Не се разбирам многу од правилата на форумов, ама дали е во ред во последните 10 страни човек да чита само детско препукување и плачење, наместо издржани дискусии , сугестии, желби и радувања помеѓу вистинските навивачи на овој клуб?
Ако има човек задолжен за ред , го молам да ги олади малце сите оние кои доаѓаат овде со задни намери.
И аман те веќе!!!
Роналдо отишол ...ок .... Кака отишол ...ок.... Бензема отишол ...ок.
Па добро бе , пак Милан , Манчестер Јунајтед , па и Лион ќе останат респектибилни тимови. Можеби не исти , како до вчера , ама сепак ќе останат институции. Што е ова плачење?!
Па лани еден Робињо напушти , па не видов толку солзи ронење по него , тука по фан клубов.Иако дечкото беше главна караика во освојувањето на двете Примера титули по ред, и секако најатрактивен играч во мометот во Реал Мадрид. Или па , некој да идел по фан клубови на Манчестер Сити , да се жали таму?
Прав
навивач на еден клуб никогаш нема да си дозволи толку цврсто емотивно да се поврзе со еден играч , за да утре во лоша варијанта тој играч напушти, па сега ајде имам одврзани раце да с'клетишем по туѓи фан клубови ! Смешно е.
Навивајте си за тимовите и свиркајте си. Па сте најјаки , што ви е гајле.
P.S.
Опааа ...ова беше брзо.
Фала Фантом.