- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
Косовските здравствени власти се мобилизирани откако 27 годишна девојка почина денеска на Клиничкиот центар во Приштина под сомнеж дека е заразена со вирусот А Х1Н1.
Девојката била задржана на лекување синоќа,со болки во белите дробови и проблеми со срцето -симптоми кои се карактеристични за смртоносниот грип. Според косовските медиуми починатата во родното село Стубла кај Витина пристигнала од Швајцарија.
Ургентниот центар каде што била хоспитализирана девојката е затворен за нови пациенти. Го чуваат припадници на силите за безбедност. Официјално нема потврда дали девојката била заразена со опасниот вирус.
Примероци од крвта веднаш биле испратени во референтна лабораторија во странство. Иако грипот тропа во нашето соседство Владата одлучи да го намали буџетот за оваа намена. Наместо 3 милиони евра колку што побараа експертите, одобри само 800.000 евра. Наместо 100.000 кутии од лекот Тамифлу, ќе набави само 50.000. 150.000 пакувања ќе стоеле резервирани еден месец во компанијата Рош.
Од претставништвото на компанијата Рош велат дека иако се резервирани временски не ја гарантираат испораката на овие 150.000 пакувања поради големата побарувачка во светот. Нема да се набават три- туку само една термо камера за скопскиот аеродром. Затоа пак, ќе се обезбедат средства за дезинфекција, заштитни маски, ракавици, скафандери кои Македонското здравство ги купи уште при појавата на птичјиот грип во светот.
Од домашните производители владата бара енормно да го зголемат производството на антибиотици. Нејасно е зошто и покрај јасното ветување на премиерот Груевски дека ќе биде обезбедено се што ке побараат експертите го намали буџетот за оваа намена, токму кога СЗО објави дека пандемијата е неизбежна.
A1