Теоријата на еволуцијата тврди дека организмите во текот на милиони години постепено се развивале и по пат на многу мали промени (микроеволуција) преминувале од еден вид во друг.
Пред археолозите (палеонтолози) да ја прочепкаат малку земјината кора, еволуционистите нестрпливо очекуваа дека ќе најдат по најмалку стотици милиони фосили на меѓувидови (фосили на премин од еден вид до друг) со што ќе си ја докажат својата теорија.
Но пронајдените фосили ни кажаа друга приказна.
Пораката што ја носат фосилите е токму онаа Библиската, дека Бог ги создаде животните секој по својот вид.
Пораката на фосилите не се состои само во тоа што тие го кажуваат, туку и во тоа што тие не го кажуваат, а се очекува да го кажат. Имено еволуционистите очекуваа милиони фосили на меѓувидови од безрбетниците до рбетниците, од рибите до водоземците, од водоземците до цицачите итн.
Но што кажаа фосилите...
Од безрбетниците до рбетниците = провалија
од рибите до водоземците = провалија
од водоземци до цицачи = провалија
итн итн
Земете го само овој пример, безрбетниците имаат мека внатрешност и тврда надворешност (оклоп), а рбетниците имаат тврда внатрешност (скелет) и мека надворешност. Сосема обртен случај! Прашање до еволуционистите, како безрбетниците скокнале во рбетници? Имали доказ? Замислите само колку промени и колку меѓувидови требало да има помеѓу двете страни на оваа провалија.
Наместо еволуционистите да се засрамат што не ги најдоа нивните очекувани ``илјадници милиони`` видови на премин, тие дигаат бучава со неколку запчиња и некои малку измодифицирани луѓе или мајмунчиња кои, како и да изгледаат, си се во ракмите на својот вид, токму онака како што тврди Библијата.
Ништо од она што го претпоставуваше Дарвин не се исполни при фосилната анализа. Фосили на меѓувидови не се најдоа и останаа големи провалии помеѓу видовите. Во секој геолошки слој на земјата можеа да се најдат и фосили на посложени организми и фосили на најпримитивните организми, со што се докажа дека сите видови си постоеле симултано, а не онака како што очекуваше Дарвин.
Се прашувам зошто толку цврсто се држат до еволуцијата кога сите аргументи се против неа? Дали е можеби тоа што другата алтернатива е креационизмот? Дали можеби затоа што ако се откажат од еволуцијата и ќе мораат да го прифатат Бог, а со тоа дополнителни работи што можеби требаат да ги променат во своите живот?
Но доста претпоставувам, ако продолжам ќе заличам и јас на "еволуционист"