Граѓаните на PM ТОНАТ ВО КСЕНОФОБИЈА И ВО НЕТОЛЕРАНЦИЈА, И СЕ ПОЛНИ СО СТЕРЕОТИПИ

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
Не, туку на на ексклузивното право на секој граѓанин да одлучува за иднината на својот живот, без страв дали со неговата одлука ќе го навлече гневот на некое си мнозинство, или гневот на некоја конзервативна политичка ориентација. Ова повеќе во конткст на муабетот за бракот и планирање на семејството.

Је.
И јас сум хипик. Ако си од Охрид, знајш кај е Влашка Мала и како се развивала низ историјата. Мир за тебе човеку.

не можам да се воздржам
се извинувам за оффтопикот
Извинете господине серпико ама зошто добивам впечаток дека ги браните типовите од типот пивце кои првин се фатија за мене а не дебатираа за темата?(ум ви пречам)
Второ зошто вадите ван контекст мои реченици од постови кои се дел и во склоп со темата
трето фала за преудпредувањето ама мислам дека требаше да ставите некои таму како демиан и пивце кои во секој втор пост ме ставаат мене како прво е навредуваат како второ идат офтопик акко трето спамираат
Четврто претпоставувам после ова ќе го еректирате вашиот авторитет со тоа што ќе добиам бан итн ......
али ипак не можам да се воздржам да не искоментирам вашата селективна правда а потоа се чудите зошто форумот отишол во курац последно време па газда мистичен пак ќе отвара тема дали да му се каже чао на подфорум политика

Извинето млада дамо. Незнам зошто си придавате преголемо значење имплицирајќи дека сте ми омилен форумски лик за опседнување, и искрено жалам што сум иницирал такви размисли кај вас. Авторитетот не го еректирам, авторитарно импотентен сум, се со цел да не допрам до чакрите на поединци кои се поставуваат на пиедестал во однос на останатите, веејќи памфлети на кои пишува „Форницирајте помеѓу себе вие земни суштества, јас не сум од оваа планета“.

Сепак би ве замолил и Вам и сите останати да не ја задоволувате темава со вашите сексуални нагони, додавајќи муабети кои се надвор од неа. Мразам да се цитирам, па би оставил на вољните да препрочитаат што ви напишав погоре.

Секогаш ваш,
Серпико.
 
МАКЕДОНЦИТЕ ТОНАТ ВО КСЕНОФОБИЈА И ВО НЕТОЛЕРАНЦИЈА, И СЕ ПОЛНИ СО СТЕРЕОТИПИ
Мразиме се! Валентина Стојанчевска

Македонските граѓани се повеќе тонат во ксенофобија и во нетолеранција, и се полни со стереотипи кон речиси сите маргинализирани групи, покажуваат социолошките истражувања. Според пројавените ставови, Македонците се релативно конзервативни, се противат на развод, на абортус, на еутаназија, а во голем број случаи преферираат смртна казна за тешките кривични деликти. Нетрпеливи се кон хомосексуалците и кон наркозависниците, а, според социолозите, тоа ја прави земјава една од најконзервативните во Европа, потчинета на традицијата и затворена за светските трендови. Стручњаците тврдат дека ова е последица на традиционалното воспитување и на живот во големи семејства со генерациски јаз. Ситуацијата е посложена во малите градови во кои најмногу се цени мислењето на соседите.
Затвореноста и нетолерантноста на Македонците ја потврдува и последното истражување направено по барање на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Резултатите покажале дека повеќе од 80 проценти од граѓаните не ги одобруваат разводот, абортусот, еутаназијата и хомосексуалноста. Анкетата покажува дека и мажите и жените се еднакво конзервативни, без разлика на која партија се членови или симпатизери. Дури 76 проценти од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ биле против развод, абортус, еутаназија и хомосексуалност. Од поддржувачите на СДСМ, 67 отсто се против овие појави.
Социологот Илија Ацевски тврди дека Македонците му пркосат на модерното време и тешко прифаќаат различности.
- Социолошките истражувања покажуваат дека живееме во конзервативна средина, а граѓаните во голема мера му противречат на модерното време. Врз ваквиот однос влијаат степенот на развиеноста, долгогодишната транзиција и економската криза. Долгогодишната затвореност на земјата придонесува во последните 5-6 години, наместо да одиме напред, да се враќаме кон минатото и кон традицијата и целосно да се затвораме пред модернизацијата - изјави Илија Ацевски, социолог.
Иако Македонците се конзервативци по природа, сепак од година в година значително расте бројот на разводи и на абортуси. Социолозите оваа контрадикторност ја објаснуваат со фактот дека граѓаните го осудуваат сето она што им се случува на другите луѓе и имаат предрасуди кон нив, но кога проблемот ги засега лично, тогаш имаат повеќе разбирање за сопственото однесување.
Истражувањето покажало, пак, дека Албанците се поконзервативни од Македонците.
Од Македонскиот центар за меѓународна соработка сметаат дека треба да се обрне поголемо влијание на тоа што 3,1 процент од испитаниците прифаќаат насилство врз жената, а 6,9 отсто го оправдуваат ќотекот како педагошка мерка врз децата. Загрижувачки се и податоците според кои дури 19,9 проценти од Албанците биле за тоа да ги тепаат своите деца. Истражувањето покажало дека и околината влијае врз формирањето на ставовите бидејќи 60 отсто од жителите на Скопје имаат конзервативни сфаќања, што е за 17 отсто помалку отколку жителите во помалите средини.
Анкетата била спроведена во март, на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници постари од 18 години, од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, за потребите на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Link>http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1704&ArticleID=113823

Nema da коментирам :salut:

Од сето наведено само ова заслужува внимание.Оваа појава е најчеста кај индивидуи со лавчиња во аватар. Се повикуваат на некоја си антика притоа плукаат по све живо што мисли спротивно, со еден збор како само они да се македонци. Тотално погрешно, и им е потребна под хитно терапија.
.

Бранко из бек ен ви ар хорни:
Шо прајме со 76 вс. 67%? Размисли пред да пишуваш нареден пат. Нема политика по овие прашања. Има други методи на опсервација и когнитивно размислување.
 
Aло, ....за да коментирам податоци (кои ги нема), треба да видам каква е методологијата на студијата, од какви дефиниции се тргнува, колкав е примерокот и -- многу битно -- дали може да се изведе општ заклучок врз основа на тој примерок, дали е квалитативна или квантитативна студија или е микс, дали да одредам колку и кои се врските меѓу варијабилните вредности (што е фантастично тешко и често се злоупотребува) и еден куп други работи.

Колку што разбрав, се работи за анкета?! :):):)

Еден автор пред неколку години објави книга во која толку ја силуваше статистиката, што “најде’’ корелација меѓу одредени реченици во Библијата со одредени настани или личности подоцна. Кога се напали раја да ја купува книгата, авторов заработи повеќе пари од сите нормални статистичари заедно.

Наравоучение е човек не треба да се пали ко млад мајмун

За да може да те разбере, треба да има одредени познавања од статистиката, методите на прибирање податоци, селекција на податоци, обработка, анализа, статистички примерок итн. итн.

Не една, 10 теми ќе ти бидат малце за да им ја доловиш суштината на проблематиката.

Конкретно нема податоци за начинот на кој е извршена оваа анкета, а стои една општа информација за начинот на кој ги вршат истражувањата:
Своите истражувањата МЦМС ги спроведува со сопствени ресурси или со помош на надворешни соработници и тоа како примарни или секундарни истражувања. Во зависност од темата, истражувањата користат различни инструменти: прашалници, длабински интервјуа, анализа на содржина, студии на случај, статистички анализи итн.
http://www.mcms.org.mk/mk/za-nasata...blikacii/za-istrazuvanata-i-publikaciite.html

Во контекст на соработниците оваа анкета за нивните потреби ја извршил “Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања
http://www.isppi.ukim.edu.mk/

На чија страна нема никакви податоци за ова анкетирање.
 
Бранко из бек ен ви ар хорни:
Шо прајме со 76 вс. 67%? Размисли пред да пишуваш нареден пат. Нема политика по овие прашања. Има други методи на опсервација и когнитивно размислување.

Останатите појави се должат на традиционалните вредности кој се негуваат во државава кој за жал како одминува време ќе се губат. Додека ксенофобијата им ја препишувам на новопечените античари и не е карактеристично за поголемиот дел македонци. Ако тргнам од мене јас не чувствувам никаква ксенофобија но исто и моето опкружување.
 
Исто така негирате дека не постои омраза во иако има деца како пио-пжс кои кажуваат дека не сакат да се запознаат со сдсм-овси?
Исто така негирате дека сето тоа што се случи на плоштад и начинот на кои беа испратени архибригада со пцовки итн од типот шиптри и неверници не е изблик на омразата која ја има во нашето оштество
Исто таак негирате дека дека се штос е случува на форумов и коментари од типот од вас шиптаришаатат треба да се прави сапун не се доказ дека анкетата во некоја мера е точна?
:pipi:

Точно така, а ти денес учиш за концептот "generalizability" т.е. изведување општи заклучоци. Коментарите што си ги дала како пример може да се на нив на статистичка грешка или воопшто присутни само на форумот и никаде другде. Зависи кој и како мери.
 
Точно така, а ти денес учиш за концепт "generalizability"
т.е. изведување општи заклучоци. Коментарите што си ги дала како пример може да се на нив на статистичка грешка или воопшто присутни само на форумот и никаде другде. Зависи кој и како мери.
значи не е точно сево ова и мала група на нацистичк настроени луѓе тепаат луѓе на плоштад и пишуваат вакви постови ?
според тебе статистички колкава е можноста за ова?
 
Останатите појави се должат на традиционалните вредности кој се негуваат во државава кој за жал како одминува време ќе се губат. Додека ксенофобијата им ја препишувам на новопечените античари и не е карактеристично за поголемиот дел македонци. Ако тргнам од мене јас не чувствувам никаква ксенофобија но исто и моето опкружување.

Е како да не, баци по твојата дефиниција за ксенофобија и ти си ксенофобичар само што таа ти е насочена целосно кон вмровците.:toe:
 
Сакаш да кажеш дека прабабати и прабабами поддржувале геј-бракови или пак, чукундедоми дувал марихуана без око да му трепне додека седел потпрен на дрво за време на пасењето на овците?
 
Е како да не, баци по твојата дефиниција за ксенофобија и ти си ксенофобичар само што таа ти е насочена целосно кон вмровците.:toe:

Вчера ме испитуваше нешто историја, сега тебе ти е редот, зборот кој треба да го анализираш е ксенофобија.

Сакаш да кажеш дека прабабати и прабабами поддржувале геј-бракови или пак, чукундедоми дувал марихуана без око да му трепне додека седел потпрен на дрво за време на пасењето на овците?

Не, баба ми и баба ти не можеле ни да замислат геј бракови или врски.
 
Вчера ме испитуваше нешто историја, сега тебе ти е редот, зборот кој треба да го анализираш е ксенофобија.

Од сето наведено само ова заслужува внимание.Оваа појава е најчеста кај индивидуи со лавчиња во аватар. Се повикуваат на некоја си антика притоа плукаат по све живо што мисли спротивно, со еден збор како само они да се македонци. Тотално погрешно, и им е потребна под хитно терапија.

Се пронајде:toe:
 
Конкретно нема податоци за начинот на кој е извршена оваа анкета, а стои една општа информација за начинот на кој ги вршат истражувањата:

http://www.mcms.org.mk/mk/za-nasata...blikacii/za-istrazuvanata-i-publikaciite.html

Го видов сајтот, врие од буквални преводи.:):)

Значи се бават претежно со анкети (веројатно со тоа “’длабински’’ сака да каже structured interviews).

Било како било, од анкетата соросоидите направиле случај. Баш ќе го преведам написов и ќе го дадам на АЕА како пример за можно извитоперување. Ќе биде интересно на идниот годишен конгрес, ако баш Dnevnik биде истакнат како пример пред цел свет.

Во контекст на соработниците оваа анкета за нивните потреби ја извршил “Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања
http://www.isppi.ukim.edu.mk/

На чија страна нема никакви податоци за ова анкетирање.

ИСППИ е најјака институција во Mакедонија, барем така беше пред некое време и многу добро го познавам поранешниот шеф, Панде Лазаревски. Во најголем дел, прават квалитетни сондажи.
 
Го видов сајтот, врие од буквални преводи.:):)

Значи се бават претежно со анкети (веројатно со тоа “’длабински’’ сака да каже structured interviews).

Било како било, од анкетата соросоидите направиле случај. Баш ќе го преведам написов и ќе го дадам на АЕА како пример за можно извитоперување. Ќе биде интересно на идниот годишен конгрес, ако баш Dnevnik биде истакнат како пример пред цел свет.
Во контекст на соработниците оваа анкета за нивните потреби ја извршил “Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања
http://www.isppi.ukim.edu.mk/

На чија страна нема никакви податоци за ова анкетирање.[/quote]

ИСППИ е најјака институција во Mакедонија, барем така беше пред некое време и многу добро го познавам поранешниот шеф, Панде Лазаревски. Во најголем дел, прават квалитетни сондажи.[/quote]

Анкетата која ми одговора е ок, но таа што не ми одговара е извитоперена и лажна, а треба само да погледнето кој навреди се лупаат на дневна база.
 
ИСППИ е најјака институција во Mакедонија, барем така беше пред некое време и многу добро го познавам поранешниот шеф, Панде Лазаревски. Во најголем дел, прават квалитетни сондажи.

Панде Лазаревски имаше одлична анализа за Рамковниот и имагинарните придобивки кои водат во сепарација на општеството, заклучокот беше дека и македонците и албанците губат, а моменталниот “мирен“ амбиент е со неизвесен рок на траење.

Ама никој не го земаше во обѕир неговото мислење 2002та.

http://www.makdenes.org/content/article/1467502.html
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom