- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 777
Во Бугарија 65 отсто граѓани живеат на граница на беда
Околу 65 отсто од бугарското население живее околу или под прагот на сиромаштијата, соопшти организацијата „Поткрепа“ на тркалезната маса „Борбата против сиромаштијата“
Околу 65 отсто од бугарското население живее околу или под прагот на сиромаштијата, соопшти организацијата „Поткрепа“ на тркалезната маса „Борбата против сиромаштијата“ организирана од бугарскиот синдикат.
Од синдикатот соопштиле и дека 80 милиони Европејци живеат на прагот на сиромаштија, а од нив 4 милиони се граѓани на државите од ЕУ, кои ги загубиле работните места во последните месеци. Од „Поткрепа“ соопштуваат и дека очекуваат до крајот на 2009 година невработеноста во Бугарија да ја достигне стапката од 10 отсто.
Бугарија е држава со извонредна ниска невработеност дури и во споредба со старите членки на ЕУ. Таа во овој момент се движи околу 6 отсто, но се смета дека е поголема и дека има голем број непријавени невработени. Токму ниската невработеност обезбедува социјален мир во Бугарија, иако просечните нето-плати во март изнесуваа околу 290 евра, што е пониско и од просечната нето-плата во Македонија за околу 20-тина евра.
Истовремено, под ударот на економската криза бројот на вработени во Бугарија во последните месеци се намали за еден отсто, така што сега од околу 7,6 милиони жители на Бугарија работат 3,62 милиони лица.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=659124733315&id=9&prilog=0&setIzdanie=21705
Што мислите после ова ...
Дали во ЕУ мед и млеко тече?
колку време е бугарија во ЕУ и што ако?
пазете се очекува влошување на состојбите во нареден период ...
дали вреди да се самоуништиме и откажеме од нашата историја и култура и од нашето вековно име МАКЕДОНИЈА поради овие вредности ... кои се достигнуваат ако се насочиме кон тоа ... без да ја трошиме енергијата на самоукинување....