- Член од
- 6 август 2006
- Мислења
- 201
- Поени од реакции
- 29
Во врска со потеклото на тнр. словенски јазик, и јас сметам дека теоријата, којашто тврди дека од Балканот или од потесната територија на Македонија се развива јазик којшто би бил основа на останатите јазици коишто денес се нарекуваат за словенски, е сосема легитимна и возможна. Меѓутоа,тоа не ни дава за право да ги негираме Кирил и Методиј како создаватели на словенскиот писмен јазик и зачетници на словенската писменост. Оти, ако зборуваме за писмен јазик и писмена традиција во Македонија, (освен онаа на грчки јазик) тоа е кирилометодиевската традиција. Е сега, говорениот јазик, јазикот на народната поезија и проза е нешто сосема различно од пишаниот старословенски или црковнословенски. Точно е дека во тој говорен македонски јазик се сеќаваат многу архаични и засебни елементи, коишто ги нема во ниту еден друг словенски јазик, нешто што се забележува посебно кај народната поезија (види Конески, „Јазикот на македонската народна поезија“, Скопје 1971).
Оттука, пред да дебатитаме треба да се усвои разликата пишан-говорен јазик. Првиот има традиција стара 10-11 века (документирана, проучувана, периодизирана и систематизирана), вториот има традиција сигурно подолга од првиот, само не се знае колкава. Е сега, преку сложени лингвистички проучувања е можно барем делумно да се „екстрактираат“ оние појави во македонскиот говорен јазик, коишто укажуваат на некои постари влијанија или состојби. Се’ друго останато (наводни тајни ракописи, камења на розета, кодови и шифри, ѓаволи, врази...) потпаѓа под графата шарлатанство и шпекулација.