- Член од
- 17 мај 2009
- Мислења
- 349
- Поени од реакции
- 16
Дома > Македонија
Лидерите да ја преземат одговорноста за името
Горазд Чомовски Коментари (0)
02.06.2009 18:39
Мирјана Малевска
Провокациите како што е преименувањето на Аеродромот во Александар Велики и поставување на споменици со антички предзнак треба да престанат.
Tаквата политиката е контрапродуктивна и штети на преговорите околу името, се наведува во извештајот на парламентарното Собрание на Западно европската Унија, асоцијација за безбедносни одбранбени прашања.
Во тамошниот извештај посветен на ситуација на Западен Балкан, шпанецот Аграмунт, добар познавач на состојбите во земјава, оценува дека името Република Северна Македонија е досега најфлексибилниот предлог.
Аграмунт, како што пренесува Дојче Веле бара да бидат охрабрени Грција и Македонија да изнајдат заедничко прифатливо решение за името, потпирајќи се на предлозите од посредникот на Обединетите Нации, исто како и да се постигне напредок за преговорите за членство во ЕУ.
„Мислам дека не чекаат тешки времиња. Дали се работи само за името или за нешто повеќе, за идентитетот, јазикот, ќе видиме наскоро во преговорите кои продолжуваат. Мислам дека ќе биде тешко“, изјави Мирјана Малевска, универзитетски професор.
Имер Исмаили
Во дебата референдум ДА или НЕ, околу можната нова референца за Македонија, синоќа во Студио 2, дебата не исклучи и внатрешни политички проблеми и поделеност по етничка линија.
„Постои поделеност околу тоа што Албанците мислат околу промена на името, и постои разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како две поголеми партии во блокот на Македонците и практично во Македонија има јавно мнение во три димензии, и практично сега многу зависи од тоа како ќе биде поставено прашањето во референдумот“, вели Имер Исмаили, универзитетски професор.
„Првото е во владата сега брзо да направи компромис, соочувајќи се со гласачите по три години, откако ќе се случат многу работи, и ќе напреднеме во евро интеграции, и ќе влеземе во НАТО итн., варијанта број еден, варијанта број два, да нема никакви промени, тврда позиција, чекање на одлуката во Хаг, и според мои очекувања или желби, да почнеме нова дипломатска борба за ново проверување на легалноста во ОН, за нашиот прием“, рече Жидас Даскаловски, универзитетски професор.
Жидас Даскаловски
Иако референдумот е легитимно демократско право, сепак според аналитичарите во ваква консталација на случувањата, изјаснување на народ дополнително би можело да ги крена тензиите.
Тројцата универзитетски професори сугерираат политичките лидери да ја преземат целосна одговорноста околу компромисното име кое ќе биде постигнато со Грција.
„Владата мора да има став, мора да има претседателот став, и главните политички партии во Македонија. Кога они ќе го имаат тој став, на таков начин тогаш може да се пристапи евентуално во референдумско изјаснување“, изјави Илија Ацевски, универзитетски професор.
Владини извори не исклучуваат наместо референдум што ќе биде обврзувачки, гласот на народот да се тестира како советодавно мислење а одлуката сепак да ја донесе Парламентот.
Уште една '' анализа '' на А1, како тоа сами да си го бапнеме. Председателот и владата имаат јасен став, двојна формула т.е грците нека не викаат како сакаат а со другите веќе имаме нормални односи.
За нашиве локални европејци: не се секирајте на бирократите од брисел потребни сме им за да ја заокружат својата идеолошка матрица, за да зборат за Европа Македонија мора да е во ЕУ инаку џабе драпаат. Ако е до мене не ни треба влез во ЕУ, неутралноста е нашиот пат.
За нашиве аналитичари и експерти: ебете си матер во
За нашите албанци: не е ваш проблем т.е ако сте на наша страна ОК ако не пазете да не бидете колатерална штета.