Некој оддамна рече:Да им ја оставиме историјата на историчарите.Секој народ различно ја чита историјата.Доволно е да ја познаваш и да останеш со ладна глава за да ја прочиташ и другата страна.Како ние се акаме од земја за Ацета,така и Грците се акаат од земја.Ако во 2001 имавме конфликт во кој ние се чувствувавме како нападнати,албанското население се чувствуваше како дел од херојски подвиг за подобро утре.Утре кога ќе испаднат делата за војната во Босна,сите три држави ќе се претстават како херои,а ние од страна видовме сосем трето.И се така до недоглед и никогаш нема да се разбереме меѓу себе.
Јас гласам за опција споменик на Тоше Проески од 30 метри на градскиот плоштад наместо Ацета.Оние што погинаа во конфликтот,мора да им се даде обележје,како на едните така и на другите,за да сведочат во иднина за човечката глупост и политичките игри до што доведуваат.Они во гроб,млади,со неродени деца,а двете командни страни во фотеља.Утре пак да се степаме,пак да гинеме,пак да се плукаме и да си ги мериме,ќе ни речат браво!