- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
СТРАНСКИ ПАРИ НАЈРАНО ЗА ДВЕ ГОДИНИ
Две до три години стоп за странските директни инвестиции во земјава, прогнозираат аналитичарите. Македонија може да понуди конкурентски предности во автомобилската и текстилната индустрија, двата најзасегнати сектори од глобалната економска криза.
- Светската автомобилска индустрија оваа година падна за 50 отсто. Текстилната индустрија доживеа колапс во конкуренција со Кина и азиските земји. Не сте конкурентни ниту во одделните гранки во земјоделието. Ниту македонската индустрија не е конкурентна. Тоа се најголемите проблеми на Македонија - вели Сем Вакнин, аналитичар.
Вакнин вели дека Македонија не треба да се надева на тоа дека ќе ги привлече странците со стабилноста на денарот. Инвеститорите повеќе се засегнати од бирократијата во државава, недостатокот на едуциран кадар како и лошата инфраструктура.
- Концентрирајте се на домашните инвестиции, отпуштете ја монетарната политика и ќе доживеете развој - препорачува Вакнин.
И за крај аналитичарите препорачуваат да не ги чекаме странците, туку да обезбедиме подобри услови за домашните инвеститори. Оваа политика ја практикуваат повеќето европски земји кои ги поттикнуваат домашните компании да инвестираат.
Извор СИТЕЛ...
Ги молам модераторите насловот да го поправат, значи треба да гласи :Да не ги чекаме............
Инаку што мислите за оваа тема???
Мислам дека Македонија премногу се концентрираше на странските инвеститори а ги запостави домашните...
Да биде комедијата уште поголема , многу фајде од овие инвеститори не видовме...Сведмилк, Битолска млекара , ОКТА, ЕВН...
Не дека сум против странски инвеститори туку сум против собирање секаква светска клошарана во земјата само затоа што се странци...
Во крајна линиа без силно внатрешно стопанство тешко се привлекуваат инвиститори како доказ за тоа е и следниот текст:
„Создавајте ваши брендови, наместо да работите за друг“
Коментари (0)
16.05.2009 21:48
Хрватите неколку дена ги скенираа можностите за инвестиции во Велес
За да ја ублажите економската криза создавајте ваши брендови, наместо да работите за друг. Ова е пораката која неколку хрватски бизнисмени им ја пренесоа на своите велешки колеги.
Хрватите неколку дена ги скенираа можностите за инвестиции во Велес. Им се допаднала местоположбата и инфраструктурата со која располага овој град.
Но, она што им паднало в очи се малкуте домашни марки, на сметка на ’лоун производството‘.
„Ако работите само ’лоун‘, тогаш затворете ги фабриките. Морате да направите напор, својата интелектуална работа, знаење и умеење, вредностите кои како народ ги имате, да ги претопите во брендови и да ги пласирате на пазарот, а не само - раченце“, рече Томислав Скоко, сопственик на „Бамби“ - Хрватска.
Хрватските бизнисмени сериозно се заинтересирани да го прошират својот бизнис тука, но откако ќе се ублажи кризата.
Сепак, оние кои веќе инвестирале тука, имаат забелешки на процедурите.
„Морам да бидам искрена до крај, ние имавме проблеми со одредени служби. Не толку за регистрацијата, тоа беше неверојатно брзо готово, фирмата ја регистриравме за три дена, но имавме проблеми со некои служби од кои на почетокот не бевме многу задоволни“, изјави Бланка Крижанец, сопственик на сопственик на фабрика.
Извор: А1