УМС на ВМРО-ДПМНЕ в недела ќе одбележи 18 години од постоењето
Скопје, 29 мај (МИА) - Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ со годишната конференција закажана за 31 мај во Метроплис арената на Скопски саем, ќе одбележи 18 години од своето постоење.
На конференцијата ќе се обрати и претседателот на партијата Никола Груевски.
- УМС годинава го слави своето политичко полнолетство. Низ структурите на Унијата на млади сили поминале и ќе поминат голем број луѓе кои се успешни во она што го работат, цврсти личности кои знаат како се работи и што треба да се направи за подобро утре на Република Македонија, рече денеска на прес-конференција Сашо Стефаноски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
На годишната конференција в недела ќе се обрати и Томас Шнајдер, потпретседател на Подмладокот на Европската народна партија и секретар за меѓународна соработка на подмладокот на партијата на Ангела Меркел. Тој, како што посочи Стефаноски, ќе ги пренесе европските перспективи за Македонија.
:helou:
Да живее Унијата на Млади Сили,да живее Вмро Дпмне,да живее Република Македонија!