Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Морам да оговорам на ваков пост кога се во прашање финансиите. Реал Мадрид не е клуб од трета лига па да не може да го наполни стадионот. Колку што гледам скоро на секој натпревар е полн до последното место. Па така кога експертите ќе ми речат дека со ангажирање на Кака и Роналдо ќе има огоромно покачување на купените билети ми се плаче. Реал исто како и Барса е клуб со членови кои си купуваат сезнки билети и тие продаваат по околу 70000 сезонски билети а стадионот има капацитет од 80000 места. Не ова Интер со 55000 сезонски билети па ако направи дрим тим на Меаца да се купат уште 20000 или 25000 сезонски билети и да се почуствува огромна разлика.

Спонзорските договори се потпишани за во следните неколку години значи тие ќе бидат фиксни или со минимално зголемување. Не може да му текне на Реал сега на Ауди да му рече до сега плаќаше 20 милиони сега поради Кака и Роналдо ќе плаќаш 40 милиони. Може да дојде некој нов спонзор но нема да биде нешто посебно голем зошто сите опави маркетинг делови се веќе зафатени и ако се раскинат договорите Реал ќе треба да плати оштета.

е сеа најинтересниот дел се даноците. Незнам како некој луѓе си ги сфаќаат работите ама данокот го плаќа играчот а не клубот. Така на пример Реал му дава на Кака 10 милиони плата ако стапката е 25%, Кака ќе земе 7,5 милиони евра а на државата ќе и плати 2,5 милиони. Во Италија разликата е тоа што Кака место 7,5 ќе земе 5 а на државата
ќе и даде 5. Значи Милан и Реал Мадрид ќе имаат исти трошоци но играчот ќе добие повеќе пари во Реал.

Да е жив и здрав Кралот - тоа треба да го кажат фановите а не спонзорите. Исто како што и јас викам да е жив и здрав Морати.
Ти пишав еднаш во темата на Милан мислам, еве пак. Платата која ја добиваат е после данокот, значи ако кажале дека Кака зема 9 милиони толку зима, со платен данок.

Еве уште нешто за тоа од кај ги наоѓаат парите.

http://news.bbc.co.uk/2/hi/business/8094864.stm
 
Спонзорските договори се потпишани за во следните неколку години значи тие ќе бидат фиксни или со минимално зголемување. Не може да му текне на Реал сега на Ауди да му рече до сега плаќаше 20 милиони сега поради Кака и Роналдо ќе плаќаш 40 милиони. Може да дојде некој нов спонзор но нема да биде нешто посебно голем зошто сите опави маркетинг делови се веќе зафатени и ако се раскинат договорите Реал ќе треба да плати оштета.

Реал ќе зема по 50% од спонзорските договори на Кака и Роналдо (уствари на секој играч, ама овие се далку по “макретиншки“ играчи). Тоа не е баш занемарувачка сума.


е сеа најинтересниот дел се даноците. Незнам како некој луѓе си ги сфаќаат работите ама данокот го плаќа играчот а не клубот. Така на пример Реал му дава на Кака 10 милиони плата ако стапката е 25%, Кака ќе земе 7,5 милиони евра а на државата ќе и плати 2,5 милиони. Во Италија разликата е тоа што Кака место 7,5 ќе земе 5 а на државата
ќе и даде 5. Значи Милан и Реал Мадрид ќе имаат исти трошоци но играчот ќе добие повеќе пари во Реал.


Платите кои ги земаат играчите се со платен данок, значи 9 мил ќе се зема Кака, чисти пари.
 
Сите плати клубот ги плаќа со ДАНОК секаде е така. Ако Како побарал 9 милиони после одбиваање на данок Реал Мадрид на име на плата ќе исплати 12 милиони евра. Тоа е уште пострашно зошто трошоците на Реал Мадрид ќе бидат поголеми. Не знам како вие си го замислувае тоа со данокот. Данокот се одразува на трошоците. Ако во Италија Интер и Милан треба на играчите да им дадат плато од 100 милиони евра годишно без данок, Интер и Милан ќе треба да платат 160 милиони евра за кога ќе се одбе данок од 40% играчите да добиат плата без данок од 100 милиони евра. Во Шпанија ако Реал и Барса треба да исплатат 100 милиони после данок ќе треба да платат околу 130 значи во споредба со Италија ќе имаат 30 милиони помалце за плаќање односно 30 милиони евра за трансфери.

Реал има приходи од 360 милиони а Баерн има од 300, најголем трансфер на реал е 94 милиони евра а на Баерн е 25 милиони евра. Реал годишно троши по 150 милиони евра а Баерн не троши ни по 50. Зошто Баерн не даде 100 милиони за некој играч сте се запрашале???

Еве ви потврда за тоа што го зборам со даноците: Aguero is demanding a salary of £6.5m a year after tax, which means Chelsea would have to pay him nearly £11m a season.
 
Незнам зошто упорно одиш натака, се плаќа данок и им се дава плата. Цифрите што ги кажуваат како официјални се со платен данок.
 
Реал има приходи од 360 милиони а Баерн има од 300, најголем трансфер на реал е 94 милиони евра а на Баерн е 25 милиони евра. Реал годишно троши по 150 милиони евра а Баерн не троши ни по 50. Зошто Баерн не даде 100 милиони за некој играч сте се запрашале???

Бидејќи го немаат Флорентино Перез :)

Озбилно сеа. Баерн и да потроши толку пари на трансфер, големи се шансите никогаш да не ги врати, па тоа би му бил и последен таков трансфер, додека во Реал секако ќе се вратени парите, и тоа во големи размери, толку е едноставно.

Еве ви потврда за тоа што го зборам со даноците: Aguero is demanding a salary of £6.5m a year after tax, which means Chelsea would have to pay him nearly £11m a season.

А ние збориме нешто различно?


Видеото е лудило, must-watch за секој мадридиста :)
 
Многу пари дадовме за Роналдо не ми е баш по кеиф..ама ај се надевам дека ќе ги оправда парите и ќе игра во препознатливата форма:)
 
Трезеге? Не фала! При толку опции ние пак да зеаме таков играч, ако е за таков нема потреба да се фрлаат пари, го имаме Руд.
 
Не е лош Трезеге али мислам дека такви играчи имаме така да не би требало да дое.АКО е точно тоа за Виља, ке тргнат по Карим Бензема не по Трезеге:)
 
Шо ќе ни се напаѓачи веќе. Ги имаме доволно. Ни треба појака одбрана, како и секогаш...
 
Напаѓач единствено ни треба некој кој ќе е екстра квалитет да го замени Руд или поранешниот Раул, значи треба екстра: Виља или Ибра. Таков, а не било кој. Предводник.

Satellite
 
Абе зошто ни е напаѓач се запнале за напаѓач а што ќе им правиме на Игуаин, Хунти, Руд и Раул???? Пипита ни беше носител на игра лани а сега да го оставаме на клупа или пак Робен да седи на клупа не фала дај купете уште лев бек и центар халф стабилни продадете го вишокот и доста е за годинава.
--------------------Касилиас---------------------------
--Рамос----------Пепе-----Мец/Гарај/???--Марсело/???
------------------Махмаду-----Лас--------------------
-----Робен-----------Кака--------------------Роналдо-
--------------------Игуаин---------------------------

и така сме во суфицит со напаѓачи на клупа би требало да седат еден Руд, Раул, Хунти сега тамам го оформивме како играч Игуаин и да го продаваме или да го уназадуваме никако, ако на ова се придодат и Снејдер и ВДВ заедно со Гаго и самите гледате колку страшна средина имаме, само во одбраната сме слаби таму треба да се купат уште двајца и се ќе биде како што треба.
п.с. Би требало да се ослободиме од некои играчи како Хајнце играч кои не заслужува да го носи дресот на Мадрид, Дренте лоан или целосно продавање јас сум повеќе за целосно, Савиола и да не ги набројувам ги знаете и самите
 
^ На местото од Робен го преферирам Рибери, а Робен, во Ман сити, да им зееме пари ко за Робињо :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom