GRUNGE
Cobain со цигарче!
- Член од
- 25 февруари 2008
- Мислења
- 677
- Поени од реакции
- 28
Расцепкани во партиски штабови, припадници на оваа или онаа партија, дремење по кафулиња чекајќи одговор до партија или близок кој работи во државна институција е сликата на денешната (ако може така да се нарече) интелектуална младина.
За каква младина се работи?
1) Младина израстена во пост-Југословенскиот период или т.н. изгубена генерација, која се судри со еден нов - не дефиниран свет, започнувајќи од морал, па се до највисоките интелектуални достигнувања.
2) Младина која се судира со старата Југословенска хиерархија во општеството „ако сум постар/или на функција треба да слушаш што ти кажувам и ќе молчеш!“
3) Младина која е буквално затворена во сопствените граници во територијална смисла
4) Младина која нема соодветни морални идоли, соодветни интелектуални идоли
5) И најважно младина која нема пари.
Овој последен услов (а ги има сигурно уште многу, многу повеќе) посегнува по многу работи. Прво, со тоа што младиот човек нема пари, со тоа неможе да ги прошири своите познанства за било која област од човековото живеење, дали на интелектуален или социјален план. Ретко кој млад човек има престојувано на подолг временски период надвор од МКД, каде би го доживеал другиот начин на живот (дали од Исток или Запад) и да се потруди да го имплементира во нашето општество.
Второ, неможноста младиот човек да си ги дозволи основните интелектуални помагала од типот на компјутер, пристап до интернет. Покрај тоа што оваа област во последните години зема се поголем замав, сепак тоа се последните 5 - 7 години, а пред тоа се живееше во информативен мрак.
Сето тоа, помешано со моралот во општеството „Снаџи се па живи“, преку што се алудира на „укради и биди човек“ ја корумпира нашата младина.
Студентски движења?,...Слобода на израз? Критичко размислување? Сопствено размислување базирано на докази? Што е тоа? Вистинска табу тема на 90% од македонските млади интелектуалци. Зошто постојано ги нарекувам млади? Бидејќи од старите интелектуалци (оние што го завршија своето образование 70-тите и 80-тите години и немаат извршено UPDATE) видовме што се случува со нивното толкување на модерно општество.
Жалосно е да се гледа и другата страна, каде има зародиш на критична македонска мисла кај младите, кои после неколку протести се заплашени со парични казни, судски рочишта итн. преку инфилтрирање на деликвенти во нивните редови чија цел е да предизвикаат материјална штета, а не студентски (или младински) протести.
И на крај прашањето:
Каде и како ќе го решиме ова?