А бидејќи темата беше за основачот на Христијанството еве уште едно поопширно објаснување околу тоа .
ПАВЛЕ
Од книгата:
“Христијанство - Вистината за христијанството низ историјата, верувањето, насоките и учењето (студија, анализа и расправа)“ од авторот Мустафа Сахин. Кој е овој човек кој се прифатил на работа на искривување на вистинското христијанско учење за верата каква ја донел Исус, синот Мариин, од Бога? Тоа е Сеул, син на Кис. Неговото првобитно име било Саул. Татко му се викал Кисај. Потекнува од Бењаминовата лоза. Работел како занаетчија на изработка на шатори во градот Тарзу во Сирија. (Во минатото и припаѓал на Турција). Во овој град му се родил синот Саул, кој подоцна ќе го промени своето име во Павле. Изгледа дека ова последното било синоним на неговото име Саул поради препознавање на јазикот на Римјаните. Точна дата на неговото раѓање не е позната, професурот Дирвант вели дека тоа било десеттата година по Христа. Неговите родители биле евреи и им припаѓале на сектата фаризеа. Познато е дека фаризеите, за кои е говорено од порано, воделе многу жестоки расправи со Исус. Павле, за кого овде се зборува, не бил Исусов ученик, ниту пак некогаш го видел за време на својот живот, па со него не можел ниту да се дружи.
Говорејќи за тоа што го навело да прими христијанство, Павле за себе вели дека бил на пат за Дамаск и во една хајка со Исусовите приврзаници, кога одеднаш од небо чул глас кој му се обраќа: „Сауле! Зошто ме вознемируваш?“ Од тој момент, вели Павле, почнал да верува во Исуса. Спрема тоа, Сауловото преобраќање во христијанство се случило изненадно. Ваква приказна им раскажал Павле на Исусовите ученици кои му поверувале, го примиле рамноправно во нивното друштво. Набрзо после тоа, тој како и тие, почнал да пропагира христијанство. А интересно е дека Павле, после влегувањето во друштвото на Исусовите ученици, по собирите почнал да пропагира дека Исус е син Божји. Во врска со тоа во самото Евангелие постои еден цитат, 64 Обрнете овде внимание на зборот „набрзо“ (од место) и тврдењето дека Исус Син Божји. Не зборува ли дека тоа се негови зборови, а не на некој од апостолите. Во приказната понатака вели тој, откако во Дамаск поминал некое време, побегнува оттука и доаѓа во Ерусалим и таму прво се сретнува со Барнаба, еден од најблиските Исусови ученици кому ја раскажува својата приказна како почнал да верува во Исус. После кое Барнаба го зема и го одведува кај аспостолите на кои им раскажува како го напуштил Дамаск после што му укажал господинот Исус. Заради наводна завера на Евреите во Ерусалим против него и стравот да не го убијат, Павле го напушта Ерусалим, и повторно настанува во својот роден Тарзу. Таму повторно ќе се состане со Барнаба, после кое заедно ќе почнат на светот да пропагираат Христијанство, патувајќи од едно на друго место, од еден на друг град. Сепак на крајот тие двајца жестоко ќе се раскараат и ќе се разидат, заради тврдењето на Павле дека Исус е син Божји, кое Барнаба не можел да го прифати, бидејќи тоа од порано го немал чуено. Иако Барнаба бил еден од најблиските Исусови ученици, па спрема тоа и еден од најупатените во неговото учење, тој за вакво нешто немал чуено.
Тој дури од Павле го чул ова тврдење дека Исус бил син Божји, дека Бог го испратил помеѓу луѓето да се искупи од Адемовиот грев, та дека доброволно им се предал на Евреите да го распнат и жртвуваат, и дека бил првиот кој почнал да говори за Исусовото качување на небо и седење од десната страна кај Бога, сето ова после разпнувањето на крстот и воскреснувањето. Тој понатака говорел дека Исус, а не Бог, ќе им суди на луѓето на Судниот ден, дека христијанството е универзално за сите луѓе, иако од Исусовите зборови се гледа дека тој бил испратен само на Израелците.
После тоа Павле почнал да изградува темели на новото учење врз кое, подоцна, ќе се темели организацијата на Црквата. Павле потоа следниот ден сабота го заменил со недела, а со тоа го померил и денот за молитва од сабота на недела, ја докинува обрската на обрежување (сунетисување) на машките деца, го дозволил свинското месо, изработил прописи на устројство на црквата и во неа вовел изведување на црковни песни, литургии на учење за Исус дека тој е син Божји, дека дошол да се искупи од гревот, дека е распнат итн. Било во спротивност со учењето на самиот Исус, кои го имале превземено неговите ученици, судирот продолжил. До негово заострување доаѓа особено после Павловата смрт, кога неговите ученици продолжиле да ја шират Павловата идеја. Краиштата на кои се одржувало и ширило христијанството во тоа време потпаѓале под власт на римската држава, бидејќи во почетокот не го прифатила христијанството како државна вера.
Интересно нели ???