Некој рече дека парите се залудно потрошени, но се лаже. Треба да се знае дека и во турско кога на Македонецот му било најтешко и кога немал што да јаде, ја давал и последната пара за да излее камбани за црквите, за да се чуе дека опстојува, за да покаже дека постои и дека никој не може да го скрши. И што е проблемот што ќе се леат надвор во странство, па нели се радувате кога некој странец ќе даде нешто во Македонија да се прави. Се сеќавате ли дека фирма од Прилеп ги правеше носечките конструкции на олимпискиот стадион во Атина за олимписките игри? Зошто толку сега оваа врева? Од кога станавте толку чесни плаќачи на данок па почнавте и да се грижите за вашите пари. Точно се знае конкретната намена и намера со поставување на овие споменици на културата. А културата и во најголемите кризи мора да опстојува, зошто таа е еден дел од севкупното живеење на еден народ и има големо влијание за неговото опстојување. Нам тоа ни треба сега во ова време и покрај тешката реалност. Дај боже што поскоро да ги видиме поставени.