Македонскиот јазик од историски аспект

Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Во врска со потеклото на тнр. словенски јазик, и јас сметам дека теоријата, којашто тврди дека од Балканот или од потесната територија на Македонија се развива јазик којшто би бил основа на останатите јазици коишто денес се нарекуваат за словенски, е сосема легитимна и возможна. Меѓутоа,тоа не ни дава за право да ги негираме Кирил и Методиј како создаватели на словенскиот писмен јазик и зачетници на словенската писменост. Оти, ако зборуваме за писмен јазик и писмена традиција во Македонија, (освен онаа на грчки јазик) тоа е кирилометодиевската традиција. Е сега, говорениот јазик, јазикот на народната поезија и проза е нешто сосема различно од пишаниот старословенски или црковнословенски. Точно е дека во тој говорен македонски јазик се сеќаваат многу архаични и засебни елементи, коишто ги нема во ниту еден друг словенски јазик, нешто што се забележува посебно кај народната поезија (види Конески, „Јазикот на македонската народна поезија“, Скопје 1971).

Оттука, пред да дебатитаме треба да се усвои разликата пишан-говорен јазик. Првиот има традиција стара 10-11 века (документирана, проучувана, периодизирана и систематизирана), вториот има традиција сигурно подолга од првиот, само не се знае колкава. Е сега, преку сложени лингвистички проучувања е можно барем делумно да се „екстрактираат“ оние појави во македонскиот говорен јазик, коишто укажуваат на некои постари влијанија или состојби. Се’ друго останато (наводни тајни ракописи, камења на розета, кодови и шифри, ѓаволи, врази...) потпаѓа под графата шарлатанство и шпекулација.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Оттука, пред да дебатитаме треба да се усвои разликата пишан-говорен јазик. Првиот има традиција стара 10-11 века (документирана, проучувана, периодизирана и систематизирана), вториот има традиција сигурно подолга од првиот, само не се знае колкава. Е сега, преку сложени лингвистички проучувања е можно барем делумно да се „екстрактираат“ оние појави во македонскиот говорен јазик, коишто укажуваат на некои постари влијанија или состојби. Се’ друго останато (наводни тајни ракописи, камења на розета, кодови и шифри, ѓаволи, врази...) потпаѓа под графата шарлатанство и шпекулација.
Сето тоа е веројатно точно и вака напишано убаво звучи, но проблемот е во официјално прифатената премиса дека до 10 век сите Словени зборувале ист јазик или разликите помеѓу одделните населени подрачја биле апсолутно безначајни.

Во однос на ова е и описот за развој на прасловенскиот јазик со едни многу удобни и дискутабилни јазични промени како замената на ликвидите (демек околу 6-от век, а зошто не би се случувале и пред тоа и во текот на повеќе векови) кои се ништо повеќе од квази-теории и доказ за погрешната поставеност на целата проблематика.

Оттука понатаму основно јазичната историја се следи и опишува преку анализа на писмената, официјална, книжевна или (незнам веќе како да ја наречам) црковна форма, и отсуството на некои карактеристики специфични за македонскиот јазик бездруго се толкува и како непостоење на истите или се припишуваат исклучително на влијанието од туѓи јазици.

Но ако се промени разбирањето за раниот развој и автентичноста нема да се доведуваме до вакви апсурди како например прогласувањето на сврзникот "ама" за турцизам бидејќи не се среќавал по евангелијата напишани на црковнословенски иако во францускиот јазик се среќава формата mais, во италијанскиот ma, во малтешкиот и холандски јазик со истиот корен и нема како да биде резултат на турско влијание. Ова само како пример.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
Би предложил да се избегнува терминот Црковнословенски или Старословенски јазик (кој термин мислам дека е наметнат од одредени нечесни цели, а и онака не соодветствува на реалноста) и да се применува терминот : “Средновековен македонски јазик“, или ако станува збор за постарата верзија на истиот : “Антички македонски јазик“
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Мислам дека најзначајно во ова е за нас работата на Српскиот академик Милан Будимир.

http://www.rastko.org.rs/civ1/vinca/mbudimir-vinca.html
http://web.archive.org/web/20051119083127/http://www.svevlad.org.yu/budimir_pelastoslavica.html
http://web.archive.org/web/20051119081048/http://www.svevlad.org.yu/budimir_problembukve.html

Из класичне и савремене алоглотије, Београд (1933);
О Илијади и њеном песнику, Београд (1940);
Грци и Пеласти, Београд (1950);
Проблем букве и протословенске домовине, 3агреб (1951);
Pelasto - Slavica, Загреб (1956);
Die Sprache als Schöpfung und Entwicklung, Жива антика, VII- 2, Скопље (1957);
Protoslavica, Москва (1958);
Zur psychologischen Einheit unserer Ilias, Das Altertum IX Берлин (1963);
Са балканских источника, Београд (1969).
О Атинској Илијади, Летопис Матице српске, година 140, Нови Сад

Повеќето идеи за јазикот се од делата негови...

Научни опус Милана Будимира броји неколико стотина радова, књига, студија, расправа и чланака, од којих су неки ушли у најпознатије енциклопедије, речнике и приручнике. У главним цртама радови Милана Будимира се могу поделити на пет великих скупина.

Првој скупини припадају радови који се односе на истраживања докласичних језика и култура на балканском, малоазијском и апенинском простору. Главна заслуга Милана Будимира у овој области лежи у сакупљању и тумачењу обимног лексичког материјала из језика догрчких Индоевропљана, као и у утврђивању гласовних законитости ових језика.

Те догрчке старинце који су иначе према литерарној традицији називани Пелазгима (Πελασγοί') Милан Будимир назива Πελα'σται, полазећи од облика Πελαστικε' (који се јавља у схолијама уз Хомерову Илијаду 16, 233), затим од ономастичког материјала на терену (Παλαιστή', топоним у Епиру; Palaestinus, старије име за Стримон итд), као и од неких апелатива са високом доказном вредношћу (Πενε'σται, назив за покорено становништво у античкој Тесалији; Πελα'σται назив за земљораднике везане за земљу у Атици).

Другу скупину чине радови у којима су презентирана истраживања посебних веза између ових догрчких индоевропских идиома и словенских језика, тачније речено протословенског језика.

Трећу скупину чине радови који се односе на испитивање општих фонетских законитости и појава у индоевропским језицима, посебно у језицима у контакту.

Четврту групу чине истраживања у области античких књижевности са посебним нагласком на догрчко порекло појединих књижевних родова и европске сцене.

Пету групу чине радови који испитују посебне културне везе у фолклору јужних Словена и античког света и они стоје у тесној вези са другом скупином Будимирових радова.

(Научна истраживања Пра-индоевропљана - према: проф. др Љиљана Црепајац- Односи Пелазга и протословена према истраживањима Милана Будимира).

Не знам само зошто да откриваме топла вода? ...пак!


.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
76
Поени од реакции
1
Црковнословенскиот јазик е руска редакциjа со малки промени на старобугарскиот јазик - ІХ-Х век - и среднобугарскиот јазик - ХІ-ХІV век, кoj се е вратил во Бугариjа през 17-18 век.

През седните векови многу бугарски книги са пренесени и преведени во Русиjа /и во Србиjа и др./, зошто Бугариjа като постара христиjанска и голeма држава - од времето на кнjаз Борис І и подоцно - е имала голем авторитет сред другите словени.

За историјата на словените нема никакви сомнениjа - документирана е со многу археоложки проучваниjа и писмени данни од древни автори. Нивната прародина е во Северните Карпати и горните делови на реките Висла и Днеп'р http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/fa/Origins_300BC.png

http://www.kortlandt.nl/publications/art066e.pdf
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Би предложил да се избегнува терминот Црковнословенски или Старословенски јазик (кој термин мислам дека е наметнат од одредени нечесни цели, а и онака не соодветствува на реалноста) и да се применува терминот : “Средновековен македонски јазик“, или ако станува збор за постарата верзија на истиот : “Антички македонски јазик“
Нема никаква основа Црковнословенскиот јазик да се нарекува средовековен македонски.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
А која е основата да се нарекува "Црковнословенски" јазик??? Дали тој јазик го говореле Македонците или Црковнословенците???

Со јазикот се служат реални луѓе во реални ситуации. Тоа не бил некој измислен јазик како Есперанто туку бил народен јазик кој во извесен смисол бил кодифициран.

Терминот Црковнословенски јазик е измислен термин се со цел да се забошоти постоењето на Македонска нација во тоа време. Демек, не постоела Македонска нација туку тоа ти било некоја неоформена, аморфна маса од народ кои ќе ги викаме Словени и кои можат да бидат се што ќе посакаме - Бугари, Срби и т.н.

Покрај другото, тие се неми и неписмени и единствените што говорат и се писмени им се по црквите, па затоа ќе го викаме нивниот јазик Црковнословенски.

А бре, ние Македонците сме тие кои што им дале писменост и “им ги отвориле устите“ на сите други. Што мислите кој ги пишувал буквите на надгробните споменици? Поповите? Кој ја водел документацијата на владетелите? Поповите? Кој ги пишувал официјалните и приватните писма? Поповите? Кој ги градел куќите, дворците, црквите? Па, за тоа треба солидно познавање на математиката, поготово геометрија. Кој ги цртал иконите во тие цркви и кој ги пишувал натписите на нив? Тоа што се зачувале само документите и писанијата од Црквите и Манастирите не ни дава за право јазикот и писмото да ги наречеме Црковнословенски и да заклучиме дека целото останато население било неписмено.

Јас мислев дека моите “писанија“ во форумов ги читаат интелегентни луѓе и дека ќе нема потреба да ги дообјаснувам моите ставови, ама не било така... Или освен за интелегенцијата станува збор за други мотиви...
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Црковнословенскиот јазик како шо рече комшијата погоре е руска редакција на старословенскиот јазик и доста се разликува од Старословенскиот,кој колку толку има поголема основа да се наречи старо македонски,а и се нарекува:

http://en.wikipedia.org/wiki/Old_Church_Slavonic

Значи е далеку од некој говорен народен јазик,во времето кога се користел за обичните луѓе бил неразбирлив.

А се разбира дека не постоела македонска нација во то време,како ни една друга :toe:,во то време,во турскиот период баш биле само една аморфна маса на луѓе кои би се одзвале само на името христијани или раја.
Од 19 век наваму се јавуват нации како бугарската , грчката , српската и македонската,сите напомнувања со име македонец,болгар итн се географски термини.

ZoraNaSlobodata напиша:
...македонската,сите напомнувања со име македонец,болгар итн се географски термини.
Сакав да кажам сите напоменувања пред 19ти век,многу се губам во последно време.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
The Macedonian recension is one of the oldest recensions of Old Church Slavonic and thrived in the period between the 10th and 14th centuries.

A feature called "mixing (confusion) of the nasals" so that /ɔ̃/ became [ɛ̃] after /rʲ lʲ nʲ/, and in a cluster of a labial consonant and /lʲ/. /ɛ̃/ became [ɔ̃] after sibilant consonants and /j/.

Wider usage and retainment of the phoneme /dz/ (which in all Slavic languages but Macedonian has daffricated to /z/)

Од кај и КОГА ни се Љ, Њ , Ј и Ѕ.... После Блаже Конески ова она срамота.:kesa:

  • Strict distinction in the articulation of the yers and their vocalisation in strong position (' → /o/ and ь → /e/) or deletion in weak position;
  • Зошто немаме темен вокал и нетреба да го имаме. вокализација имало до 10 век веќе. 1000 години веќе се вокализира ерот.
  • Confusion of /ɛ̃/ with yat and yat with /e/;
  • И зошто не ни треба долго е
Абе дете читај :vozbud:
 
A

anaveno

Гостин
Kakva vrska ima pismoto (bukvite) so jazikot?

Nekoi jazici imaat poveke bukvi vo svoeto pismo,nekoi pomalku.

Koj vika deka nekoi bukvi se "srpski,bugarski" i t.n. i ako gi imame vo azbukata i gi izgovarame.
Toj sto se smee na Љ, Њ , Ј и Ѕ neka se obide da zboruva Makedonski jazik bez niv.
I neka kaze koj vo semejstvoto mu zboruval bez niv.

Ako jazikot ne ni bil standariziran, i glavno Makedoncite bile pod bugarska propaganda i se koristele so "blgarska azbuka" toa znaci iskon ili novodojdenec?

Koj jazik ima sovrseno pismo?
ph; tch vo nekoi jazici?

Konevski prifatil gotovi bukvi.
Da izmislea nasive novi bukvi za tie glasovi,togas ke bese ok?

Cecenite pisuvaa so arabski (nivna verzija),potoa pod rusite so kirilica,sega so latinica.
Kakvi bukvi,tie menuvale celi pima,azbuki.
I sto im fali?....nemaat drzava...ili imaat?
Bea arapi, pa rusi, pa sega latini?

Propagandite vo MK seuste se prisutni...
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
The Macedonian)recension is one of the oldest recensions of Old Church Slavonic and thrived in the period between the 10th and 14th centuries.
A feature called "mixing (confusion) of the nasals" so that /ɔ̃/ became [ɛ̃] after /rʲ lʲ nʲ/, and in a cluster of a labial consonant and /lʲ/. /ɛ̃/ became [ɔ̃] after sibilant consonants and /j/.

Wider usage and retainment of the phoneme /dz/ (which in all Slavic languages but Macedonian has daffricated to /z/)

Од кај и КОГА ни се Љ, Њ , Ј и Ѕ.... После Блаже Конески ова она срамота.:kesa:

  • Strict distinction in the articulation of the yers and their vocalisation in strong position (' → /o/ and ь → /e/) or deletion in weak position;
  • Зошто немаме темен вокал и нетреба да го имаме. вокализација имало до 10 век веќе. 1000 години веќе се вокализира ерот.
  • Confusion of /ɛ̃/ with yat and yat with /e/;
  • И зошто не ни треба долго е
Абе дете читај :vozbud:


Во линкот шо го цитираш ти пиши за старословенски јазик,целта на мојот пост беше црковнословенскиот јазик.
Не сум сигурен ни шо сакаше да кажиш :toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Мене полека почнува да ми станува јасно... ами ај да почекаме, да не си грешиме душа.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Нешто шо ме интересираше подолго време,линија на развој на македонскиот јазик во последните 15 века.


1.Канонски период - 9ти , 11век

2.Македонска редакција на старословенскиот јазик 12,13 век

3.Црковнословенски писмен јазик македонска и српска редакција и мешана 14 - 18 век

4.Почеток на македонски книжевен јазик(појава на дамаскините) 14 - 18 век.

5.Навлегвање на руската редакција на црковнословенскиот јазик и мешање со дотогашната писмена традиција 18

6.Употреба на два стила, два писмени јазика, низок (народен јазик) и висок (црковнословенски јазик) првата половина на 19 в.

7.Дискусија за изгледот и основата на современиот писмени јазик за Македонците: втора половина на 19 в.

8.За македонцките работи,прва стандардизација,ако можи да се речи

9.Конечно стандардизирање 1944-45

Прв период
Во историјата на македонски писмен јазик се разликуваат повеќе периоди, но и потпериоди.
Првиот период е канонскиот период. Овој период е поврзан со почетниот период на развитокот на словенската писменост воопшто. Временски него го сместуваме меѓу втората половина на 9 в. и, најдоцна, првата половина на 10 в.
Тоа е времето кога се создадени текстовите на првите преводи од грчки на старословенски односно на црковнословенскиот јазик, како и времето кога овие текстови се умножуваат со препишување. Се работи за преписи на старословенски
(канонски) текстови што доследно го следат јазикот и стилот на првите преводи.
Втор Период
Вториот период е поврзан со 11., 12 в. и делумно со 13 в. А тоа е времето кога се создаваат и нови текстови со црковен карактер, но и разни слова/беседи посветени на култните светители (на пр. св. Климент Охридски), или кога се препишуваат канонските текстови, но во нив е применет нешто поинаков правопис, делумно поинаква морфологија и синтакса. Повеќето од овие текстови се поврзани со дејноста на охридска книж. школа и затоа нив ги означуваме како Македонска редакција/рецензија/ варијанта на црковнословенскиот јазик
Трет период
Забелешка за развојот на структурата на македонски јазик: Во периодот меѓу 13. и 15. в. доаѓа до промена на структурата на македонски јазик. Така што неговата типично словенска структура што се одликува со морфолошки падежи, се менува во граматичка структура од аналитички тип, при што веќе во 15 в., македонскиот јазик структурно многу се одалечил од својата словенска основа.

Токму јавувањето, веќе од 16. в., на текстови на современ (дијалектен)македонски јазик со световна, лаичка содржина, го овозможува создавањето на македонски книжевен јазик. Овој јазик, уште од почетокот, па сè повеќе во текот на времето, се разликува од традиционалниот писмен јазик изграден врз црсл. основа.
Треба да се истакне и фактот дека црсл. писмена традиција продолжува и натаму во македонската писменост и по 15 в.
Третиот период на развојот на писмениот јазик во Македонија се поврзува со крајот на 13. и почетокот на 14 в., кога во Македонија (и тоа тргнувајќи од нејзиниот северен дел, па одејќи кон југ), навлегува српската редакција на црсл. јазик која во Македонија, во однос на јазикот и стилот, многу поретко се јавува во својот чист вид,бидејќи се меша со јазикот на традиционалната македонски писменост.
Четврт период
Четвртиот период од развојот на македонски писмен јазик е поврзан со почетокот на современиот македонски писмен јазик или, македонскиот книжевен јазик, врз народна современа (дијалектна) основа, во 16 в., кога се јавуваат текстови со црковнословенски и лаичка содржина подоцна именувани со заедничкиот наслов –
дамаскини.
Петти период
Петтиот период е поврзан со 18 в. кога во Македонија, преку ширењето на
печатени книги од Русија, навлегува рускоцрковнословенската редакција, а со тоа и
делумно и јазикот и стилот на оваа редакција во писмениот јазик.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Во линкот шо го цитираш ти пиши за старословенски јазик,целта на мојот пост беше црковнословенскиот јазик.
Не сум сигурен ни шо сакаше да кажиш :toe:
Староцрковнословенски Старословенски СтароМакедонски па и Старобугарски се имиња за едне ист јазик.....
Поентата ми беше тој дека од тој јазик се појавила во 10-14 век варијаната нов јазик дијалект ако сакаш наречи го кој ги имам типичните црти на денешниот македонски јазик
-Значи вокализација на Ерот во Е или О во јака позиција или губење во слаба кај р значи тоа.
-Лабијално Ј
-Љ и Њ
-Претоврање на јат во е
-Ширкоа употреба на Жело(Дз) т.е. Ѕ- нешто што е присутно само во Македонскиот јазик денес и никаде на друго место во светот.
- Употеба на ц место тз
Т.е. Македонскиот јазик со свои карактетристик се одвој од старословенскиот најрано. Но подоцна најмалку се развивал или во превод Македонскиот јазик со СВОИ ТИПИЧНИ УНИКАТНИ И ПРЕПОЗНАТЛИВ ЦРТИ кој се ден денес присутни е од окулу 11-12 век. Или у превод за Превод за најмалоумните Татари да разберат си можел да разликуваш Македонски од Бугарски јазик пред 1000 години.
Има тон тексотви и се е фино документирано само треба малку познање од славистика за да разбереш.
Толку за сега.
Ова е она 2 период за кој пишува Зора на Слободата.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Староцрковнословенски Старословенски СтароМакедонски па и Старобугарски се имиња за едне ист јазик.....

Прво,разговорот кој ти ми го цитира беше за црковнословенски,не за старословенски.

Второ староцрковнословенски го викат само англичаните и американците,наш единствен назив за тој јазик е старословенски или старомакедонски кај бугарите само староб'лгарски,нема ништо со црковно тука,освен во англискиот назив тука е,не Old Slavonic ,туку Old church slavonic.

Црковнословенски е веќе друг јазик,на англиски church slavonic.

Така да по никоја основа неможи да се наречи средовековен македонски,оти има едно 5-6 редакции,значи постои само македонска редакција,разграничено е сега ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom