J
Johnny Stulic
Гостин
Citaki ja diskusijata na blogot na dijalektika http://dijalektika.blog.com.mk/ me isprovocira da otvoram tema i na kajgana.
Sakam kolku e mozno poveke diskutantite da se fokusiraat na tekstot ,a ne na licnosta.
http://www.vmro-np.org.mk/sodrzini.php?idSod=200&action=2
Колумна на господинот Љубчо Георгиевски во неделникот Фокус од 27 Март 2009 година
За внуците на Аминта
До распадот на Југославија во Македонија ретко среќавав Антички Македонци, додека на почетокот на деведесетите почнав да ги запознавам повеќето во дијаспората. Со текот на времето некои од нив ми станаа пријатели или познајници, но никогаш не ми пречело нивното лично убедување ниту сум се обидувал да ги разубедувам во нивните ставови. Но за жал, последниве две години во една масовна владина кампања преку медиумите тие се обидуваат да ме присилат да мислам како нив. Оттука произлезе потребата да го изложам мојот став околу ова прашање.
Најпрвин дали сум пан-славист? Категорично не! Никогаш таквата идеја не ми била блиска, но не можам да се согласам дека треба да се гордеам со роднините на Хунзите и Калашите, а да се срамам од Словенците, Чесите или Полјаците. Дали Македонија треба да му се посвети на истражувањето на целото закопано археолошко богатство на сопствената територија? Без сомнение да! И лично кога имав можност во Премиерскиот мандат дадов голем поттик за соодветни активности на тој план. Дали Александар Македонски е голем војсководец? Апсолутно да! Но дали македонската етногенеза треба да ја бараме во Античка Македонија? Категорично сум против! Зошто? Најпрвин, затоа што актуелно политички ја загрозува државата. Така, додека во Букурешт си заминавме како беспомошни жртви, набргу потоа следејќи ја политиката на Владата се престоривме во агресивни пропагатори на "нашето потекло од велик род." Наспроти тоа, упатуваните пораки од нам наклонетите земји се недвосмислени. Имено, да престанеме да се занимаваме со сказната за Античка Македонија! Затоа што на тој начин од самите себе правиме карикатури пред целата меѓународна заедница каде што солидно ја познаваат нашата историја; затоа што непотребно ги дразниме другите етнички заедници во Македонија на тој начин отворајќи им простор да се навратат на своите славни истории; затоа што ова е нова поделба во македонското етничко ткиво за што сведочат многубројни примери каде што во личните контакти избиваат жестоки расправии помеѓу Античките и Словенските Македонци. И конечно, затоа што тоа е виртуелна историја која не почива врз никакви аргументи.
Ако добро ги следам, внуците на Аминта дејствуваат во неколку категории. Во првата спаѓаат Македоноидите кои што заговараат теорија дека целата бела раса потекнува од некакви Македоноиди, а тоа всушност сме ние. Како подгранка на споменатата категорија се појавува школата дека сите царски фамилии во Европа и две третини од Американските претседатели практично се Македонци. Втората категорија ја застапува теоријата дека сите Словенски народи потекнуваат од Македонија, така што миграцијата се одвивала оттука спрема север, та Словенците, Чесите, Пољаците, Русите во суштина се неосвестени Македонци. Припадниците на третата категорија прават микс од сите други учења, така што главната поента е дека Македонците немаат ништо заедничко со Словените, а македонскиот јазик е посебен јазик различен од словенските (оваа гранка се доближува до границата со моронството во научна смисла). И последната школа, го застапува стојалиштето на широк спој така што практично сите сме Македонци-од Славемакедонски од Неолитот па до денешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Чудна работа, како овие генијални идеи досега не му паднале на ум на никој од столбовите на нашиот национален идентитет! На пример, на Св.Кирил и Методиј, на Св.Климент и Наум, ем во VII и IX век и посвежо било сеќавањето на Античка Македонија. Подоцна на тоа не се сетил ниту цар Самоил чиј главен противник бил Василиј II Македонецот. Почнала Преродбата. Таква генијална идеја исто така не им текнало ниту на браќата Миладинови, на Прличев, на Шапкарев, на Џинот... Потоа и основачот, на македонската нација, јазик, црква и култура-Крсте П.Мисирков. На секоја втора страница од неговото дело "За Македонцките работи" го потенцира Словенскиот карактер на новата Македонска нација која што тој предлага да се роди. Настапува комунистичката историографија. Се поведува една многудецениска битка со Бугарската историографија, па дури ниту ним не им текнува да ги матираат Бугарите со тој генијален потез, така што додека тие се занимаваат со Словенските корени, ние да се прогласиме за Антички Македонци. Доаѓа деведесетата година. Се појавуваме првите основачи на ВМРО-ДПМНЕ. Главниот проблем со кој што се соочуваме е масовното југословенство на македонската нација. Приказаната за Античка Македонија можевме да ја употребиме за будење од југословенските сновиденија, но не го сторивме тоа. Сепак, морам да споменам дека ваквата идеја покрај актуелните генијалци, му текнала уште на некој-на Грчката патријаршија во нивната експанзионистичка политика во XIX век. Главната пропаганда на Каравангелис и на Грчките владици во Македонија, била истородна со денешната: "Вие сте потомци на славниот Александар и Филип, во вас тече грчка крв, само што Словените ве словенизирале во т.н. Грчки Славофони". А најпознат таков Македонец е славниот Коте од Руља. Во актуелната приказна ги препознаваме истите зборови, само што Александар не е Грк, туку чист Македонец.
Значи, зошто ја подржувам тезата на големите носители на македонската историја дека постои јасен дисконтинуитет помеѓу Словенска и Античка Македонија: прво, не постои никаква усна или пишувана народна традиција, народно творештво што би нè упатиле на тој период. Нема ниту една народна песна или народна приказна на која се сеќаваме од нашето детство што ќе ни разбуди носталгија по тоа време; второ, јазикот што претставува еден од основните кодови на која било нација е јасна гранка која припаѓа на јужно-словенските јазици фундирани врз база на Старословенскиот јазик. Во последно време сме опсипани од информации дека ваму или таму пронашле неколку збора на Антички Македонски јазик, а тие никако да ни бидат презентирани. Претставувањето на јазикот на Хунзите и Калашите како близок по структура на Македонскиот литературен јазик е духовна карикатура без коментар. Да не ги споменувам вицевите кои нe упатуваат на потеклото на имињата на Пакистан и Курдистан, кои за жал до вчера беа третирани како серизони аргументи во експанзијата на Македонскиот јазик. Во тој контекст е и приказната за каменот од Розета. Ете, никако да го видиме конечниот превод на фамозниот среден текст на Антички Македонски јазик. Патем, само да споменам дека тој е преведен уште пред времето на Шамполион и дека врз база на тој превод Шамполион ги превел Хиероглифите, така што и преводот на вториот текст и преводот на Хиероглифите врз основа на вториот текст од страна на Шамполион денеска се во употреба. Значи, преведуваме текст што веќе е преведен, правејќи уште една мистификација. Конечно, во македонскиот денешен јазик нема ниеден латински збор освен интернационализмите. Римјаните го латинизирале целиот Медитеран. Во таа смисла Влашкиот јазик е соодветен пример, а Албанскиот содржи околу 30% латински зборови. Чудна работа, како во нашиот јазик нема никаква лингвистичка трага од ниту едно зборче. Токму непостоењето на латински зборови во сите словенски јазици на Балканот е еден од најочевидните докази дека Словените се населиле подоцна; и трето, да извршиме анализа на историските факти. Кај нас е отворена расправа дали Античките Македонци се Грци или не. Владее настроение дека ако докажеме дека не се Грци, небаре по автоматизам негрчкото потекло на Античките Македонци го потврдува нашето Античко потекло. Забораваме исто така дека историјата од тоа време на овие простори познава три големи етнички супстрати-Елини, Траки и Илири. Значи, ако Античките Македонци не биле Елини, тие најверојатно биле блиски до Пеоните што значи најверојатно се од Тракиско потекло. Самата династија на Александар Македонски потекнува од Пелопонез. Митовите за доаѓањето на Античките Македонци го опишуваат нивното движење од традиционоалните Грчки земји кон нивната локација околу Солун и Пела. Александар И 170 години пред Александар Македонски јасно ја декларирал Македонија како Елинска земја барајќи допуштение за сопствено учество на Олимписките игри и во исто време вклучувајќи и масовно дополнително зајакнување на елинизирањето на својата земја. Од тогаш Македонците активно учествуваат во сите договори, расправи и собири на елинскиот свет. И на Филип и на Александар главна цел им била да го обединат Елинскиот свет и да им се одмаздат на главните непријатели на Елините-Персијците. Сегде ширум светот кадешто Александар допрел, сведочат споменици за Грчката култура и јазик. Таму кадешто оставал записи за себе почнувал вака:"Јас Елинот Александар..." Конечно, по неговата смрт политичкото и културното наследство што го оставил, светската историја го дефинира под името Елинизиција на Медитеранот, а Грчкиот јазик и култура станале доминантни во тогашниот познат свет. Не знам Александар каква ДНК носел во своето тело, но недвосмислено јасно е дека сè што работел и сè што оставил зад себе било во името на Елините, така што ја направил најголемата услуга на грчката политика од тогаш па до денес. Односно, преведено на современ Македонски јазик, Александар Македонски е најголемиот бугарофил што го познава Македонската историја, под услов ако потекнуваме од иста крв
За некои мистификации
Дали македонското име е вечно? Се прават миситификации околу континуитетот на името Македонија географски и етнички. За жал, реалноста потврдува друго. За разлика од етничкиот, географскиот термин Македонија можеме да го следиме подолго време, но најчесто преку картографска определба на тој простор. Интересен е фактот дека секогаш кога биваат востоличени словенските владетели во Македонија, вклучително и автохтониот цар Самоил, не е евидентирано името Македонија; Во 802 година во наредните 250 години Византија името Македонија го пренесува на областа близу Одрин. Подоцна, во XV век на овој простор Турција ги основа Косовскиот, Битолскиот и Солунскиот вилает. Името Македонија како географски простор и политички проблем воскреснува дури по Берлинскиот конгрес. Кога станува збор за етничкиот континуитет проблемот е уште посложен. Од Новиот Завет па до Крсте П.Мисирков, ние имаме тежок проблем да ја пополниме јамата од 2000 години. Тешко ќе најдеме настани, процеси, институции наречени со тоа име. За жал, виртуелните поими кои што ги измисли комунистичката историографија од типот на "старомакедонски" наместо старословенски, "македонскиот цар" Самоил, "Македонската" православна црква (пред 1945 год.) или "македонските" преродбеници Миладинови, Прличев, Шапкарев, логично придонесоа новата видео гаме генерација, виртуелните настани да ги претвора во виртуелна историја за интерна употреба. Навистина е чудна оваа наша амбиција од епитетот "најмлада нација во Европа" да си го припишеме атрибутот "најстара нација во светот". Народот кој што од Новиот Завет па до К.П. Мисирков не може да наведе еден институционален процес за својот континуитет; народот кој што од Османлиската Империја никогаш не побарал да му даде посебен Македонски милет; (Власите 1905 година бараат од султанот Влашки милет и тоа им е дадено); народот кој што првпат некаква институција (Коминтерната) го има признаено во 1934 година; народот кој што својата прва книга поезија на сопствен македонски јазик ја има издадено 1938 година, а својот прв роман 1951 година, одеднаш претендира да биде најстар. Затоа, молам за малку скромност.
Edit:Skrativ nekoj delovi od tekstot posebno istoriski delovi zosto bese predolg za kompleten tekst odi na linkot