Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Пишува дека сака да игра покрај него:)
Нека доаѓа слободно:)



Руни е наше дете, што го остава срцето во вистинска смисла на терен, ама дека е подобар од меси........не би рекол:toe:

Не ни е потребен воопшто,си имаме ние одлични играчи...

А во што е Меси подобар од Руни?баш ме интересира
 
почни да пратиш фудбал и ќе видиш!

Јас пратам фудбал ама ме интересираше зашто мисли некој дека Меси е подобар од Руни,не велам дека не е подобар ама сакам да ми образложиш кои се тие работи,дали дриблинг,шут,или нешто сосема трето што го нема Руни а го има Меси?
 
Јас пратам фудбал ама ме интересираше зашто мисли некој дека Меси е подобар од Руни,не велам дека не е подобар ама сакам да ми образложиш кои се тие работи,дали дриблинг,шут,или нешто сосема трето што го нема Руни а го има Меси?

па неможе да се изрази тоа така, зошто фудбалерите не се ко на PES па да им се напишани скиловите со броеви и да споредуваш. Меси е многу поразличен, по-посебен од другите играчи по-вешт не е нешто особено пример дриблинг и шут(и покрај тоа што и тоа му е страшно добро), ама има нешто фудбалско во неко што го издвојува не само од руни а и од другите пример роналдо, роналдињо....кога биле во топ форма своевремено!
 
Ван дер Сар е вратен на тренинг и може денес да настапи за резервите, така да најверојатно тој ќе брани на натпреварот со Болтон :vozbud:


Конечно царот да го видиме на теренот,без него сме како без голман..Џабе што Фостер само стои на голот..
 
Конечно царот да го видиме на теренот,без него сме како без голман..Џабе што Фостер само стои на голот..

Фостер е како дрвен Господ,некој пат знае да одбрани колку толку ама многу ретко,се надевам и дека одбраната ке се поправи зашто и таа прави киксови,воошто не личи на ланската одбрана која ја имавме...

Фергусон: Гигс е најдобриот играч во Премиер лигата


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон изјавил дека ветеранот во редовите на "ѓаволите" Рајан Гигс е најдобриот играч во историјата на Премиер лигата.

"Имавме многу врвни фудбалери во Премиер лигата, некои оставија можеби и поголема трага од Гигс, но никој не може да се пофали со таква долготрајност и конзистентност. Тој беше тука и на почетокот на Премиер лигата, а тука е и сега. Мислам дека морате да признаете дека Рајан Гигс е најдобар" - рекол Фергусон.

Сер Алекс вели дека професионализмот и разноврноста во играта на Велшанецот не можат да престанат да импресионираат и дека тој секогаш има една од најважните улоги на теренот.

"Играше многу широко во последните неколку мечеви, бидејќи моментално е многу свеж. Сезоната само што почна и се знае колку може да истрча и колку може да направи во такви позиции. Како сезоната ќе одминува ќе се повлекува кон средината од каде може да ги диктира мечевите" - додал Фергусон.

Рајан Гигс, кој далечната 1990 година дебитираше за Јунајтед, минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата.

:pipi:

Каква изјава на самобендисаниот

Адебајор и понатаму сам против сите: Да играв, Јунајтед немаше да не победи


Емануел Адебајор како да го загуби разумот откако потпиша за Манчестер Сити. Дотогаш многу коректниот фудбалер во неколку ситуации веќе покажа неспортско однесување, а поради тоа одработува и казна од три натпревари неиграње.

Но и во моментите на присилен одмор Адебајор има потреба нешто да каже.

"Јунајтед не ја заслужи победата. Сигурен сум дека ќе бев стрелец да играм." - нагласил Тогоанецот две недели, откако Манчестер Јунајтед го совлада Сити во трилер меч со 4-3.

Напаѓачот на меч не настапи бидејќи коло претходно дивјачки му се нафрли на поранешниот соиграч Робин ван Перси. Покрај тоа погодокот против Арсенал го прослави директно провоцирајќи ги поранешните навивачи со гестови.

Ах што прават тие пари,ти го поматуваат умот :tapp:
 
i-lold.jpg
 
Добро е што Вандесар се вратил на тренинзите ,навистина мислам дека Фостер си ја погрешил професијата за се можда го бидува ама за голман врска нема,па се надевам дека за следниот натпревар В.Д.С ќе биде наголот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom