Идентитетот НИКОГАШ не бил и не е тема на спорот со Грција - тоа е стапица која сами ја местиме и во која самите се фрламе.
Спорот е ЕДИНСТВЕНО за името.
По мое скромно мислење, разумен компромис треба да значи споразум со кој ниту ние ниту Грција (или кој било друг) нема да има исклучиво право на името Македонија. Без оглед што ние сме суверена држава и без оглед на тоа колку и да е неправедна и болна ситуацијата во која се наоѓаме, факт е дека ќе мора да направиме компромис и да го измениме името (да, во најфаталистичката смисла: или ќе го смениме името или нема да не има).
Значи, доколку прифатиме географска одредница во името, тоа да го направи и Грција за Егејска Македонија (но и Бугарија за Пиринска).
Северна Македонија е апсолутно неприфатливо решение (покрај другото) бидејќи, ако има Северна, треба да има и Јужна Македонија - а што тогаш со Пиринска Македонија?