Најавени реформи во правосудството

  • Креатор на темата Креатор на темата terastella
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јануари 2009
Мислења
25
Поени од реакции
2
Што мислите за реформите во правосудството кои беа најавени од министерот Маневски?
 
Nisto ne mislime.
 
Aj super, poloso ne moze da bide. Samo sto onaj sto gi promovirase reformite, ne mu tekna zena mu da ja razresi od Apelacionen. Ili za nekoj vazat pravila,a za nekoj ne?
 
Што мислите за реформите во правосудството кои беа најавени од министерот Маневски?

Министерот Маневски е стар,познат комуњарски “реформатор“,сега надграден и проширен со непотистичка компонента,како освежување,па од тука можеме да замислиме какви реформи најавил и како ќе се спроведат.Само не знам дали уште некоја внука деновиве му има дипломирано на некој правен дисперзиран универзитет,па ги најавува промениве во правосудството кое е најгломазно и најнеефикасно во светот според бројот на судии по жител но и според бројот на 20 годишни “заталкани“ предмети,како оној со крушата од која дипломирале неколку генерации судии и правници.:tapp:
 
30 нови поостри закони за кривичните дела

Триесет најнови или изменети закони од областа на судството ќе бидат донесени во следниот период.
Ќе се заострува казнената политика за сторителите на кривичните дела од типот на производство и продажба на дрога, корупција, криумчарење на артефакти.
Истрагата ќе премине во ингеренции на Обвинителството. Ќе се понуди бесплатна правна помош на социјално загрозените граѓани кои мора да се појават на судско рочиште.


„Ефикасна одбрана на државата од криминал, ефикасна заштита на правата и слободите на граѓаните, а пред се, ефикасна постапка спрема најсофистицираните и најсложените облици на организираните кривични дела и корупцијата коишто имаат зголемено извршување во овие неколку години наназад“, изјави Михајло Маневски, министер за правда.


Власта ќе направи обид преку законска регулатива да го намали непотизмот во судството. Не може, вели Маневски, како пример адвокат да оди на судење кај судија негов брачен другар или близок роднина.
„На одреден начин спречи да доаѓа до тие спреги, да доаѓа до тие однесувања коишто се надвор од рамките на законот, коишто создаваат сомневања кај странките. Тоа е идејата, а не да се спречи вршењето на адвокатската дејност, туку да се спречи злоупотребата на правата коишто треба да бидат во функција на самостојно и ефикасно остварување на судската функција“, рече Маневски.

Сепак, Маневски немаше одговор зошто неговата сопруга, судија во Апелациониот суд, се уште ниту по два месеци не е разрешена од судиската функција, иако и е време за пензија.

Министерот за правда не сакаше ниту да го коментира спорот меѓу ЕЛЕМ и ЕВН, а не сакаше да одговори ниту за враќањето на предметот Раштански лозја од Хрватска.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109058


:pos::pos::pos:

Жената му на Маневски требаше веќе во пензија да оди:tapp: а не сеуште да работи.
Ама изгледа за неа нема да важат реформиве,овие се за поединци,односно за оние кои не се во блиски роднински врски со Маневски и остала багра.
Па уште излага на ТВ без око да му трепне и си кажува какви реформи се предвидени за у судство :nesvest::nesvest::nesvest:
 
Ќе се заострува казнената политика за сторителите на кривичните дела од типот на производство и продажба на дрога, корупција, криумчарење на артефакти.
Истрагата ќе премине во ингеренции на Обвинителството. Ќе се понуди бесплатна правна помош на социјално загрозените граѓани кои мора да се појават на судско рочиште.
„Не може, вели Маневски, како пример адвокат да оди на судење кај судија негов брачен другар или близок роднина.

Добро, донекаде е и оправдано заострувањето на казните, особено кај производство и нлегално пуштање во промет на наркотични средства. Се надевам дека полека ќе се заострат и санкциите за другите дела, како што предходно го направија со Полов напад врз дете.

За истрагата да премине кај јавните обвинители, е се уште рано, но пристигнува новиот Закон за кривична постапка, за година дена треба да биде готов, изменет со новина- укинување на истражен судија и превземање на сите процесни дејства од страна на ЈО.
 
Една од најслабите карики во нашето општество е судството за тоа нема никаква дилема. Верувам дека луѓето не би биле толку „опуштени“ во „хонорарната работа“ ако постои механизам со кој евентуално би одговарале.

Добра тактика имаат дечкиве од власта: од време на време жртвуваат понекое партиско пиунче и тука одма се паѓа во несвест колку се чесни, бла бла...

Мада овие другите ни тоа не го правеа, уште поутепани, па не се трудеа ни да не залажат...

Реално, никогаш не бил непотизмот толку присатен во една власт (без усул)! Маневски, жена му, Орце и Сашо (како неразделни другарчиња) и еден куп други братучеди, крај нема....

Еден тон млади луѓе немаат работа, Манеица не можат никако во пензија да ја пратат... Да не има маж министер нели толку е моќна?

Според последни кулоарски муабети, го спремаат Шкариќ за новиот министер за правда, може затоа чудновато се припојави во кампањата на Иванов.

Заклучокот е: еден куп монтирани процеси, врски цутат, а обична човечка правдина згаснува дефинитивно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom