Дали Груевски и Иванов се против Македонија?

sedimadro

Stormbringer
Член од
1 јуни 2009
Мислења
12
Поени од реакции
0
ова е сегашна ситуација, не зборувам за сега. Прати линк со СФРЈ како членка.. прати да видиме во кое својство е примена.. СССР беше сојуз, СФРЈ федерација од 6 републики..
Еве од Вики, се надевам ќе користи:
http://en.wikipedia.org/wiki/United_Nations_member_states#Yugoslavia

Само суверени држави можат да бидат членки на ООН, во принцип. Без разлика дали се работи за сојуз, како СССР, или ФЕДЕРАТИВНА РЕПУБЛИКА, како СФРЈ (подеднаков пример на СФРЈ се САД, Мексико, Бразил, Индија...) - во ООН тие имале по едно столче и една табла со име. Реков, републиките се во доменот на внатрешното уредување, автономни единици кои сочинуваат една федеративна држава, а за ООН (и светот) постоеле само СССР и СФРЈ и постојат само Мексико и само САД, а не и Алабама, Хаваи....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
АБЦ, те помачив малку појќе да покуцкаш по тастатурата, али добро објаснето :)
Тенкју.
Али ај пак да додадам. Ако еу работеше според тие меѓународни норми/акти, секако дека досега не само што грците ќе плаќаа отштета, туку немаше да имаме пречки од нејзина страна за било што во тој контекст. Ако строго се држат по тие нивни закони. Исто како..ако овде кастрираш мачка одма се јавува Фуере и вели нема шанси да идете во еу. А Ако грците затепаат новинари и забранат промоција на некое македонско дело, тоа се преќутува. Самата еу нема воља-не сака едноставно- ова да го реши согласно тие акти. Тоа е мој впечаток.
А нашите дал се добри или не,...тоа ти го објасни погоре :)

И би придодал, не ми се потребни овие институции, ми треба слободна трговија, слободно движење на роба и народ, производство...пари.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Уште нешто - со инсистирањето РМ да го задржи името Македонија без придавки, зарем не би значело дека се откажуваме од останатите два дела каде, исто така, живеат Македонци? Не велам дека во денешно време треба и може да бараме спојување на трите дела, туку реално да се признае поделбата и да се признаат како Македонци луѓето кои живеат таму.
Луѓето кој живеат таму треба сами да се изборат и да бидат признати како Македонци,а ние треба сесрдно и искрено но и јавно само да ги помагаме во тоа.Се друго е само мешање во внатрешните работи на една земја.Си размислил ли некогаш што ќе добиеме со инсистирање Македонија да се обедини како една целина?Би рекол дека повеќе ќе загубиме доколку на тоа инсистираме во овој момент кога сеуште не сме на рамноправна како економска,така и политичка основа.Со инсистирање за било какво обединување може да се започне уште со првиот момент кога ќе бидеме на колку-толку рамноправна основа со граѓаните Македонци кој живеат во другите делови на географска Македонија.Во спротивно само можеме да се занесуваме по орловите мадиња дека ќе постигнеме некаков успех доколку бараме таа територија да ни се врати назад,без да бидеме составен дел на ЕУ или НАТО.Ние сме инсајдери во тој процес,без разлика колку и да веруваме во демократските принципи на демократскиот свет.:toe:
 
sedimadro

Stormbringer
Член од
1 јуни 2009
Мислења
12
Поени од реакции
0
До АБЦ: Апсолутно се слагам дека нема ни теоретски шанси за спојување на трите дела на Македонија - тоа не беше мојата идеја (освен, фигуративно, преку членство во ЕУ и НАТО и токму ЗАТОА е потребно да го добиеме тоа членство). Тоа е само еден конкретен начин да им помогнеме на Македонците во останатите делови и да се натераат државите потписнички на Букурешкиот договор да ја признаат поделбата на Македонија. Мојата поента беше дека колку ние немаме ексклузивно право на името Македонија, толку повеќе и Грците го немаат...
 
А

Адриано

Гостин
Со изјавата на нашиот Председател Ѓорѓе Иванов и нашиот Премиер Никола Груевски, дека Македонија треба да најде компромис за името, дали сметате дека всушност се против нашата татковина Македонија?

Што би се случило, според Вас, доколку во догледно време, истите овие личности би се согласиле на промена на уставното име на Република Македонија, со некоја нова форма, од стилот (пример) Северна Република Македонија?

РЕФЕРЕНДУМ

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Браво.. секоја чест..

Да ли и кога треба да имаш СЕКС со партнерката - да се распишува Референдум???

Постојат работи за кои не се поставува прашање. Ако некој си има проблем со сопствениот идентитет, многумина тоа го немаат...

извинете на Директноста.. - ништо лично, чисто Фигуративно...
 
R

RAYTHEON23

НЕ СМЕЕ ИДЕНТИТЕТ ИМЕ ДА СЕ СТАВА НА РЕФЕРЕНДУМ НИКАКО:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
До АБЦ: Апсолутно се слагам дека нема ни теоретски шанси за спојување на трите дела на Македонија - тоа не беше мојата идеја (освен, фигуративно, преку членство во ЕУ и НАТО и токму ЗАТОА е потребно да го добиеме тоа членство). Тоа е само еден конкретен начин да им помогнеме на Македонците во останатите делови и да се натераат државите потписнички на Букурешкиот договор да ја признаат поделбата на Македонија. Мојата поента беше дека колку ние немаме ексклузивно право на името Македонија, толку повеќе и Грците го немаат...
Е па сега види пријателе,многу е битно со кое име ќе се зачлениме во НАТО или ЕУ,затоа што нема да можеме одпосле толку лесно да си го вратиме името назад.А за тоа дека ние немаме ексклузивно право на името Македонија,морам да те потсетам дека доколку нема друга територија со елементи на држава со тоа име,токму ние имаме ексклузивно право на тоа име,без разлика дали во Грција постоел аеродром,област или провинција која се вика така,предимството на ексклузивитет ни припаѓа нам,иако ние барем досега не инсистиравме на тоа.Е сега ќе мораме да почнеме со “инсистирање“,затоа што треба Грците да се преименуваат во Македонци доколку тие инсистираат ние да го промениме нашето име.Значи тука треба да ја бараме нашата предност во однос на наметнатиот проблем окулу името,а не со “разумни компромиси“ кој и не се компромиси доколку се еднострани.:toe:
 
Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
тоа и јас го велам. Распишување на Референдум е само кукавички акт позади кој политичарот се крие.. Кој и да е....

Има мандат, обеќал.. нека исполни.. ако не - Назад нека го врати мандатот,

Нови Избори..
 
sedimadro

Stormbringer
Член од
1 јуни 2009
Мислења
12
Поени од реакции
0
Идентитетот НИКОГАШ не бил и не е тема на спорот со Грција - тоа е стапица која сами ја местиме и во која самите се фрламе.
Спорот е ЕДИНСТВЕНО за името.

По мое скромно мислење, разумен компромис треба да значи споразум со кој ниту ние ниту Грција (или кој било друг) нема да има исклучиво право на името Македонија. Без оглед што ние сме суверена држава и без оглед на тоа колку и да е неправедна и болна ситуацијата во која се наоѓаме, факт е дека ќе мора да направиме компромис и да го измениме името (да, во најфаталистичката смисла: или ќе го смениме името или нема да не има).

Значи, доколку прифатиме географска одредница во името, тоа да го направи и Грција за Егејска Македонија (но и Бугарија за Пиринска).

Северна Македонија е апсолутно неприфатливо решение (покрај другото) бидејќи, ако има Северна, треба да има и Јужна Македонија - а што тогаш со Пиринска Македонија?
 
Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Идентитетот е ГЛАВНИОТ проблем со грците.. Името е само Формата.. начинот како да те оспорат како нација..

во договорите - предлозите на Нимиц и компанија, има еден Куп точки и под точки каде се забранува да се користи името, придавката, Македонски, македонскиот и тн...

Со самото тоа тие и технички те оспоруваат да се именуваш како нација. Терминот Северна, Демократска, Горна, е НАЈМАЛ проблем.. Тоа што е со ситни букви, поддоле напишано како договорни точки. тоа е проблемот..

Перфидна игра..
 
sedimadro

Stormbringer
Член од
1 јуни 2009
Мислења
12
Поени од реакции
0
До Piters:

Токму затоа решението на спорот треба да носи обврски за сите страни и отстапки како и да обезбеди заштита на едната страна од евентуалната идна злоупотреба на другата.

А сите оние кои сакаат референдум, треба да сфатат дека изборите СЕ референдум - изгласана е политичка опција за која се смета дека умее да се носи со сите проблеми, а не да бара алиби за утре да каже: „не сме ние виновни, граѓаните сами одлучија“...
 
yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Ме воодушевивте со расправијата !!!! Мило ми е што нема без-везни препукувања, туку конструктивна дебата. :back:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Идентитетот НИКОГАШ не бил и не е тема на спорот со Грција - тоа е стапица која сами ја местиме и во која самите се фрламе.
Спорот е ЕДИНСТВЕНО за името.

По мое скромно мислење, разумен компромис треба да значи споразум со кој ниту ние ниту Грција (или кој било друг) нема да има исклучиво право на името Македонија. Без оглед што ние сме суверена држава и без оглед на тоа колку и да е неправедна и болна ситуацијата во која се наоѓаме, факт е дека ќе мора да направиме компромис и да го измениме името (да, во најфаталистичката смисла: или ќе го смениме името или нема да не има).

Значи, доколку прифатиме географска одредница во името, тоа да го направи и Грција за Егејска Македонија (но и Бугарија за Пиринска).

Северна Македонија е апсолутно неприфатливо решение (покрај другото) бидејќи, ако има Северна, треба да има и Јужна Македонија - а што тогаш со Пиринска Македонија?
Правото на користење на името Македонија или Македонски ние не им го оспоруваме никому како што ни САД не можат да го оспорат правото на било кој да го употребува зборот Американски.Тоа право поготово не смее да го злоупотреби Грција која нема ништо со името Македонија,кое дури и во Библијата е убаво и јасно дистанцирано како посебно име,различно од Грција.Инаку колку за потсетување окулу идентитетот на народот Македонски морам да ти кажам дека:
-НАРОД БЕЗ ИСТОИМЕНА ДРЖАВА,НЕМА ДА ОПСТОИ ПОДОЛГО ВРЕМЕ!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom