- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Устоличен езерски крал на ѓубрето
Езерскиот крал го креираа уметниците од Охрид од отпадот кој во акцијата за чистење на Охридското Езеро го собраа четириесетина нуркачи од целата земја
На Градското пристаниште во Охрид вчера беше устоличен езерски крал на ѓубрето. Езерскиот крал го креираа уметниците од "Медија артс" од Охрид од отпадот кој во акцијата за чистење на Охридското Езеро го собраа четириесетина нуркачи од целава земја.
"Ѓубрето не треба да се крие, тоа треба да се извади на виделина, така ќе се соочиме со нашата реалност, така ќе проработи совеста за она што му се прави на Охридското Езеро. Ова е една уметничка креација која треба да ја разбуди еколошката свест", вели актерот и режисер Горан Стојановски.
"Во акцијата за подводно чистење на Езерото собравме околу еден камион отпад. Најдовме шпорети, веце-шолји, делови од мебел. За разлика од минатата година, на езерското дно има помалку отпад, но сe уште го загрозува карјбрежјето", вели меѓународниот инструктор по нуркање Милутин Секуловски
Акцијата за чистење на Охридскот Езеро ја организираа Лајанс клубовите "Лихнидос", "Десаретт", Ротари клубот "Охрид", заедно со Сојузот за подводни спортови на Македонија.
Извор Вест...
http://a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=743
Извор А1...
Искрено ми се наежи косата на главата кога видов што се се извади од дното на Охрид...(бисерот на Македонија)
Уште еднаш покажавме дека сме стока од народ...
Незнам само како ова го толкуваат Градските власти...
И оние задолжени за одржување на езерото...
Замислете само каква е во другите посиромашни и позафрлени места...
Само како пример:
ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ГОСТИВАРСКО, ЗАГРОЗЕНИ 4 СЕЛА
На жители од 4 гостиварски села им е преку глава што сите општини сметотот го фрлаат во депонијата Русино. Мештаните од Симница, Сушица, Долна и Горна Бањица ќе бараат да не се фрла сметот во депонијата поради секојдневните проблеми со кои се соочуваат.
Тврдат дека огромните количества смет го загадуваат воздухот и почвата па така неможат нормално да живеат ниту да се занимаваат со земјоделство.
Жителите се подготвени да го блокираат патот по кој доаѓаат камионите за да го истоварат сметот.
Депонијата Русино се наоѓа на 12 километри јужно од Гостивар и беше отворена како спас за сметот кој го гушеше Тетово.
По интервенција на централната власт беше уреден простор на поранешен ископ на глина.Од тогаш, цели шест години на овој простор се депонира комунален смет од сите полошки општини.
Извор СИТЕЛ...