Е ај,еве конкретен Прилепски пример:
Со кутија цигари дневно до 111 години!
- Не можам без цигари, мачно ми е ако не запалам, па си потерувам и по една кутија цигари дневно, вели најстариот прилепчанец. Иако се гледа дека годините навистина му натежнале, овој старец и натаму без проблеми се сеќава на многу настани од својот долг живот. Со задоволство раскажува за неговото учество во Народноослободителната војна, за неговите партизански денови во Првата и Шестата македонска ударна бригада, за неговото учество во борбите за ослободување на Гостивар, Кичево, Тетово, каде што му загинале и неговите браќа. "Низ животот видов сў и сешто, сега убаво се живее, тешко беше некогаш кога се работеше по полињата без машини, кога оравме со волови, кога работевме сў на рака", вели дедо Данил. Иако има проблеми со слухот и видот, сака да гледа телевизија: "Гледам, ама ништо не разбирам, оти слабо слушам. Сепак, времето побрзо поминува покрај телевизорот", објаснува тој.
http://217.16.70.245/?pBroj=1539&stID=19966&pR=3