Левица и десница се само имиња реално не значат ништо и не претставуваат ништо.
Секој човек е егоист и пред се гледа за себе.
Кога зборува дека се бори за правата на сиромасите или за онеправданите, тоа е демагогија бидејќи тој работи за свое задоволство и за своја корист. Или пак некој ако каже дека брани некакви традиционални вредности се е тоа апстракција, он уствари гледа за себе и се што прави е мотивирано од негова желба и задоволство и тоа го прави за себе без разлика што збори.
Кога навистина мотивот за да се дојде на власт би бил доброто на другите, тогаш тие не би се бореле така безобзирно само за власт и моќ на влијание.
Па и љубовта е измислица зад која се крие интерес, тој што има пари може да ги има најубавите жени, а сиромавиот не може да ја плаќа цел живот пошто нема пари, па си плаќа проститутки за една ноќ.
и на жена своја да не и носиш пари у куќа и таа ќе престане да ти дава.
Чест на исклучоци.Исклучокот го потврдува правилото.
Имињата се потребни за да ги разликуваме карактеристиките.
Сакаш наречи ги со други имиња или воопшто не ги нарекувај никако, туку ќе ги препознаеш по начинот на однесување и размислувањето.
Да не биде повторно лева и десна, бидејќи очигледно имињата ви играат пресудна улога наместо суштината во анализирањето на нивните карактеристики, еве да користиме домоломен и домотворен менталитет или однесување па вие според сопствена проценка категоризирајте.
Во однос на дискусијата на темава, поточно според
ставовите кон патриотизмот и идентитетот:
- За оние кои имаат домотворен менталитет,
да имаш своја држава е како да имаш своја куќа, и обратно. Домот е местото каде што се чуствуваш како дома – слободен, сигурен, свој на своето.
Својата сопствена држава е пак земјата каде што се чуствуваш најдобро – свој на своето, сигурен и слободен.
Грижата која што ја вложуваме во одржувањето на нашата куќа е цената која ја плаќаме за да нашата куќа биде нашиот дом.
И сосема истиот принцип е на ниво на држава, ако веќе ја чуствуваме својата држава за своја татковина. Мораме да се грижиме за неа, но токму тоа е цената која ја плаќаме за да биде таа нашиот дом.
Тоа е суштината на домотворниот менталитет.
- Но, човекот со домоломен менталитет е мрзлив, неспособен и неодговорен.
Дајте му куќа на еден домоломец, а тој за само неколку месеци ќе ја претвори во гнасна кочина. Затоа што за него одговорноста да се грижи за било што, па и за својот сопствен дом е нешто што најмногу го нервира.
И затоа домоломецот сонува да ја продаде својата куќа и со парите да си најми соба во хотел, каде што некој друг ќе се грижи за сите куќни поправки, некој друг ќе ги пере чаршавите, теписите и завесите – некој друг ќе работи, за да може на мира да ужива во својата слобода домоломниот човек.
Додека не ги потроши парите од продажбата на куќата...
Истиот однос, домоломните луѓе го имаат кон Македонија и патриотизмот и националниот идентитет. За нив, ако
цената за влегување во ЕУ и НАТО (хотелот) е да ја продадат Македонија (својата куќа), тогаш – тоа е одлична зделка. Затоа што тие се мрзливи паразити и неспособни готовани кои сонуваат за свет во кој нема да мораат бидат одговорни.
За домоломните политичари во Македонија откажувањето од националниот дом, е откажување од одговорноста да се грижат за тој дом.
И тоа е суштината на домоломниот менталитет.