Вицеви за Тито

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
121
Темава е наменета за вицеви поврзани со ликот и делото на Јосип Броз Тито. За почеток еве неколку од мене:

Американски лекари на пат до Југославија посетиле една болница. Лекарите дошле во лекарско одело, а сите болни викаат:
- Да живее Тито!
Само еден молчи.
- Зошто не викаш ти? – го прашуваат лекарите.
- Јас не сум луд, јас сум болничар.
****************
За време на еднопартискиот систем учителката го прашува Ивица:
- Ивица, кој е најголемиот војник за кој воопшто си чул?
- Јосип Броз Тито – одговара Ивица.
На тоа учителката вика: - Седи, петка.
Ивица седнува, од под клупата скришум извлекува една слика, ја погледнува и шепоти:
- Извини Рамбо, ама кариера си е кариера!
****************
Професорката по историја го прашува Ивица:
- Што било после титовата смрт?
- Погреб, што би можело да биде – одговара Ивица.
********************************
Некоја жена ги поставила на ѕид сликите на Тито и Сталин, а помеѓу нив ставила крст.
- Тоа не оди едно со друго – и рекла една пријателка.
- Како не оди. И на Голгота Исус висеше меѓу двајца разбојници.
***************
Го прашале Ричард Бартон:
- Како дојде до тоа да го глумите Тито?
- Ми здодеа да глумам карактерни улоги.
 
hahaha:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Доаѓа човек на “Трг Републике”, а на плоштадот гледа редица од црни застави. Човекот се приближува до полицаецот и го прашува:
- Зошто се црните застави?
- Умре другарот Тито.
Оди човекот на пазар, се шета, се враќа на плоштадот и повторно прашува:
- Зошто се црните застави?
- Умре другарот Тито.
Оди човекот до железничката станица, се шета, се враќа на плоштадот и повторно прашува:
- Зошто се црните застави?
- Па човече, по трет пат ви викам: Умре другарот Тито.
- Да, но што убаво е да се чуе тоа :)
****************
Знаете ли дека Радио Загреб ја дало најкратката вест за смртта на Брежњев?
- ?!?
- Изјавило: денес во Москва е минус ЕДЕН.
*******************
Група лекари го посетуваат Андрија Артуковиќ и го прашуваат:
- Имате ли г-дине Артуковиќ некои нови здравствени проблеми?
- Имам, неможам да спијам поради Тито.
- А зошто поради него?
- Секогаш ми доаѓа на сон и ми пее: “Не дај се генерацијо!”
******************
Се сретнале Тито и Реј Чарлс, па Реј Чарлс го прашува Тито:
- Како е друже Тито?
- Како што гледаш.
*****************
Зошто Туѓман имал крива уста?
- Бидејќи спиел со јадицата на Тито.
 
Најпопуларниот виц/анегдота за кој своевремено се лежело и затвор бил со Тито и неговиот возач кога Тито му вика: Давај лев трепкач, врти десно! :smir:
Вицот на сликовит начин ја прикажува "неутралнатa" политика на Југославија во титово време.
 
Се вози Тито со воз, и возот наеднаш застанува. Излегува Тито и оди кај машиновозачот и го прашува:
Зошто возот застана?
Па немаме повеке пруга, одговорил машиновозачот.
Брзо викајте ја младината да направат пруга, рекол Тито.
 
И легендарната анегдота на Минимакс
Устадо ја у Загребу сви усташе... :vozbud:
 
Отишол другарот Тито во посета на една фабрика и го прашал работникот колку железни ваљаци произведува дневно:
- Пет другар Тито.
- Само пет, па ја би направил најмалку триесет на ден.
- Вие би направиле другар Тито, вие сте бравар, а јас сум дипломиран екоnomist
 
Се вози Тито со воз, и возот наеднаш застанува. Излегува Тито и оди кај машиновозачот и го прашува:
Зошто возот застана?
Па немаме повеке пруга, одговорил машиновозачот.
Брзо викајте ја младината да направат пруга, рекол Тито.

Има вицот продолжение.
Дошол Милошевиќ на власт и прашува зошто возот застанал.
Па немаме повеке пруга, одговорил машиновозачот.
Брзо вадете ја пругата од зад нас и ставајте ја пред возот.

На крај дошол Тадиќ на власт и возот пак застана. Прашува тоја машиновозачот вели немаме повеке пруга.
Лулајте го возот да мисли народот дека се вози рекол Тадиќ :pos2:
 
Зошто Туѓман имал крива уста? (II дел)
Играле Тито и Јованка тенис, а во гледалиштето седеле некои генерали на ЈНА. И така во жарот на спортската игра Тито направил една дилетантска грешка и Јованка добила сет. Во тој миг некој од публиката хистерично се насмеал, а Тито му рекол: Пичка ти мајчина, ако само уште еднаш се насмееш, ќе те удрам со овој рекет среде фацата такашто устата цел живот ќе ти остане крива!!!
********************
Дошол зајак во продавница и прашал дали има моркови.
Продавачот му одговорил: Нема, дојди утре.
Утрината зајакот повторно доаѓа и прашува дали има моркови, а продавачот му одговорил дека нема и да дојде утре.
И сè така секој ден доаѓал зајакот и на продавачот му здосадило веќе и му рекол:
- Ако уште еднаш дојдеш, ќе те обесам на ѕидот!
Дошол зајакот следниот ден и повторно прашува дали има моркови, а продавачот го фатил и го обесил на ѕид. Зајакот забележал дека на ѕидот висела слика на Тито и му се обратил:
- Е, мој друже Тито, и ти ли бараше моркови што те обесиле?!?
********************
Која е разликата помеѓу студенти и црви?
Студентите викаат: “ние сме титови”, а црвите викаат: “Тито е наш!”
********************
Се шетал Тито после војната во земјата и видел еден селанец како ора со волови и со дрвен плуг. Тито им наредил на неговите да му купат на човекот трактор со сите можни приклучоци, а кога селанецот слушнал за тоа вика:
- Па господине, кому да му се заблагодарам за тој убав подарок?
Некој од придружбата му одговорил:
- На оној за кого си се борел во војната!
Селанецот возбуден извикал:
- Леле, Дража, извини не те препознав!
 
На училиште децата пишувале состав на тема: 45 години мрак под Тито. Малиот Перица завршил за 5 минути и излегува надвор. Учителката го прашува: - Каде Перица?
- Јас завршив - кажува Перица.
Учителката го отвора дневникот, а Перица вика: Да му ја ебам мајката на тој што запали светло!
********************
Се вози другарот Тито во лимузина, а зад него оди фиќо во кое се Мујо и Хасо. Оди Тито, врти тој на лево, Мујо и Хасо зад него, врти Тито десно, тие пак зад него, оди назад Тито, тие пак зад него. Каде што ќе одел Тито, овие двајца го следеле. Се разлутил Тито, се паркирал, излегол од лимузината, а Мујо и Хасо од фиќото.
- Добро, вие двајца зошто постојано ме следите?
Мујо и Хасо на тоа одговориле: “Друже Тито ми ти се кунемо, да са твога пута не скренемо!”
**********************
Се возеле другарот Тито, Крчун, Ранковиќ и уште неколку коли низ Косово.
Одеднаш пред автомобилот се испречило некое магаре и не сакало да се помрдне. Присутните се дереле, викале по него, но ништо, магарето си стоело и не мрда. Излегол Тито од колата, му шепнал нешто на магарето на уво, а магарето се тргнало и почнало да бега како улаво. Задоволните набљудувачи го прашале Тито што му рекол на магарето, а тој само молчел. Најпосле (бидејќи биле многу упорни) им одговорил:
- Па, му реков, ако веднаш не се тргне од патот, ќе го зачлениме во партија!
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][SIZE=-1]Ulazi Tito u fliperanu, kupuje žeton i odlazi do slobodnog flipera.

Počinje da igra, i ne da mu ide, nego ono... Odlaze kugle jedna za
drugom, ali i milioni poena se skupljaju. Petu, poslednju kuglu igra
već 15 minuta, skupio 300 miliona poena, razbija ga. Medjutim,
prolazi mu i poslednja kugla, on sav besan reće: 'Pu majku ti bozju',
i šutne drvenom nogom u fliper.

Fliper počinje da otkucava, Titu graške znoja klize niz umorno lice,
kibiceri u transu, napetost na vrhuncu, devojčice svrsavaju, još malo... svi cupkaju od nestrpljenja, ekstaza... iiii....uuuuu...
iiiii... YESSSSSSSSS.... DOBIO JE !!!

U tom trenutku celom fliperanom se zaori: TITO-PARTIJA, TITO-PARTIJA!!![/SIZE][/FONT]
 
Има вицот продолжение.
Дошол Милошевиќ на власт и прашува зошто возот застанал.
Па немаме повеке пруга, одговорил машиновозачот.
Брзо вадете ја пругата од зад нас и ставајте ја пред возот.

На крај дошол Тадиќ на власт и возот пак застана. Прашува тоја машиновозачот вели немаме повеке пруга.
Лулајте го возот да мисли народот дека се вози рекол Тадиќ :pos2:
Јас го знам поинаку: на местото од Милошевиќ е Бранко, а на местото од Тадиќ е Груевски. Мислам дека вака далеку повеќе одговарат.
 
Мујо и Хасо сакале да се зачленат во КПЈ па отишле во комитетот и влегуваат еден по еден, прв бил Мујо. Внатре седел еден службеник и испрашувал.
Мујо: Би сакал да се зачленам во Партијата.
Службеникот: Добро, кој ти е татко?
Мујо: Ибро.
Службеникот: Која ти е мајка?
Мујо: Фатима.
Службеникот: Неможеш ти во Партијата. Ако сакаш да се зачлениш во Партијата татко ти е Тито, а мајка Партијата.
Излегол Мујо и му кажал на Хасо: Ако те праша кој ти е татко, кажи Тито, а мајка Партијата.
Влегува Хасо и вика: Би сакал да се зачленам во Партијата.
Службеникот: Добро, кој ти е татко?
Хасо: Тито.
Службеникот: Која ти е мајка?
Хасо: Партијата.
Службеникот: Добро е. Ама тоа да не ти го кажа овој што излезе пред малку?
Хасо: Не. Е*и ми и татко и мајка ако лажам.
**********************
Во текот на битката на Сутјеска, дотрчал курирот во Главниот Штаб:
- Друже Тито, загина Сава Ковачевиќ!
Тито погледнал во часовникоти зачудено рекол:
- Е богати, зарем веќе е пладне?
*********************
Посетувајќи ги затворите, другарот Тито наишол на Циго.
Тито: Зошто си ти Циго во затвор?
Циго: Кажував вицеви за тебе, друже Тито.
Тито: Ајде кажи еден виц, ама да не е поврзан со мене, па ќе наредам да те пуштат
Циго: Добро. Знаеш ли дека Јованка е во друга држава, ама не е во врска со тебе..
*********************
Другарот Тито и Кардељ биле на една конференција во Кина. Преведувачот им се претставил:
- Добар ден, јас сум Фау Чен Ли, што во превод би значело Син На Седум Татковци.
Кардељ му дошепнал на Тито: Нели ти реков дека неможе да биде толку жолт само од две јајца?
 
Се возеле во авион Реган, Брежњев и Тито. После некое време Реган ја испружил раката низ прозорецот од авионот и рекол:
- Во моментов летаме над Калифорнија.
- Како знаеш? – го прашале Брежњев и Тито.
- Ја познавам благата клима на Калифорнија.
После извесно време, Брежњев рекол:
- Сега летаме над Сибир.
- Како знаеш? – го прашале Реган и Тито.
- Острата сибирска клима секој ја знае.
Кратко време после тоа, Тито извикнал:
- Сараево, Баш Чаршија!
- Па од каде знаеш толку прецизно?!? – го прашале Реган и Брежњев.
- Па, мајку ли им божју, ми го украдоа сатот!!!
*******************
После војната Тито се шетал по улиците и сретнал една стара жена и и’ рекол:
- Смрт на фашизмот, бабо!!!
Бабата му одговорила:
- И на тебе синко, и на ТЕБЕ!
********************
Битка на Неретва, глад, умор, сите се собрале на едно место.
- Другар Тито, имаме некои сендвичи, што да правиме со нив?
- Поделете им ги на ранетите.
- А ние што ќе правиме?
- Штом ја преминеме Неретва, одиме кај Гојко на пиво и печеници.
**********************
Графит на еден ѕид во Белград: “Додека Браварот ни беше претседател, сите врати ни беа отворени”
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom