Се фативте сега за процентите на Римз. Процентите не се битни туку дали е вистина тврдењето или не. Јас истото сум го слушнал дека има доста такви случаи.
Мислам дека Виножито освојуваат околу 6000 гласови во нивниот регион и уште нешто во цела Елас што е минорно во однос на потенцијалните гласачи.
Глеј Братот, нек ти стане појасно.
Во Егејска има повеќе македонци отколку што сега се броени.
Во Егејска македонците кои што не се броени, се погрчени, дали на сила, дали на мила, поради имотни прашања.
Не мора да се сложуваш со мене, ама така е. И бројката Е 70%. За жал така е.
Битно е Силен, бидејќи е пласирана пропаганда, а овде Римз ја повторува.
Римз, не си во состојба мене да ме подучуваш за работи кои вон твојот домен на интерес, затоа не изгрувај некој меродавен фактор. Со најдобра намера.
Таа пропаганда е пласирана од Грците за да го претстават проблемот како наш внатрешен, дека не е креиран од Грчка страна.
Сакаат да се затскријат зад отуѓувањето(кражбата) на имотите.
Бидејќи со тоа ќе се докаже прогромот на Македонците, а како второ ќе треба да го признаат и обесштетат колонизирањето на нашите имоти од страна на грчките доселеници од Турција, бројка од скоро 1 милион доселеници.
А со тоа и процесот на изменување на етничкиот идентитет на нивниот дел од Македонија.
Многу опширен е проблемов, меѓутоа насоката во која се одвиваат работите - со културните друштва и речникот и абецедарот, ќе им помогне на Македонците да се издвојат од грците.
Клучен е проблемот со образованието.
Мнозинството се свесни за своите разлики и не-припадност кон Грчкиот етнос, меѓутоа немаат начин како да го експонираат тоа.
Не знаат Македонски јазик, немаат пристап до културни-македонски друштва, немаат македонска богослужба и сл.
Меѓутоа дел од нив се едни од најтврдокорните борци за македонскиот идентитет, како и оние иселеници во Америка, Австралија или Канада кои се свесни за својата македонска етничка припадност меѓутоа го изгубиле јазикот и сега тоа е бариера меѓу нас и нив.
На тоа се работи.
А во врска со некои гркомани одродени, не се ништо поразлични од оние кои ги имаме овде кај нас во републикава - де бугарофили де србофили, кои си работат за интерес.
Затоа не се служи со Грчки пропаганди, пред се' бидејќи и вие како албански ентитет сте во слична ситуација во Грција.