Лидерите да ја преземат одговорноста за името

  • Креатор на темата Креатор на темата димитар в.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 мај 2009
Мислења
349
Поени од реакции
16
Веб-сајт
zvukotnatapanot.blog.com.mk
Дома > Македонија
prazno.gif
Лидерите да ја преземат одговорноста за името

Горазд Чомовски Коментари (0)
prazno.gif
prazno.gif
02.06.2009 18:39
mirjana-malevska.jpg
Мирјана Малевска
Провокациите како што е преименувањето на Аеродромот во Александар Велики и поставување на споменици со антички предзнак треба да престанат.
Tаквата политиката е контрапродуктивна и штети на преговорите околу името, се наведува во извештајот на парламентарното Собрание на Западно европската Унија, асоцијација за безбедносни одбранбени прашања.
Во тамошниот извештај посветен на ситуација на Западен Балкан, шпанецот Аграмунт, добар познавач на состојбите во земјава, оценува дека името Република Северна Македонија е досега најфлексибилниот предлог.
Аграмунт, како што пренесува Дојче Веле бара да бидат охрабрени Грција и Македонија да изнајдат заедничко прифатливо решение за името, потпирајќи се на предлозите од посредникот на Обединетите Нации, исто како и да се постигне напредок за преговорите за членство во ЕУ.
„Мислам дека не чекаат тешки времиња. Дали се работи само за името или за нешто повеќе, за идентитетот, јазикот, ќе видиме наскоро во преговорите кои продолжуваат. Мислам дека ќе биде тешко“, изјави Мирјана Малевска, универзитетски професор.
imer-ismaili.jpg
Имер Исмаили
Во дебата референдум ДА или НЕ, околу можната нова референца за Македонија, синоќа во Студио 2, дебата не исклучи и внатрешни политички проблеми и поделеност по етничка линија.
„Постои поделеност околу тоа што Албанците мислат околу промена на името, и постои разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како две поголеми партии во блокот на Македонците и практично во Македонија има јавно мнение во три димензии, и практично сега многу зависи од тоа како ќе биде поставено прашањето во референдумот“, вели Имер Исмаили, универзитетски професор.
„Првото е во владата сега брзо да направи компромис, соочувајќи се со гласачите по три години, откако ќе се случат многу работи, и ќе напреднеме во евро интеграции, и ќе влеземе во НАТО итн., варијанта број еден, варијанта број два, да нема никакви промени, тврда позиција, чекање на одлуката во Хаг, и според мои очекувања или желби, да почнеме нова дипломатска борба за ново проверување на легалноста во ОН, за нашиот прием“, рече Жидас Даскаловски, универзитетски професор.
zidas-daskalovski.jpg
Жидас Даскаловски
Иако референдумот е легитимно демократско право, сепак според аналитичарите во ваква консталација на случувањата, изјаснување на народ дополнително би можело да ги крена тензиите.
Тројцата универзитетски професори сугерираат политичките лидери да ја преземат целосна одговорноста околу компромисното име кое ќе биде постигнато со Грција.
„Владата мора да има став, мора да има претседателот став, и главните политички партии во Македонија. Кога они ќе го имаат тој став, на таков начин тогаш може да се пристапи евентуално во референдумско изјаснување“, изјави Илија Ацевски, универзитетски професор.
Владини извори не исклучуваат наместо референдум што ќе биде обврзувачки, гласот на народот да се тестира како советодавно мислење а одлуката сепак да ја донесе Парламентот.



Уште една '' анализа '' на А1, како тоа сами да си го бапнеме. Председателот и владата имаат јасен став, двојна формула т.е грците нека не викаат како сакаат а со другите веќе имаме нормални односи.
За нашиве локални европејци: не се секирајте на бирократите од брисел потребни сме им за да ја заокружат својата идеолошка матрица, за да зборат за Европа Македонија мора да е во ЕУ инаку џабе драпаат. Ако е до мене не ни треба влез во ЕУ, неутралноста е нашиот пат.
За нашиве аналитичари и експерти: ебете си матер во
За нашите албанци: не е ваш проблем т.е ако сте на наша страна ОК ако не пазете да не бидете колатерална штета.
 
Морам на српски за да не се изгуби автентичноста.
Све мој до мојега.
Пардон.
 
Јас исто мислам дека лидерите на најголемите партии у Македонија треба да ја преземат одговорноста за промената на името.
Они,водеа политика со која што Македонија изгуби и се должни да го признаат тоа за да може да тргнеме напред од клинч ситуацијата во која што стоиме ете долги дваесет години.

Со намера или без,од јавашлук и незнаење или заради нешто трето...
сега веќе и не е важно.
Платете го рачунот што веќе долго чека на вашата маса господа.
После Букурешт...
и последните надежи за `контраофанзива` паднаа у вода.

Значи,да повторам и поедноставам:
Не референдум,со кој што би се разводнила и делокализирала кривицата на целиот македонски народ!
НЕ!
Актот за промена на име има да го потпишат истите оние фацки кои што таквата ситуација ја направија РЕАЛНОСТ !
 
Кои лидери бре Зевсус, Бране, тито, столе, ѕинго па и никола, никој го нема тоа право!!!!
Јас верувам дека секој еден што ќе потпише јавно ќе биде личуван од народот. Линч во вистинска смисла на зборот!!!
Јас исто мислам дека лидерите на најголемите партии у Македонија треба да ја преземат одговорноста за промената на името.!
 
Грција останува на позицијата дека решението за спорот со северниот сосед е „ерга омнес“, односно едно сложено име со географска одредница што би се употребувало од сите.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Пасок Јоргос Папандреу на митинг во Вергина пред изборите за Европскиот парламент, закажани за 7. јуни, рече дека е против двојната формула како решение за спорот.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109463


Заради тоа, не се залажувајте.
 
Ајде овака.

Лидерите на Грција да ја преземат одговорноста дека навистина постои нивна соседна земја на северот која се вика Македонија ?

Може така да размислуваме ?
 
Ајде овака.

Лидерите на Грција да ја преземат одговорноста дека навистина постои нивна соседна земја на северот која се вика Македонија ?

Може така да размислуваме ?
Провокација било...
 
Провокациите како што е преименувањето на Аеродромот во Александар Велики и поставување на споменици со антички предзнак треба да престанат.


Горазд Чомовски, новинар на Велија Рамковски
Имер Исмаили, универзитетски професор.
Жидас Даскаловски, универзитетски професор.
шпанецот Аграмунт, добар познавач на состојбите во земјава


бре бре се собрале странците и туго име скроиле:pos2:
 
Дома > Македонија
prazno.gif
Лидерите да ја преземат одговорноста за името

Горазд Чомовски Мислам дека ќе биде тешко“, изјави Мирјана Малевска, универзитетски професор.

Во дебата референдум ДА или НЕ, околу можната нова референца за Македонија, синоќа во Студио 2, дебата не исклучи и внатрешни политички проблеми и поделеност по етничка линија.
„Постои поделеност околу тоа што Албанците мислат околу промена на името.
Тројцата универзитетски професори сугерираат политичките лидери да ја преземат целосна одговорноста околу компромисното име кое ќе биде постигнато со Грција.
Мисли дека ќе биде тешко, налет тоа што и дал некој титула професор па и видовита е.
Цело време Албанците, албанците како тие ќе прифатат. Мое мислење дека ќе прифатат човечки, а тоа е никаква смена на никакво име, иако имаме војувано против нив сепак јас лично ги почитувам и секогаш ги нарекувам како што сакаат да се нарекуваат т.е. Албанци.
Најдобро е политичките лидери да седнат на маса во кафеана и после вечерата да се договорат за името :nesvest::nesvest:.

Добро мислат или не мислат овие од А1 и А2, ако се случи тоа прво што ќе горат ќе бидат парламентот и владата, па потоа дотичната телевизија. Нема ниту човечка ниту божја сила што ќе го спречи тоа :toe:.
И ова нема да биде така затоа што јас го имам напишано на форум, туку тоа ќе биде така затоа што е таква реалноста кај луѓево. Па после професорката да излези и да кажи за тешки времиња, кога ќе се отворат портите од пеколот таа сигурно ќе ја затвори својата погана уста.
 
Sto ima cudno tuka?

Sekako deka politickite lideri treba da prevzemat odgovornost ( kakva i da bilo ), toa im e rabota, a ne da mi mlatat prazna slama. Neka ni ostavat nas da mudruvame, tie neka nosat odluki.:toe:
 
Провокациите како што е преименувањето на Аеродромот во Александар Велики и поставување на споменици со антички предзнак треба да престанат.


Горазд Чомовски, новинар на Велија Рамковски
Имер Исмаили, универзитетски професор.
Жидас Даскаловски, универзитетски професор.
шпанецот Аграмунт, добар познавач на состојбите во земјава


бре бре се собрале странците и туго име скроиле:pos2:

Соросоидите никаде не се странци.:toe:
 
А1 работи многу повеќе на припрема на народот отколку Сител. Да не ги смениле лончињата? Ова, парите?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom