31.5.09 оваа недела со почеток во 19Ч ќе се одржи 18 годишна конференција на УМС

  • Креатор на темата Креатор на темата Esobar
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
УМС на ВМРО ДПМНЕ е движечка сила во партијата, која е неуморна и ги остварува предвидените цели.Од мое гледиште, бројот на членови во УМС се зголемува поради можноста да се слушне гласот на младите, за разлика од СДС каде младите се секогаш бутнати на страна и без глас, став и мислење.
Годишната конференција е свеченост, посебно поради ,,полнолетството,, да го наречеме,и се надевам дека ке биде убаво и полно со позитивна енергија исто како претходната година, или може и повеќе. Жал ми е што некои не можат да го откријат потенцијалот на младите и со цинизам пристапуваат кон иднината.
 
Го пишав ова во посебна тема но гледам не сте многу заинтересирани да ги искажете вашите ставови па ајде и овде бидејќи токму тој плакатот од првиот пост ме поттикна да го напишам ова.

Поткастрена младина

Пред една недела, кога се одржа протестот „Слободен индекс“, напишав нешто за македонската младина и нејзината незаинтересираност за случувањата во општеството.

Бидјеќи едно од главните барања беше укинување на школарината се обидов да дадам некакво објаснување зошто македонските студенти не ги интересира тоа...
Зошто да се замараат, мама и тато за што работат...
Плус истите тие мама и тато им викаат на студентите:
- Немој си излегол, ќе те натепаат, виде шо им направија на тие од Архитектура...
- Нема да те пуштаат на испит, ќе се влечкаш со години по факултет...
- Гледај да си ги поминеш некако тие три години па ќе земеш партиска книшка па ќе се вработиш...

Ќути трај... тоа е мотото на македонците... и кога ептен ќе ти згусти кукај во твојот затворен круг...
Пишав и дека некои од студентите, поточно неколку студентки, додека гледаа сеир, појма си немаа кој е тоа Самоил Малчевски и зошто им е толку крив на „протестантите“. Малку им се избистри сликата откако им ја кажаа големата „тајна“ дека секоја година даваат 200 денари за неговиот студентски сојуз, но сепак не се растревожија многу поради тоа. Па што се 200 денари ви се молам, две нес кафиња, ништо страшно...

На еден од плакатите имаше една проста математичка пресметка која гласеше „200 ден. х 36.000 студенти = 7.200.000 денари“. Кога оваа сума ќе се претвори во евра се добива уште поинтересна и би рекол појасна бројка. Таа изнесува 117.270 евра. Веројатно можете да замислите многу работи кои би се направиле со овие пари но тоа би им го оставил на студентките кои не знаеа каде одат нивните пари.

Ваквата неинформираност и незаинтересираност е страшна, мора да признаете. Посебно е страшна бидејќи доаѓа од категорија која треба да е движечка сила во едно општество. Но има нешто што, барем според мене, е далеку пострашно.

Имено, прееска на влезот на студентскиот дом „Пелагонија“ видов два плакати кои ја најавуваат 18-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Нема да прашам што бараат партиски ознаки на влез на студентски дом, објект кој е наш, заеднички, но ќе се обидам да поставам а можеби и да одговорам некои други прашања.

Знам дека многу незавршени средношколци па и основци на настанов гледаат како на матура, па дури и како нешто многу поголемо и повозвишено и се подготвуваат за „настанот на годината“ каде ќе можат да се видат и дружат со останатите младинци од другите градови и да разменат некои плакатолепачки искуства.

И сето тоа е ок... Добро е да се види дека некои, за разлика од претходно споменатите студент(к)и се во тек и со останатите настани освен оние од „Ексклузив“ и „Бекстејџ“ и дека активно се вклучени во нешто и прават нешто повеќе од излегување и озборување во своите животи.

Но реков дека ова е можеби и пострашно од претходната ситуација. Зошто пострашно?

Па... обично член на униите или сојузите на млади сили на некоја партија се станува како основец или најдоцна како средношколец и таму се пече занаетот на лепење плакати, кинење плакати од другата партија во пакет со тепање младинци од другата партија, веење знамиња на митинзи, делење маици по другарчиња и ширење на „словото“ на партијата меѓу нив, и се разбира најважното... се учи дека лидерот на партијата е светиња и дека неговиот збор е магичен, а кој ќе го порекне заслужува, ако нема плакат, да му се скине барем лист од средина.

Најважното од се во членувањето во некоја партија е ставањето узди со кои се насочуваат членовите што да прават, но уште поважно и уште пострашно - како да размислуваат. Слично како и пратениците кои обично гласаат во пакет - или цела пратеничка група гласа за, или против, или пак со тенџериња тропаат за да не можат другите да дискутираат за законот. Токму така, во пакет, се учат да размислуваат и младинците, членови на некоја партија, онака како што лидерот ќе каже.
V2-3Gremlins.jpg

И, ако за оние студент(к)и кои сега половиот орган ги заболе за случувањата околу нив, има шанси кога ќе потпораснат да почнат да ги следат и да размислуваат, кај младинците од партиските сојузи, тешко дека постојат вакви шанси. Што може да се очекува од младина која уште кога почнала да ги восприема работите различни од играчки, Телетабиси, Том и Џери и Покемон, била насочена како да размислува за истите тие работи.

И кога на 15 години ќе научиш дека некој друг треба да размислува наместо тебе, тогаш не може да се очекува дека кога ќе направиш 20 години ќе почнеш да размислуваш со своја глава и да се спротиставуваш на случувањата околу тебе.

Но, дали се виновни партиите кои ги примаат децата во своите редови?

Во никој случај... тоа е нивната цел впрочем... да соберат колку што е можно поголемо членство и истото да го водат што е можно подобро, а тоа се постигнуа токму од таа ниска возраст.

А, дали се виновни децата кои стануваат членови на ваквите(о)младини?

Не би рекол. Родителите, според мене се главните виновници за ваквото поткастрување на младината и нејзиниот „бунтовничко-револуционерен“ потенцијал. Само што, не можам да ги сфатам родителите - членови на некоја партија, како можат да бидат горди на тоа што и нивниот син/ќерка станале членови на партијата. Зарем не можат да размислат за последиците од тоа? Зарем не можат да размислат и сфатат колку е важно да ги научат своите деца да размислуваат и да расудуваат со своја глава?

И кога ќе се соберат или одземат работите... останува дека младината може да се подели на три дела.

- Првиот дел - оние кои воопшто не размислуваат за случувањата во политиката и општеството и не се интересираат за своите права, но и правата на сите граѓани.

- Вториот дел - оние кои се членови на младината на партиите и не можат, поточно кажано, не смеат да размислуваат со своја глава за случувањата во политиката и општеството, и следствено на тоа, не може да се очекува дека би се избориле за нешто.​

- Третиот (најмалиот) дел - оние кои со своја глава размислуваат и имаат став за случувањата во политиката и општеството, и ако ништо повеќе го изразуваат својот став во друштво или на интернет.Останува да се надеваме дека тие ќе почнат да ги пренесуваат своите ставови и во јавноста и дека ќе успеат да влијаат и на оние првите, па дури и вторите да им се придружат и заедно, навистина да бидат движечка сила во општеството, која нема да дозволи работите да се случуваат без нив.
 
УМС на ВМРО ДПМНЕ е движечка сила во партијата, која е неуморна и ги остварува предвидените цели.Од мое гледиште, бројот на членови во УМС се зголемува поради можноста да се слушне гласот на младите, за разлика од СДС каде младите се секогаш бутнати на страна и без глас, став и мислење.
Еве Д_Лејди и до тебе истото прашање:
На што се сведува улогата во партијата на деца до 18 години, ако не на тоа што го напишав во претходниот пост ?

Конкретно доколку може.
 
Еве Д_Лејди и до тебе истото прашање:
На што се сведува улогата во партијата на деца до 18 години, ако не на тоа што го напишав во претходниот пост ?

Конкретно доколку може.
Ако може јас да се замешам?

По мене, членство во партија не би смеело до полнолетност...
Е сега, таквите ги вршат работите кои ги спомна, но забиорави да кажеш дека со текот на времето, некои си одат, други доаѓаат, и се формира идна генерација на политичари...
Така е со која и да било партија...
А секаде, не само во партија, почетникот ги добива најмизерните работи, па си напредува во хиерархијата на организацијата...
Партиите се организации со структура, хиерархија, систем на напредување...исто како и фирми на пример, други организации, институции...
 
V2-3Gremlins.jpg





:tv::tv::tv::pos2::pos2::pos2::pos2::tv::tv::tv::tv:

Ова е сликата за младината на вмро,

неписмени мајмуни кој сакаат да цицаат од државата.
 
Еве Д_Лејди и до тебе истото прашање:
На што се сведува улогата во партијата на деца до 18 години, ако не на тоа што го напишав во претходниот пост ?

Конкретно доколку може.



ХИТЛЕР ЈУТ....

СЕ ДОЛЖИ НА ЗЛОУПОТРЕБА ЕТЕ ТОА...НЕ МОЖЕ ДА СЕ Е““ЕШ А ДА НЕ ВЛЕВА...ТАКА ДА НЕМОЖЕШ ПОЛИТИКА ПОД 18 ГОДИНИ.....

ЈАС ГЛАСАВ ЗА ДПМНЕ НА ИЗБОРИ АМА ЗА МАЛЦЕ КЕ СЕ ПРЕДОМИСЛЕВ КОГА ГИ ВИДОВ НАБЉУДУВАЧИТЕ ЕДЕН ПОВТАРАЧ КОЈ ТАТКО МИ МУ ПОМОГНА ДА ЗАВРШИ ШКОЛО ЕДЕН ДУВАЧ НА ЛЕПАК ТОА БЕШЕ КОМИСИЈАТА НА ВМРО-НАДГЛЕДУВАЧИТЕ
 
V2-3Gremlins.jpg





:tv::tv::tv::pos2::pos2::pos2::pos2::tv::tv::tv::tv:

Ова е сликата за младината на вмро,

неписмени мајмуни кој сакаат да цицаат од државата.
Само колку да биде јасно, сликата во постот а и постот не е само за младината на ВМРО-ДПМНЕ, туку и за сите останати.
 
V2-3Gremlins.jpg





:tv::tv::tv::pos2::pos2::pos2::pos2::tv::tv::tv::tv:

Ова е сликата за младината на вмро,

неписмени мајмуни кој сакаат да цицаат од државата.


епа како ги учат босовите во штабовите....што е целта на тие млади сили...имаат ли испратено протестно писмо до атина....до јап де хоп шефер ..или и они ја поддржаа акцијата озеленете се и почнете да садите дрвја па кога ке дојде време пироманите оргазми да добиваат
 
Ако може јас да се замешам?

По мене, членство во партија не би смеело до полнолетност...
Јас го прашав токму спротивното.
Што може за некоја партија (а со тоа и за државата) да придонесе некое дете кое сеуште ја нема осознаено смислата на животот.
Е сега, таквите ги вршат работите кои ги спомна, но забиорави да кажеш дека со текот на времето, некои си одат, други доаѓаат, и се формира идна генерација на политичари...
Така е со која и да било партија...
А секаде, не само во партија, почетникот ги добива најмизерните работи, па си напредува во хиерархијата на организацијата...
Партиите се организации со структура, хиерархија, систем на напредување...исто како и фирми на пример, други организации, институции...
Па нели за таа намена постојат образовни институции од кои партиите треба да влечат кадри ?
 
Јас го прашав токму спротивното.
Што може за некоја партија (а со тоа и за државата) да придонесе некое дете кое сеуште ја нема осознаено смислата на животот.
Реков, и мислам дека бев сосема јасен дека членство во партија треба да биде дозволено само за лица со навршени 18 години, т.е. полнолетни.
Факт е дека партиите, и тоа сите без исклучок, користат...би рекол злоупотребуваат деца за предизборни цели, како лепење плакати, митинзи и др.
И, тоа би требало да биде казниво.
Па нели за таа намена постојат образовни институции од кои партиите треба да влечат кадри ?
Чекај сега малце...
Од кои образовни институции да влечат кадри?
Личен избор на човек е да се зачлени или не во партија. дали е образуван или не, тоа е друго прашање.
 
funkcijata na clenovite pod 18 godini e da se priberat vo rasadnikot od mali.
na primer ajax vo fudbal ima najjaka mladinska skola )))), nesto slicno kako ums ))),
a nekoj na primer kako sdsm slicno na juventus so malverzacii ispagja vo 2 liga )))
 
Реков, и мислам дека бев сосема јасен дека членство во партија треба да биде дозволено само за лица со навршени 18 години, т.е. полнолетни.
Факт е дека партиите, и тоа сите без исклучок, користат...би рекол злоупотребуваат деца за предизборни цели, како лепење плакати, митинзи и др.
И, тоа би требало да биде казниво..
Факт е дека најголемата злоупотреба на деца во политички цели во Македонија ја прави партијата која моментално е на власт.

Овде да напоменам дека никако, ни по кој основ, не го оправдувам инволвирањето на малолетници во било која друга политичка партија.
funkcijata na clenovite pod 18 godini e da se priberat vo rasadnikot od mali.
na primer ajax vo fudbal ima najjaka mladinska skola )))), nesto slicno kako ums ))),
a nekoj na primer kako sdsm slicno na juventus so malverzacii ispagja vo 2 liga )))
Хахаха.... Алал а ти е бе другар кога менталниот склоп ти дозволува да направиш споредба како ова погоре....за која патем немам никаков коментар.
 
funkcijata na clenovite pod 18 godini e da se priberat vo rasadnikot od mali.
na primer ajax vo fudbal ima najjaka mladinska skola )))), nesto slicno kako ums ))),
a nekoj na primer kako sdsm slicno na juventus so malverzacii ispagja vo 2 liga )))

муабетов...........

а и ВМРО чесно е....чесно го испраа мозокот а и по се изгледа нема ни да издржат власт...премногу власт не е на добро..а и арогантноста плус
 
Гледам рекламирањево на собиров иде во стилот на Пио-Пжс при УМС на К.В. на ВМРО ДПМНЕ на РМ. Лепење плакати по цел град и отварање теми по форуми. Преродбата продолжува...


И Пио викаш неможе секој да излезе што сака да каже а? Топ.

80043%20junger&hitler.jpg

Што точно сакаш да кажеш со постов?
и не ги мешај работите Пио-Пжс месен комитет ПодСтаница општински комитет Кисела Вода:helou:
гледам од кога е отворена темава ти смета што ја посетуваш тогаш?
и нормално дека неможе секој да излезе што сака да каже не е ова аудиција
 
Факт е дека најголемата злоупотреба на деца во политички цели во Македонија ја прави партијата која моментално е на власт.
Не...
исти се и СДСМ, и ДУИ и ДПА... ДУИ ми се чини најмногу...
Во Струмица на пр. возеа дечиња веспи и се дереа ЗАЕВ, ЗАЕВ...така да не е факт...
Факт е единствено злоупотребата, која никако не е санкционирана. само за парите за кампањи се фаќаат, а за малолетниците, иако флагрантно гледаме по телевизии сцени од митинзи, никој ни да спомне...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom