Години на рикање на Црвениот Змеј

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D7EB1160BB30CA49969B8172601D2B80

За„работниот народ“се продаваат старите комунистички трикови: Децата на Тито, нивната наводна сиромаштија, „приче о поштењу“. Добро замаскираните социјалистички претприемачи имаат лице да ни продаваат „скромност“, да ја идеологизираат носталгијата

Тоа се група интелектуалци, кои наместо да бидат подложени на темелна опсервација од критичката јавност за својот удел во транзициските години, налик на експериментални бели глувци, исползуваат од окното на една морална бездна рикајќи како револуционерни ламји.Ова нема да бидат „изолационистички“, туку ќе бидат години на исчезнување на диносаурските социјалистички интелектуалци и професори од јавната сцена заедно со крвавиот тефтер на Маркс, со нивното паролашко и демагошко сфаќање на мултикултурата, концепт во кој воопшто не веруваат и кој им служи само за денунцирање на десноориентираните.Ова нема да бидат „антиквизациски“ години, ова ќе бидат години кога за последен пат, повампирените неокомунистички писари секое изразување на национално чувство ќе го санкционираат како фашизам.

Ова ќе бидат години кога секој профитер од јавната сцена, кој се затерал да глуми Коперник или Бодлер, ќе размисли убаво дали може да фрли камен по МПЦ. Не поради анатема, туку затоа што ќе се чуе и досега замолкнатиот верски глас.Доколку го анализираме печатот континуирано ќе забележиме дека се' уште се сервираат старите илузии. Читаме квазиисториски фељтони за Тито како подметната амнестија за злосторствата на диктаторот, ни се форсираат озборувачките мемоари „без маска“, кои не се нималку наивни. Посткомунистичката елита педантно не' известува за љубовниците, шампањите и клавирите, како симбол на хохштаплерството на Маршалот на кое всушност тие до ден-денес му се поклонуваат.

За „работниот народ“ се продаваат старите комунистички трикови: Децата на Тито, нивната наводна сиромаштија, „приче о поштењу”. Добро замаскираните социјалистички претприемачи имаат лице да ни продаваат „скромност“, да ја идеологизираат носталгијата. Денешните први наследници на комунистите се себепрогласуваат за „урбани, градски и алтернативни“ наспроти историската вистина дека нивните предци најпрвин во сопствените редови ги збришаа напредните градско-буржујски елементи што беа за национална кауза, а потоа ги елиминираа повоено, на што освен од идеолошката неподобност, беа поттикнати и од личната планинска инфериорност.

Таа неолиберална-нарко-анархо-левичарска авангарда е нашата титоистичка развратна и декадентна општествена елита. Тоа што денес се забележува во авангардно-шминкерските магазини за млади најдобро ја отсликува духовната беда на оние кои ни ги поттурнуваат ретроградните концепти. На насловната на еден таков магазин, по следниот редослед се наброени категориите: хедонизам (дроги), антиконзумеризам, анархизам, Чомски и сето тоа со спонзорски благослов на корпоративниот Ти-мобиле. Помеѓу рекламата за најновата луксузна чанта, крема и лосион, и помеѓу советите за естетска хирургија, ќе најдете упатство за судир со полицијата, носење гас-маска и безбол палка, full опрема, како и амфетаминска терапија за анархисти. Тука е и Ноам Чомски, омилениот интелектуалец на нашите левичарски позери, здодевниот лингвист кој во документарецот Manufactyring Consent: Noam Chomsky and the Media на прашањето „Добро, што не отидеш да живееш во Кина, ако комунизмот ти е толку мил? „ тој одговара „Во САД најдобро се живее, несомнено е најдемократска земја во светот“.
Но, малку ќе најдете во „слободниот“ печат во Македонија за податокот дека Чомски при крајот на 70-тите го посетил режимот на Црвените Кмери и Пол Пот. Чомски ќе го поддржи режимот на геноцидните власти кои според Amnesty International убиле 1.4 милион луѓе. Во своите книги тој не нуди нови идеи, туку претежно пишува анализа за американските воени интервенции, ги разоткрива големите американски медиуми во заговорничко-забавен стил. Чомски многу малку се осврнува на внатрешната американска политика, не е ниту анархист. Анархистите го презираат затоа што не се залага за укинување на државата, туку напротив, тврди дека државата единствено може да ги заштити работниците и сл.

Може да заклучиме дека се наоѓаме во сивата зона, каде што повеќето медиуми кај нас идеолошки ги профилираат своите вести, информации, па дури и модни и забавни прилози. Тоа го потврдува значењето на една од главните агенди на Владата за зголемување/ширење на интернет-пристапот, разбивање на телекомуникациските монополи, се' со цел да се излезе од кругот на информатичката зачмаеност, образовната некомпатибилност, информативното слепило и едноумие со кои и во 21 век се обидуваа да владеат старите тоталитарци. Од 19 проценти корисници на интернет во 2006, денес имаме 44 проценти или 125 проценти зголемување според Internet world stat.

На нашето македонско небо, лета еден црвен змеј, но тоа е хартиен змеј!
Алекс Букарски

Секоја чест, пристрасно но аргументирано.....
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
букарски..добар текст, негде мислам налетав на една блогерска закачка меѓу него и геро..мислам некој и ја пастираше тука.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Тролчињата анти-македонски треба да дојдат тука и да дознаат зошто и како „фиреречето“ и неговиот „фашизам“ направија „државен удар“ во државава. А не главна кампања да им биде да пљукаат по све, па на крај и по Македонското.

ПС во истиот број има колумна и Фрчко, бљувотина......неспоредливо, недостојно за еден професор, уште помалку за претседатески кандидат, претседателски советник, министер.....

ППС И во власт предавници и во опозиција предавници,прво не оставија без опозиција па сега во својата пропаст сакаат да го повлечат цел Македонски народ.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Мислам дека народот ќе ја избегне “провалијата“ во последен момент или токму кога предавниците ќе скокнат во неа.А за Букарски немам баш најдобро мислење со неговите блог-колумини,само наметнува тези врз кој темели малку неоснована реалност,особено кога заборава дека моменталната власт баш и не е толку комуњарска.:toe:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Dali navistina ne e "komunjarska"!
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Пристапот е важен АБЦ, дневната политика по било која цена ти удира лесно од глава, не случајна беше „реинсталацијата на системот на портокаловите“ и морам да кажам многу успешна за разлика од другата страна.

Другата страна се покажа како импотентна без својот тестостерон Бане. Тролчињата се слика и прилика за состојбата во партијата, безизлез. Ни ја оставија државава без опозиција.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ni ja ostavija drzavata bez opozicija, a pozicijata seuste se rakovodi kako da ne e na vlast.

Oksimoron!
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
да се надоврзам ..

прво..ваква состојба со притисоци официјални од страна пред се кон власта( по тек на нештава сегашната) е посакувана прагматички за било која опозиција...само да застанела навреме во одбрана на име и национален интерест и ете рецепт да се вратиш на власт.

друго...дали оној кој пука дирекно или оној кој пропагира квази анархија ( чомски како идеолог) е оној со окрварени раце???

трето.. за наши прилики, ако дозволиме да змејовите рикаат и ја почнат ``предавничката `` револуција, најискрено се прашувам зашто одиме на избори и гласаме???
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ni ja ostavija drzavata bez opozicija, a pozicijata seuste se rakovodi kako da ne e na vlast.

Oksimoron!
Хехе Гарфилд и за тоа има објаснување, се изгореле на млекото па дуваат во јогуртот сеа...

Состојбата во СДСМ, му отвара широк простор за маневар на Груевски, но и далеку помала контрола. Ваква ситуација каква што е може да донесе 3 исходи, или да заличи на оној период од 94-98, или најавуваното сценарио на Бане да се покаже за вистинито, или па конечно да се расчисти со старите удбашки структури (инсталирани длабоко) еднаш за секогаш.....

Имајќи ја во предвид и надворешно политичката ситуација, би рекол дека Груевски се држи како ретко кој до сега. Па од сега ќе видиме. Проблемот во сето ова е што СДСМ посегнува по забранети сретства и прави непринципиелни коалиции за кампањи кои му штетат на Македонскиот народ воопшто, притоа сеуште одбивајќи ги луѓето од себе. Молат бога да Груевски биде притиснат да го смени името, за да можат да добијат некој политички поен.

Башка све тоа, еве примети ги клон темите....Со пљукање не се стигнува на власт, не повеќе, тој период кај народот заврши, народот бара нешто конкретно, а не тролови. Земи го истиот број на дневник и прочитај ја колумната на Фрчко, во ништо не се разликува од троловиве....
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D7EB1160BB30CA49969B8172601D2B80

За„работниот народ“се продаваат старите комунистички трикови: Децата на Тито, нивната наводна сиромаштија, „приче о поштењу“. Добро замаскираните социјалистички претприемачи имаат лице да ни продаваат „скромност“, да ја идеологизираат носталгијата

Тоа се група интелектуалци, кои наместо да бидат подложени на темелна опсервација од критичката јавност за својот удел во транзициските години, налик на експериментални бели глувци, исползуваат од окното на една морална бездна рикајќи како револуционерни ламји.Ова нема да бидат „изолационистички“, туку ќе бидат години на исчезнување на диносаурските социјалистички интелектуалци и професори од јавната сцена заедно со крвавиот тефтер на Маркс, со нивното паролашко и демагошко сфаќање на мултикултурата, концепт во кој воопшто не веруваат и кој им служи само за денунцирање на десноориентираните.Ова нема да бидат „антиквизациски“ години, ова ќе бидат години кога за последен пат, повампирените неокомунистички писари секое изразување на национално чувство ќе го санкционираат како фашизам.

Ова ќе бидат години кога секој профитер од јавната сцена, кој се затерал да глуми Коперник или Бодлер, ќе размисли убаво дали може да фрли камен по МПЦ. Не поради анатема, туку затоа што ќе се чуе и досега замолкнатиот верски глас.Доколку го анализираме печатот континуирано ќе забележиме дека се' уште се сервираат старите илузии. Читаме квазиисториски фељтони за Тито како подметната амнестија за злосторствата на диктаторот, ни се форсираат озборувачките мемоари „без маска“, кои не се нималку наивни. Посткомунистичката елита педантно не' известува за љубовниците, шампањите и клавирите, како симбол на хохштаплерството на Маршалот на кое всушност тие до ден-денес му се поклонуваат.

За „работниот народ“ се продаваат старите комунистички трикови: Децата на Тито, нивната наводна сиромаштија, „приче о поштењу”. Добро замаскираните социјалистички претприемачи имаат лице да ни продаваат „скромност“, да ја идеологизираат носталгијата. Денешните први наследници на комунистите се себепрогласуваат за „урбани, градски и алтернативни“ наспроти историската вистина дека нивните предци најпрвин во сопствените редови ги збришаа напредните градско-буржујски елементи што беа за национална кауза, а потоа ги елиминираа повоено, на што освен од идеолошката неподобност, беа поттикнати и од личната планинска инфериорност.

Таа неолиберална-нарко-анархо-левичарска авангарда е нашата титоистичка развратна и декадентна општествена елита. Тоа што денес се забележува во авангардно-шминкерските магазини за млади најдобро ја отсликува духовната беда на оние кои ни ги поттурнуваат ретроградните концепти. На насловната на еден таков магазин, по следниот редослед се наброени категориите: хедонизам (дроги), антиконзумеризам, анархизам, Чомски и сето тоа со спонзорски благослов на корпоративниот Ти-мобиле. Помеѓу рекламата за најновата луксузна чанта, крема и лосион, и помеѓу советите за естетска хирургија, ќе најдете упатство за судир со полицијата, носење гас-маска и безбол палка, full опрема, како и амфетаминска терапија за анархисти. Тука е и Ноам Чомски, омилениот интелектуалец на нашите левичарски позери, здодевниот лингвист кој во документарецот Manufactyring Consent: Noam Chomsky and the Media на прашањето „Добро, што не отидеш да живееш во Кина, ако комунизмот ти е толку мил? „ тој одговара „Во САД најдобро се живее, несомнено е најдемократска земја во светот“.
Но, малку ќе најдете во „слободниот“ печат во Македонија за податокот дека Чомски при крајот на 70-тите го посетил режимот на Црвените Кмери и Пол Пот. Чомски ќе го поддржи режимот на геноцидните власти кои според Amnesty International убиле 1.4 милион луѓе. Во своите книги тој не нуди нови идеи, туку претежно пишува анализа за американските воени интервенции, ги разоткрива големите американски медиуми во заговорничко-забавен стил. Чомски многу малку се осврнува на внатрешната американска политика, не е ниту анархист. Анархистите го презираат затоа што не се залага за укинување на државата, туку напротив, тврди дека државата единствено може да ги заштити работниците и сл.

Може да заклучиме дека се наоѓаме во сивата зона, каде што повеќето медиуми кај нас идеолошки ги профилираат своите вести, информации, па дури и модни и забавни прилози. Тоа го потврдува значењето на една од главните агенди на Владата за зголемување/ширење на интернет-пристапот, разбивање на телекомуникациските монополи, се' со цел да се излезе од кругот на информатичката зачмаеност, образовната некомпатибилност, информативното слепило и едноумие со кои и во 21 век се обидуваа да владеат старите тоталитарци. Од 19 проценти корисници на интернет во 2006, денес имаме 44 проценти или 125 проценти зголемување според Internet world stat.

На нашето македонско небо, лета еден црвен змеј, но тоа е хартиен змеј!
Алекс Букарски

Секоја чест, пристрасно но аргументирано.....
Podrska za poinakvo mislenje od nekakov pro crven mainstream...se drugo e anarhisticka krajnost...
Пристапот е важен АБЦ, дневната политика по било која цена ти удира лесно од глава, не случајна беше „реинсталацијата на системот на портокаловите“ и морам да кажам многу успешна за разлика од другата страна.

Другата страна се покажа како импотентна без својот тестостерон Бане. Тролчињата се слика и прилика за состојбата во партијата, безизлез. Ни ја оставија државава без опозиција.
Ne mora da e taka...lugjevo se mazohisti...taka da Rada -Bucko Sdsm nemase sansa da pomini nitu kaj Sds proper...ne pa kaj site...
да се надоврзам ..

прво..ваква состојба со притисоци официјални од страна пред се кон власта( по тек на нештава сегашната) е посакувана прагматички за било која опозиција...само да застанела навреме во одбрана на име и национален интерест и ете рецепт да се вратиш на власт.

друго...дали оној кој пука дирекно или оној кој пропагира квази анархија ( чомски како идеолог) е оној со окрварени раце???

трето.. за наши прилики, ако дозволиме да змејовите рикаат и ја почнат ``предавничката `` револуција, најискрено се прашувам зашто одиме на избори и гласаме???
Ne mesaj babi i zabi...na MK i terba desnicarska vlada...i e podobra opcija od leva...problem e sto samite desnicari vrska nemaat od ideologija i implementacija...mislam na NG i negojte...ona sto zbora propaganda samo poinaku...
Хехе Гарфилд и за тоа има објаснување, се изгореле на млекото па дуваат во јогуртот сеа...

Состојбата во СДСМ, му отвара широк простор за маневар на Груевски, но и далеку помала контрола. Ваква ситуација каква што е може да донесе 3 исходи, или да заличи на оној период од 94-98, или најавуваното сценарио на Бане да се покаже за вистинито, или па конечно да се расчисти со старите удбашки структури (инсталирани длабоко) еднаш за секогаш.....

Имајќи ја во предвид и надворешно политичката ситуација, би рекол дека Груевски се држи како ретко кој до сега. Па од сега ќе видиме. Проблемот во сето ова е што СДСМ посегнува по забранети сретства и прави непринципиелни коалиции за кампањи кои му штетат на Македонскиот народ воопшто, притоа сеуште одбивајќи ги луѓето од себе. Молат бога да Груевски биде притиснат да го смени името, за да можат да добијат некој политички поен.

Башка све тоа, еве примети ги клон темите....Со пљукање не се стигнува на власт, не повеќе, тој период кај народот заврши, народот бара нешто конкретно, а не тролови. Земи го истиот број на дневник и прочитај ја колумната на Фрчко, во ништо не се разликува од троловиве....
Tocno samo ne mislam deka promena na ime e nuzno losa opcija...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Podrska za poinakvo mislenje od nekakov pro crven mainstream...se drugo e anarhisticka krajnost...

Ne mora da e taka...lugjevo se mazohisti...taka da Rada -Bucko Sdsm nemase sansa da pomini nitu kaj Sds proper...ne pa kaj site...

Ne mesaj babi i zabi...na MK i terba desnicarska vlada...i e podobra opcija od leva...problem e sto samite desnicari vrska nemaat od ideologija i implementacija...mislam na NG i negojte...ona sto zbora propaganda samo poinaku...

Tocno samo ne mislam deka promena na ime e nuzno losa opcija...
Диловите од ваков вид, во историјата, никогаш не донеле долготраен просперитет. Краткорочно можеби, но на подолги патишта секое попуштање води во пропаст.

Крајно десничарска и конзервативна влада е нужна во овој историски момент, колку е таква владата на Груевски останува да видиме. Но сепак мислам дека највеќе зависи од народот (но и од активистите на ДПМНЕ), колку се спремни да жртвуваат за својот идентитет.

Од друга страна, економската ситуација бара и активни социјални мерки, што му ја усложнува работата на ДПМНЕ, но од друга страна многу добра се покажа активната даночна политика што ја водат и во голема мерка ги покрија дупките.

Ако го продадеме името со тоа го продаваме и идентитетот, историската шанса што ни е дадена(Македонска држава), ја ставаме во корпа за отпадоци. Вакви шанси ретко се пружаат на држави што одамна ги немало (историјата познава 3 случаи Ерменија, Израел и Македонија). Безброј народи исчезнале продавајќи го своето име....

Значи не само што е лоша опција, најлоша е.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Проблемот е што вториот ешалон на СДСМ е напикан во сегашнава власт, тоа е гнојната рана на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште од почетокот му се вметнати луѓе кои никако не и припаѓаат на партија од десната ориентација, барем декларативно нели за себе велат дека се повеќе конзервативна партија, десен-центар и сл.

Меѓутоа како да очекуваме да ја спроведуваат на дело таа идологија во случај кога се растени и воспитани по принципите кои важат за левите.

Потребна е иницијатива за формирање на граѓанска платформа.
 
Гурбетџиите во ДПМНЕ, не би биле проблем, додека не заиграат на Бранковите фанфари. Но и од друга страна се соочуваме со опасност да добиеме нестабилна и слабо контролирана власт во сите сегменти.

Без разлика на грурбетџиите, власт со слаба контрола е опасност самата за себе. Конструктивна опозиција не подразбира плукање на секој чекор, без притоа да се води сметка што се плука, и да се раководи од правилото „ваљда има нешто што ќе потфрли“. Контруктивна опозиција значи критика во вистинска насока, исто како и подршка во вистинска насока.

Оваа импотентна опозиција е тотално опозитна и со тоа и пародична. Место растечеки рејтинг, после 3 години власт, што е нормално за секоја опозиција било каде во светот, а уште повеќе во време на длабока економска криза, ние имаме сосема спротивна ситуација, опаѓање на рејтинг на опозицијата. Се поставува прашањето, дали е толку добра владата на Груевски, или пак толку е рѓосана и безнадежна опозицијата.

Јас би рекол владеењето на Груевски, иако можеше и подобро, постави некои позитивни стандарди, досега невидени во Македонија, а од друга страна, опозицијата со своето однесување му го копаше гробот толку длабоко, што сега неможе да излезе од него. Све на све и никој да не се сложи дека владата е добра, може да се сложи дека е најдобра до сега. А далеку е дека некој ќе се сложи и дека имаме контруктивна и јака опозиција.

Со самото ова, најголема одговорност, во еден можен лош исход од денешнава ситуација, во историјата ќе го понесе денешнава импотентна опозиција.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Рецептот им пронајден на ВМРО ДПМНЕ нема стриктно десно-лево. Туку најдоброто од двете, за лево го купуваат социјалниот мир, а за десно го хранат патриотизмот :toe:.
 
SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
292
Ajde jogurt revolucija na chelo so Aleks Bugarski protiv SDSM.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom