mu e lustriranjeto na funkcionerite vo NEVLADINIOT sektor - NEGOVATA FUNKCIJA...
Dali toa shto inicijativata ja podnel vo ime na Fondaciata Otvoreno Oposhtestvo e plus ili minus za nego ke razbereme nabrgu.

....Зошто комисијата за лустрација мора да ги проверува и кандидатите за функција во невладините организации или верските заедници?
.... Иницијативата за лустрација е оспорена од три лица и од фондацијата отворено општество.
Дамјан Варошлија - web новинар

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=109172

Dali bil kodosh??? Negoviot strav od sproveduvanje na lustracijata naveduva na takva pomisla. Eve zoshto:


"Службата има еден специфичен начин на работа. Ова го велам од мое искуство, според моето досие. Во Службата не постои дерегистрација. Или ќе бидете следен до крајот на животот или ќе бидете соработник. Во моментот кога сакаат да ме дерегистрираат, всушност тие сакаат да работам за нив. Кажете ми сега, ако сум прифатил да работам за нив, дали јас ќе сакам да има лустрација?"
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=79164&EditionID=1231
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.574
Поени од реакции
294
ТМРО: Зошто не се спроведува лустрацијата

ТМРО ја потсетува власта дека самата таа донесе закон за лустрација, кој воопшто не се применува. ТМРО смета дека власта се плаши да го примени и јавно го објави списокот на кодоши и Удбаши во политиката, затоа што скоро и да нема пратеник од сегашниот состав, без разлика од која партија е а да не бил соработник на службите, или поточно кодош.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Лустрација нема да се случи се додека не се обмисли начин да се заштитат соработниците/кодошите/информаторите/извршителите. Значи, и кога ќе се случи, нема да се случи.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Искрено, не ме интересира дали бил или не шпион, ако не е тој, тогаш е некој друг. Информацијата ја најдов на нет и ја пренесов.

Нека го донесат законот за лустрација, ама ако се мажи нека влезе и периодот после 90та, а не како што сакаат, до 90. Убаво напишала типката во цитатот во уводниот пост. Ако е до 90та, нема поента, тие луѓе се или мртви или премногу стари и не извршуваат никаква државна функција. Или сакаат само ради фаца да го донесат законот, како што и прават за се друго?

Лустрација нема да се случи се додека не се обмисли начин да се заштитат соработниците/кодошите/информаторите/извршителите. Значи, и кога ќе се случи, нема да се случи.
Можат да направат клаузула за одлагање на лустрацијата за оние кои се на задача во моментот и да се почека за спроведување на лустрацијата кај тие лица, кога ќе им заврши задачата.

Има лек за се, само треба малку .....
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Tocno...za zal site togasni vmro-a bea udbaski spinovi...
Не грши душа перо,можеби ти си бил на платниот УДБА список,ама тоа да го кажеш за сите....мислам дека Господ ќе те казни.:toe:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Не грши душа перо,можеби ти си бил на платниот УДБА список,ама тоа да го кажеш за сите....мислам дека Господ ќе те казни.:toe:

ABC, Pero barem vo postov ne greshi dusha, ne pomina mnogu vreme od "VIUGA"............ do "DIPLOMATATOT".
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
ABC, Pero barem vo postov ne greshi dusha, ne pomina mnogu vreme od "VIUGA"............ do "DIPLOMATATOT".
Слушај Тодоре,не можеш ВМРО да го објасниш како УДБА-спин,иако имаше прилично многу инволвирани кодоши во самиот врв на партијата,како што е и ден-денес,со регрутирање на нови,без разлика дали се синови,ќерки или внуци на поранешните УДБА-кодоши,во ВМРО имало и ќе има членови со чист беграунд,луѓе кој воопшто никогаш не зуцнале ни збор во корист на УДБА,туку напротив само немо ги проголтале обвиненијата врз нив.Шиканирањата и деградацијата која сеуште ја трпат со тоа што не можат да се “дерегистрираат“ како што и сам велиш,само дополнително ја комплицираат целата состојба.Можеш ли да замислиш “ситуација“ кога ни денес не можеш да извадиш уверение дека не си осудуван кое ти го бараат за вработување во Шумска Полиција на пример,само затоа што 83та година како 18годишник си одлежал во Идризово (политичкиот дел) со пресуда за “Субверзивно организирање против државното уредување“,затоа што си напишал парола со црвени букви на платно,со следната содржина:-МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ- и си ја залепил на зградата од Прилепската Полиција?Денес изгледа смешно да бидеш политички затвореник за таква парола,ама сепак нема рехабилитација,нема барем морална сатисфакција,и на крај нема дури ни потврда од судот дека си рехабилитиран и не си криминалец или политички осуденик.Значи Македонија ги омаловажува Македонците кој од мали нозе работеле во интерес на самосталноста на сопствената држава.Знаеш ли колку боли тоа?Свесен си за таквата душевна болка која сеуште се предизвикува кај таквите “осуденици“?
И немој да ми мрчите овде дека некој имал досие,па бил следен од службите,кога ни оној што бил затвор чисто од Македонски причини сеуште не може слободно да си ги оствари сопствените права во Македонија за чие име и самостојност бил осудуван.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom