Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ферги:Руни е фит

wayne-rooney_1017739c.jpg

Ебењe ќе биде :)

Ја,Џену Грл,Томи Девил,Рунис Темпер,Инвинсибл,Манс,Јунајтед Фан,В-Јунајтед сме досега од форумов + таму ќе има уше 20-25 души минимум, лом ќе напраиме.Џену,Томи,Инвинсибл,Јунајтед Фан се чекаме на рекорд у 8 и 15, бива?

п.с некој друг ако доаѓа нека се пријавува.И да, темата до вечер ќе биде отворена.

Бива :), доаѓа и ПараноиК.
 
Ја продолживме и 1001 ноќ :)...до каде е новата тема? кој ќе ја припрема?:helou:
 
Да се прибереме сите дома, ќе биде :))))
 
Потврдено и од официјална страна дека Вес Браун има скршено коска на стапалото и дека ќе отсуствува од 4 до 6 недели и дека најверојатно ќе игра на СП и ќе биде на располагање за Јунајтед!:wink:Сепак не било толку лошо!
 
Odam vo Shencklys skoro sekoj mec, dosta interesno e ima atmosvera .Mislam deka ke e ludnica so Milan .
 
Преглед: Манчестер Јунајтед - Милан:
waynerooney20100216galleryceleb_350x197.jpg

10 Март, среда, 20:45 - 2010
Олд Трафорд, Манчестер

Со една нога во четвртфинале...

Манчестер Јунајтед е фаворитот во пресметката за да помине понатаму т.е. во четвртфиналето по неверојатната победа од 3-2 во Милано. Милан падна на свој терен иако прв поведе со голот на Роналдињо тимот на Фергусон успеа да се врати од негатива и да го дотолчи на Сан Сиро. Со својата супериорност и неверојатна моќ Јунајтед го победи Милан и шансите се многу големи за тој да се најде во четвртфиналето.

Сето ова значи дека веќе Јунајтед е со една нога во четвртфиналето. Манчестер се наоѓа во одлична форма по победата од Милан на Сан Сиро и тие исто така го освоија првиот трофеј после таа победа. Тие ја победија Астон Вила на Вембли во рамките од Карлинг Купот. Во последниот натпревар кој го одигра Јуајтед пред мечот со Милан беше гостувањето на Молинукс стадионото и натпреварот со Вулверхемтпон во кој тие победија со 1-0 и се искачија на врвот на табелата.

И покрај сево ова Јунајтед не треба да го потцени Милан бидејќи во нивниот состав се враќа главниот голгетер Александер Пато кој беше повреден. Минатата година Јунајтед исто се играше со тим од Италија во оваа фаза и тие поминаа понатаму после победата од 2-0 на Олд Трафорд.

Beckham_1515116d.jpg

Дејвид Бекам за прв пат ќе заигра на Олд Трафорд по неговото заминување од Јунајтед

Само чудо може да го промовира Милан во четвртфиналист...

Дејвид Бекам се враќа на Олд Трафорд и за прв пат ќе игра на овој стадион во официјален натпревар за друг тим. Бекам го напушти клубот во 2003 поради несогласувања со Сер Алекс Фергусон и не на настапи на Олд Трафорд со Реал Мадрид и Лос Анџелес Галакси.

Тоа ќе биде емоционалана вечер за англичанецот и тој изјави дека ќе му биде мило за прв пат доколку изгуби Јунајтед. Голото на Сидорф во 85-та минута на Сан Сиро им влева мала надеж на росоњерите.

Милан одигра одлично во Серија А и сега се наоѓаат на само четири бода зад прво пласираниот Интер. Тренерот Леонардо се надева на брз гол на Милан во натпреварот со Јунајтед од страна на младиот бразилец Пато. Милан иако има мали шанси за да помине понатаму тие имаат самодоверба но под условите кој ќе играат на Олд Трафорд поточно пеколната публика на Јунајтед нема да биде лесно.

Тимски новости:
Манчестер Јунајтед:

Менаџерот на Црвените Ѓаволи Сер Алекс Фергусон потврди дека Руни тренирал со екипатаи се наоѓа во компетиција за мечот со Милан. Англискиот репрезентативец го пропушти мечот со Вулверхемптон на Молнукс во кој Јунајтед победи со 1-0. Вес Браун ќе отсуствува од 4 до 6 недели. Најверојатно Руни ќе му биде партнер на Бербатов во нападот додека Рафаел ќе го заземе местот на Невил во првиот тим.

Можен состав: Ван дер Сар, Евра, Видиќ, Фердинанд, Рафаел, Парк, Сколс, Флечер, Валенсија, Бербатов и Руни.

1265479095_5.jpg

И покрај стравувањата дека ќе го пропушти натпреварот со Милан тој се враќа во составот

Милан:
Александре Пато е подготвен за мечот со Милан по пропуштените натпревари од Серија Аи тој најверојатно ќе биде во првиот состав. Во првиот меч со Јунајтед во првиот состав исто така се најде Дејвид Бекам но можеби Леонардо овој пат ќе стартува со Кларенс Сидорф. Бориело ќе биде главен напаѓач во тимот на Леонардо додека од крилните позиции ќе му помагаат Роналдињо и Пато.

Можен состав: Абиати, Бонера, Неста, Тиаго Силва, Антонини, Сидорф, Пирло, Амбросини, Роналдињо, Бориело и Пато.

pato.jpg

Надежта на Милан е во младиот напаѓач Пато

Мотивирани играчи:
Манчестер Јунајтед - Вејн Руни:
Англискиот интернационалец беше дефинитивно најдобриот играч на Сан Сито и го сруши Милан со два погодока во мрежата на Дида. Руни го пропушти натпреваро со Вулверхемптон и би требало да е свже за дуелот со Милан и дефанзивците на Милан ќе имаат тешка задача.

Милан - Александре Пато:
И покрај тоа што Роналдињо е главниот лик во Милан Пато редовно ги тресе мрежите на противниците па затоа се очкува Евра да има тешка задача да го задржи младиот бразилец.

Извор!
 
За празниот стадион целосно се солидаризирам со фановите. Време е да се премине на порадикално ниво ако сакаме ние да влијаеме за евентуална продажба на клубот. Овој меч е одлична можност за тоа.

Одлична вест за Руни, сега разликата во нападот ќе биде знатно подобрена. Инаку Анти-Глејзер флаерите се готови и утре ќе бидат поставени низ целиот паб.

А во фан клуб Милан владее невиден оптимизам и атмосфера, некои се сигурни дека ќе не прегазеле (како и за првата утакмица), еден сонувал дека не тепале со 0-3. И јас да сум на нивно место секако не би бил песимист, ќе верувам во клубот за кој навивам ама секако би бил поумерен во оптимизмот, ама не им се мешам, имаат право на тоа.
 
Утре за во Шенклис носете апарати и бидете во дрес, тренерка, шалче носете, се чекаме најкасно до 8:15 на Рекорд, Рунис Темпер ако не се лажам ќе биде директно таму, кој сака да дојде, нека изволи.

За некој момент ќе почнеме со поставување со темата, затоа што има многу работа, не трчајте да напишете пост колку да ја достигнете вашата нирвана со „Прв сум“ пост, ќе ја средуваме темата бајаги подолго, така да ќе пишете кога ќе ја затвориме оваа, додека не видите клуч тука, тука постирајте. И не е лошо да прочитате што сме напишале и да допринесете за поконструктивни дискусии во наредната тема.
Се надевам на ваше разбирање. :smir:
 
BREAKING NEWS - Цената и печатницата каде ќе се печатат маичките RED ARMY MACEDONIA е договорена, сите што сакаат да имаат ваква маичка утре во Шенклис да кажат бројче кое им одговара за маичките да бидат готови до дуелот со Ливерпул каде ќе се прави спектакл со надеж дека сите ќе бидеме исто облечени :smir:. Цената на една маичка изнесува 200 денари, а дизајнот е следен:во средина ќе има LUHG, горе лево амблемот на клубот а позади ќе пишува RED ARMY MACEDONIA. Кој сака може уште веднаш да плати и ќе биде уредно запишан.

П.С. Шенклис ќе гори утре
 
Утре кој каде се чека, нека ме обавести, сам доаѓам, да не се мкнам ко цреп :icon_lol: ко на средба за осамени срца :pos:

BREAKING NEWS - Цената и печатницата каде ќе се печатат маичките RED ARMY MACEDONIA е договорена, сите што сакаат да имаат ваква маичка утре во Шенклис да кажат бројче кое им одговара за маичките да бидат готови до дуелот со Ливерпул каде ќе се прави спектакл со надеж дека сите ќе бидеме исто облечени :smir:. Цената на една маичка изнесува 200 денари, а дизајнот е следен:во средина ќе има LUHG, горе лево амблемот на клубот а позади ќе пишува RED ARMY MACEDONIA. Кој сака може уште веднаш да плати и ќе биде уредно запишан.

П.С. Шенклис ќе гори утре

Браво браво, браво за потегов! Ќе земам за мене и за татко ми обавезно!

Glory Glory !!!
 
Луѓе оставете ги бе миланезите. Неколку години немаат титула освоено па мора да се надеваат , ама и самите во себе знаат дека ќе го јадат утре на велико:wink:. Добро е што Руни ќе игра и ме радува добрата атмосвера на тренингот. За Браун сега слушам и имаме среќа што Видич и Рио ќе бидат централни дефанзивци па полесно ќе се диши. Целосна подршка од моја страна кон протестот на навивачите за тие лајнарите глејзер да летаат од Олд Трафорд. Пак ќе повторам утре комотно пред ТВ and Let's finish this job. Ако можи подобро да ми се објасни за Шенклис(незнам дали така се вика) Што е тоа? Дали е некој кафич или нешо слично?:smir:
 
BREAKING NEWS - Цената и печатницата каде ќе се печатат маичките RED ARMY MACEDONIA е договорена, сите што сакаат да имаат ваква маичка утре во Шенклис да кажат бројче кое им одговара за маичките да бидат готови до дуелот со Ливерпул каде ќе се прави спектакл со надеж дека сите ќе бидеме исто облечени :smir:. Цената на една маичка изнесува 200 денари, а дизајнот е следен:во средина ќе има LUHG, горе лево амблемот на клубот а позади ќе пишува RED ARMY MACEDONIA. Кој сака може уште веднаш да плати и ќе биде уредно запишан.

П.С. Шенклис ќе гори утре

Одлично е ова... Респект!

Ако можи подобро да ми се објасни за Шенклис(незнам дали така се вика) Што е тоа? Дали е некој кафич или нешо слично?:smir:

Шенклис е паб, кај фонтаната во Парк. Се собираат таму фановите на Јунајтед подолго време.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom