Фантом организација го преплави Скопје со плакати

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
plakat-makedonci.jpg

Фантомска организација викендов повторно го преплави Центарот на Скопје со плакати. Излепени се илјадници постери со патриотска содржина на кои не стои ниту кој ги нарачал, ниту кој ги изработил.

Со нив им се порачува на граѓаните да бидат горди на својата историја и минато, и да бидат горди што се Македонци. Како аргумент наведуваат десетици историски личности, од Филип и Александар до Ченто, или скоро истите за кои Владата гради споменици.

Мистериозната организација освен со пари, најверојатно располага и со голем број на луѓе, кои биле ангажирани за лепење на постерите.

Ова не е прв пат во Скопје да осамне пропаганден материјал за кој се фрлени многу пари, а не се знае од кого. Некој минатата година, кога се подготвуваше забрана за абортусот, го излепи Скопје со постери дека прекинувањето на бременоста е убиство, а веднаш по Самитот во Букурешт центарот беше преплавен со постери со кои на граѓаните им се сугерираше да не летуваат во Грција.

Зошто сега, кога се најавува интензивирање на преговорите за името, а Владата уверува дека со решението нема да биде загрозен македонскиот идентитет, граѓаните се потсетуваат да бидат горди што се Македонци, останува да покаже блиската иднина.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109410

Браво за фантомската организација ...(сепак постојат Чувари на Македонската Кауза)

околу болдот ... А зошто да не ..
покрај тоа шо ви смета кога владата плаќа за реклами сега почна да ви смета и кога некој од џеб плаќа?
 
Зошто сега, кога се најавува интензивирање на преговорите за името, а Владата уверува дека со решението нема да биде загрозен македонскиот идентитет, граѓаните се потсетуваат да бидат горди што се Македонци, останува да покаже блиската иднина.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109410

Бог да чува и да брани. Што толку им сметаат плакатите, прееска го гледав прилогот. Направија сензација...
Супер е да има вакви плакати, не знам што е битно кој ги лепи или која организација е одговорна.

Какво прашање еј ЗОШТО???

Па националната свест треба да се крева постојано, зарем е срам некој да се гордее што е Македонец?

Цццц... :pop:
 
Нови глупости на А1 - Фантом организација го преплави Скопје со плакати

ПОСЛЕДЕН БИСЕР ОД А1

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109410

Фантом организација го преплави Скопје со плакати
Гоце Михајлоски
Фантомска организација викендов повторно го преплави Центарот на Скопје со плакати. Излепени се илјадници постери со патриотска содржина на кои не стои ниту кој ги нарачал, ниту кој ги изработил.

Со нив им се порачува на граѓаните да бидат горди на својата историја и минато, и да бидат горди што се Македонци. Како аргумент наведуваат десетици историски личности, од Филип и Александар до Ченто, или скоро истите за кои Владата гради споменици.

Мистериозната организација освен со пари, најверојатно располага и со голем број на луѓе, кои биле ангажирани за лепење на постерите.

Ова не е прв пат во Скопје да осамне пропаганден материјал за кој се фрлени многу пари, а не се знае од кого. Некој минатата година, кога се подготвуваше забрана за абортусот, го излепи Скопје со постери дека прекинувањето на бременоста е убиство, а веднаш по Самитот во Букурешт центарот беше преплавен со постери со кои на граѓаните им се сугерираше да не летуваат во Грција.

Зошто сега, кога се најавува интензивирање на преговорите за името, а Владата уверува дека со решението нема да биде загрозен македонскиот идентитет, граѓаните се потсетуваат да бидат горди што се Македонци, останува да покаже блиската иднина.

==========
Неколку прашања за типот
1.А кои други би требало да ги пишува? Тие што не се Македонци? Плус на типот му треба аргумент да биде горд.
2.Се подготвувала забраната на абортус? Што не ми кажале дека абортусот е забранет...
3.Каква врска имаат преговорите со тоа да се чувствуваш горд да си Македонец?

И ГЛАВНОТО ПРАШАЊЕ
Дали новинарот е глупав или заведен?
 
кој ги лепи????? па нели владата имаше некои тендери за кампањи : ПОДИГАЊЕ НА МОРАЛ...?????:)
 
Јас само еден поздрав до А1 да упатам:back:

picture.php

:zlo:
 
Ма цели се они на варијанта дигни га,дигни га...
али џабе, :pos2:
и да му пејат пак иста песна, јок бурда кардашим....
 
Јас само еден поздрав до А1 да упатам:back:

picture.php

:zlo:

браво за сликава кај ја најде :)

кој ги лепи????? па нели владата имаше некои тендери за кампањи : ПОДИГАЊЕ НА МОРАЛ...?????
сакаш да кажеш нешто ... пак политика ...
нели ти се свиѓа плакатов кажи ми ...
зар и за ова има некој кој ќе мрчи ...
 
Море Братот да не е :tv:
 
На овие а1 се им смета
Кој и да ги нарачал кој и да ги лепи браво:helou:
секоја чест
 
Секоја чест за постериве, само нека продолжат да ги лепат. Нека си пукнат тие што им смета (во овој случај А1)
 
Кој има проблем со овие плакати? И кој е проблемот?
 
Секоја чест. Безразлика кој да ги поставил. :smir:
 
Огромен поздрав до фантомската организација за овој "срамен чин" :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom